Совети за исхрана за спречување на ракот: Следете го виножитото!

Кога јадете за да превенирате болести, најдобриот здравствен совет што може да го следите е „да го следите виножитото“, што значи дека треба да вклучите колку што е можно повеќе шарени намирници во вашата исхрана.

0
603

Според д-р Џон Сако, радио-онколог со сертификат во интегративната и холистичката медицина, без оглед на тоа како вашата исхрана изгледа денес, постојат неколку едноставни промени што можете да ги направите за да ги намалите шансите за развој на рак.

Дали знаевте дека она што го јадете секој ден може да влијае на ризикот од развој на одредени видови на рак? Според Американското здружение за рак, околу една третина од сите смртни случаи поврзани со рак во САД се поврзани со исхраната и вишокот килограми, заедно со неактивноста, вели тој.

Исто така, здравата исхрана базирана на растителни видови, може да им помогне на оние кои се во ремисија од рак, да го спречат повторното појавување на оваа хронична болест.

Еве неколку предлози за подобрување на вашата исхрана и намалување на ризикот од рак или на ракот:

Јадете повеќе растенија и помалку животни. Иако ниту една единствена храна не може да го спречи или да се бори против ракот самостојно, истражувањата покажуваат дека зеленчукот и овошјето штитат од голем број видови на рак, бидејќи ги содржат витамините, минералите и антиоксидантите кои ги одржуваат нашите тела здрави и го зајакнуваат нашиот имунолошки систем.

Тие исто така се добар извор на фотохемикалии, кои помагаат да ги заштитиме нашите клетки од оштетување што може да доведе до рак.

Постојат многу начини за додавање на повеќе растителни производи на вашата исхрана.

Еден убав визуелен потсетник за здрава порција е онаа со најмалку две третини цели зрна, зеленчук, грав или овошје. Млечните производи, рибата и месото треба да заземат не повеќе од една третина од порцијата.

Избегнувајте рафинирани јаглени хидрати. Јаглехидратите помагаат во поквалитетното функционирање на нашите тела, а особено на мозокот, па затоа нивното елиминирање од вашата исхрана, како што многу често се прави во диетите, не е секогаш здраво. Сепак, важно е да се избегнат пречистените јаглени хидрати направени со бел шеќер, бело брашно, бели тестенини, бел ориз и концентрирани овошни сокови. Можете да ги добиете јаглехидратите што ви се потребни за да го наполните вашето тело преку зеленчукот и овошјето, бидејќи тие се полни со влакна и истражувањата укажуваат на тоа дека диетите со висококвалитетни влакна го спречуваат ракот и ја промовираат контролата на телесната тежина.

Зголемете ја вашата потрошувачка на омега-3 масни киселини. Сѐ поголем број на истражувања сугерираат дека омега-3 масните киселини може да го намалат ризикот од рак и да помогнат во лекувањето на одредени видови на рак. За добро здравје, треба да се јаде повеќе храна што содржи омега-3 како масна риба, рибино масло, ореви, морска храна и спанаќ, и избегнувајте храна со омега-6 масни киселини кои често се наоѓаат во маслата, во брзата храна, во процесираните грицки и во колачите. Бидејќи многу видови на рак се поврзани со хронично воспаление, зголемувањето на потрошувачката на омега-3 масни киселини е важно бидејќи го намалуваат воспалението во телото.

Следете го виножитото. Кога јадете за да превенирате болести, најдобриот здравствен совет што може да го следите е „да го следите виножитото“, што значи дека треба да вклучите колку што е можно повеќе шарени намирници во вашата исхрана. Прекрасните бои на зеленчукот и овошјето се резултат на антиоксидантите, кои го штитат нашето тело од оштетувањата на слободните радикали и градат штит околу нив, такашто не можат да ги оштетат клетките во нашите тела, што може да предизвика рак и други хронични заболувања.

Додека е невозможно да се спречи акумулирањето на слободните радикали, со јадењето на повеќе целовити намирници можеме да ги позајмиме нивните антиоксидантни суперсили за намалување на болестите и стареењето.

Фото: Pixabey