Стек од мисирка со топчиња од тиква

Есен е и тиквите едноставно не смеат да се пропуштат. Консумирајте ги во сите варијанти. Ова е одлична комбинација со избалансирана количина на месо и зеленчук

0
427

Состојки:

Неколку листови кељ
1 помала тиква
Стек од мисирка (во зависност од бројот на порции прилагодете го бројот на стекови)
Сол, бибер
1 павлака
Неколку лажици сенф
Мускатно оревче
Малку мајчина душица
Неколку лажици свинска маст, путер или маслиново масло

Приготвување:
1. Испечете ја тиквата. Обично се потребни околу 30 минути. Кога ќе се испече од средината извадете со помала лажица за сладолед топчиња кои ќе послужат за украсување но и како гарнир.
2. Додека тиквата се пече, намачкајте ги стековите со сенф и зачинете ги со бибер и со изрендано мускатно оревче и оставете ги да отстојат околу 10 минути.
3. Листовите кељ од кои ќе ја отстраните дебелата жила, сварете ги накусо, но не ги преварувајте за да ја задржат зелената боја.
4. Во тавче ставете по свој избор, свинска мас, путер или маслиново масло и пропржете ги стековите, а потоа ставете ги на страна.
5. Во истото масло додадете ја павлаката, изрендајте малку мускатно лоревче и додадете уште малку сенф, па измешајте и додадете ги топчињата тиква но внимателно за да не се здробат.
6. На чинија ставете ги листовите кељ, а одозгора стековите кои ќе ги прелиете со приготвениот прелив. На крајот наросете малку мајчина душица.