Спанаќот сепак, смее да се подгрева

0
388

Своевремено EUFIC предупредувал дека спанаќот и другиот темнозелен лиснат зеленчук во текот на подгревањето развива нитрозамини, потенцијално канцерогени состојки и предизвикувачи на таканаречениот синдром на плаво бебе до кое доаѓа поради недостаток на кислород во крвта.

Откако британски Индепендент пишувал за нивниот совет, овој напис стасал и до медиумите во Хонгконг, а еден студент се загрижил затоа што неговата мајка наеднаш престанала да ги подгрева јадењата од зеленчук од страв дека поради тоа ќе заболи од рак.

„Ѝ реков дека не треба да обрнува внимание на такви написи. До рак на дебело црево доаѓа токму поради тоа што луѓето не јадат зеленчук“, напишал тој во мејлот упатен до Индепендент.

„Не ми веруваше, како ни останатите членови на семејството. Мислев на тоа дека многу луѓе ќе ги сменат своите навики заради тој напис и дека тоа може да доведе до проблеми“.

Алберт тогаш поднел „низа обвинувања“ против хонгконгшкиот весник кој го пренел текстот, но оттаму ја префрлувале одговорноста на Индепендент.

Не дозволувајќи ова да го попречи во остварувањето на целта, студентот се обратил од британскиот весник, велејќи дека е „шокирам“ од нивниот текст и ги отфрлил сите докази против подгревањето на спанаќот како „глупост“.

Тогаш Индепендент го упатиле на сајтот на EUFIC.
Повеќето луѓе во тој момент би се откажале но не и Алберт. Тој им испратил детална аргументација заедно со табеларен приказ.
Од EUFIC му одговориле дека ја отстраниле таа препорака и дека го ценат неговото време и коментарите, кои ќе ги земаат предвид при подготвувањето на други написи и препораки на таа тема“.

Од Советот признаваат дека на инсистирање на Алберт го отстраниле застарениот напис и објавиле дека „со адекватно чување и претходно ладење, подгревањето на спанаќот не е опасно“.

Ви пренесуваме дел од писмото на овој студент кој го сменил ставот на Европскиот совет за информации за храна:

„Нитратите во храната можат да бидат претворени во нитрити во присуство на некои ензими и бактерии. Нитритите реагираат со аминокиселините и така формираат нитрозамин во одредени околности, како што е кисела средина и восики температури“.
Точно е дека до такви реакции теоретски може да дојде со подгревање на спанаќот. Меѓутоа, вашиот текст ја генерализира оваа појава и заклучува дека читателите треба да реагираат проактивно.
Дали можете да го објавите изворот на истражувачката работа која го тестирала нивото на нитритот/нитрозамин во остатоците од храна кои поминале 24 часа во фрижидер? Мој главен аргумент е дека виостински експерименти не се изведувани и дека нема доволно докази за да им се препорача на луѓето да го сменат начинот на живот. МНогу луѓе ги подгреваат ручеците на работа. Треба да знаете дека токсикологијата не се занимава само со присуството на „штетни“ супстанции, туку и со дозите! Се сложувам дека нитратите можат да се претворат во нитрити во присуство на одредени бактерии. Меѓутоа количината на нитрити која е присутна во време на варењето е она на што треба да се обрне внимание, а не само нивното присуство во храната“.

Накусо, уверувањето дека спанаќот не треба да се подгрева имаше медицинска основа, затоа што тој во текот на растот апсорбира значајни количини нитрати од земјата. Тие не се причина за загриженост, но во одредени услови микроорганизмите го претвараат нитратот во нитрит, на пример, ако подготвениот спанаќ стоел подолго време на собна температура. Ако дојде до реакции на нитритите и протеините, настануваат штетните нитрозамини кои можат да предизвикаат рак. Сега стручњаците советуваат подготвениот спанаќ да се покрие и веднаш штом се подизлади да се стави во фрижидер. И секако, да не се подгрева повеќе од еднаш. Важно е да го подгреете брзо, наместо да го држите долго на топло. На тој начин ќе го спречите претварањето на нитрати во нитрит.