Сончевиот витамин – нов медицински хит во лекувањето и спречувањето на бројни болести

Суплементите на витамин Д можат да помогнат во борбата против ракот, особено ракот на дојки и на дебело црево, а пред повеќе од една деценија беше развиен и третман-протокол со висока доза на витамин Д3 од страна на бразилскиот невролог и професор Цицеро Гали Коимбра, за забавување на мултиплекс склерозата.

0
822

Позитивното влијание на витаминот Д3 на здравјето и на јачината на коските, имунитетот, како и неговата улога во превенцијата на некои облици на рак, е добро позната и документирана. Но листата на благотворни дејства на овој витамин е многу поширока.

Витаминот Д е еден од најважните хранливи состојки кои се потребни за нашето тело да функционира нормално. Најчесто овој витамин се добива преку сончевата светлина, но приказната за него е многу покомплексна. Се проценува дека повеќе од една милијарда луѓе ширум светот имаат ниски концентрации на витамин Д.

Неговите позитивни ефекти се подеднакво важни за сите форми на живот на Земјата.

Најдобар начин да дознаете дали внесувате доволно витамин Д или пак не, е да направите анализа на крвта. Раните симптоми на недостаток на витамин Д се многу суптилни па можеби нема да бидете свесни дека не внесувате доволно витамин Д. Стручњаците препорачуваат да се посоветувате со лекар околу земањето на суплементи на витамин Д.

Вегетаријанците и веганите се изложени на нешто поголем ризик, но и голем процент на луѓе шурим светот страдаат од недостаток на овој витамин.

Инаку, суплементите на витамин Д можат да помогнат во борбата против ракот, односно, против ширењето на канцерогените клетки, а особено кај ракот на дојки и на дебело црево.

Овој витамин природно е присутен во малку намирници, па така, со витамин Д се збогатени млечните производи, а го содржат јајцата, сардините, рибиното масло, пилешките џигерчиња и масната риба.

За жал, по природен пат нема начин да го добиеме во довопни количини, особено во зима.

Според познавачите, дневните потреби за витамин Д се поголеми од она што медицината го кажуваше до скоро.

Во прегледот на дури 37 клинички студии докажано е дека 10.000 IU единици витамин Д3 секојдневно, во текот на долг временски период нема да предизвика никакви нус појави. После исклучително долго изложување на сонце, теоретски сме способни да произведеме дури 150.000 IU витамин D3, а тоа зборува доволно за неговата безбедност.

Земањето на суплементи може да биде корисно при автоимуни и онколошки болести, мултиплекс склероза, дијабетес, хипертензија, …

Пред повеќе од една деценија беше развиен и третман протокол со висока доза на витамин Д3 од страна на бразилскиот невролог и професор Цицеро Гали Коимбра, за забавување на мултиплекс склерозата.

Американскиот институт – Department of Psychiatry, Wright State University School of Medicine во Дејтон, Охајо, на 3 јануари годинава, објави студија за добробитта од поголеми дози и безопасноста од овој витамин.

Фото: Pixabey