Совети и трикови за секогаш сочен бисквит 

0
490

Сочно е магичен збор кога станува збор за бисквитот за колач. Но понекогаш, дури и кога потполно го следите рецептот а дали е печен проверувате со чепкалка за заби, како што е редот, средината на бисквитот е и натаму влажна или пак, доколку не е, тогаш се пресушува.

Стариот начин на проверка на бисквитот со помош на дрвена чепкалка не е целосно сигурно од едноставна причина што за некои колачи не важи истото праввило, односно, дека треба да се печат се додека чепкалката со која ќе го боцнете тестото не излезе од него сосема сува.

Некои колачи се готови дури и ако на чепкалката остануваат остатоци од тестото. На пример, тоа е случај со чоколадниот и со колачот од моркови. Ако ги печете овие колачи се додека чепкалката не излезе од нив сосема сува, на крајот ќе добиете сув и тврд колач. Затоа е најдобро да користите термометар и да ја следите тенмпературата во рерната, а колачот да го печете според упатствата во рецептот. Избегнувајте ја проверката на температура во рерната премногу рано, затоа што тоа може да влијае врз растењето на бисквитот. Наместо тоа, неколку минути пред да истече времето за печење кое е назначено во рецептот, запалете го светлото во рерната и полека ѕирнете каква е ситуацијата.

Потемна боја на бисквитот и допирањето на средината на бисквитот со прст (после што тој целосно се врати назад) се совршен идикатор дека е време за термометар. Кај колачите како што е чоколадниот колач без брашно, колачот од моркови и ред велвет тортата, треба да се постигне темнпература од 93 степени. А кај колачите како што е куглофот, температурата што треба да се постигне е 100 степени Целзиусови.