Сочен и брз колач

0
522

Состојки:

120 г путер
50 г шеќер
100 г кафеав шеќер
2 лажички екстракт од ванила
1 јајце
1 жолчка
200 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 шолја сечкано чоколадо
Малку сол

Приготвување:

1. Путерот стопете го, па додадете му го шеќерот, кафеавиот шеќер и екстрактот од ванила. Почекајте состојките да се соединат и тргнете ги од оган.
2. Нека се лади околу пет минути, а потоа додадете ги јајцето и жолчката.
3. Додавајте ги постепено брашното, прашокот за пециво и малку сол. Кога овие состојки ќе се спојат, додадете парченца чоколадо и ставете ја смесата во сад за печење.
4. Печете на 180 степени околу 20 минути.