Студиите откриваат: возрасните лица се преоптоварени со опасни лекови

0
273

Луѓето не биле никогаш толку зависни од лекови колку што се тоа денеска.

Секој од нас познава барем една повозрасна личност која секој ден зема „цела рака“ лекови. Се повеќе луѓе пијат лекови за притисок, дијабетес, холестерол, срце, атеросклероза …

Некои, со оглед на тоа што и не спијат добро, овие лекови ги комбинираат и со пилули за смирување. И на тоа му нема крај.

За да биде уште полошо, многумина посегаат и по лекови кои се издаваат без рецепт и ги земаат на своја рака.

Зошто толку ги оптоваруваат старите лица со лекови кога се знае дека промената на исхраната и стилот на живот може да реши бројни тегоби, дури и оние хроничните?

Бидејќи човековиот организам не е „дизајниран“ за вештачки материи како што се лековите, не е ни ќудо што повозрасните лица и покрај сѐ поголемиот број медикаменти кои би требало да им обезбедат подобар квалитет на животот, се чувствуваат – сѐ полошо.

Дали земате повеќе од 5 лекови дневно?

Кога еднаш ќе почнете да земате лекови, со време. Заради нус појавите вашето здравје уште повеќе ќе се наруши па вашата мала домашна аптека ќе се наполни со нови лекови. А колку повеќе лекови пиете толку нивното дејство е помало, велат стручњаците.

Факт е дека дури 50 отсто од популацијата на возраст од 57 до 85 години зема пет или повеќе лекови што е опасно за нивното здравје не само заради нус појавите туку и заради меѓусебното дејство на тие лекови за што многу малку се знае.

Проблемот е во тоа што на постарите лица лекови им препишуваат повеќе лекари специјалисти, кои меѓусебно не се во контакт па и не знаат кои други лекови тоа лице веќе ги зема. Се разбира, тоа е опасно!

Познатиот алтернативен лекар Др.Меркола пишува: „На секоја возрастна група ѝ се заканува ризикот да ѝ биде дијагностицирана состојба која всушност и не постои, а последица од тоа е препишување на лекови кои на тие лица всушност воопшто не им се потребни“.

Земањето повеќе од 5 лекови на ден, што стручно се нарекува полипрагмазија, во Америка е петта причина за смртта и е причина за речиси 30 отсто од болничките лекувања. Ситуацијата не е подобра ниту кај нас. Една студија покажала дека 44 отсто повозрасни лица пијат барем еден лек кој воопшто не им е потребен.

Врската помеѓу долготрајното земање лекови и деменцијата

После низа години земање лекови не е редок случај лицето да развие деменција или Алцхајмерова болест, која доведува до нагли промени на расположението и постепено губење на помнењето.

Таа прогресивна болест се покажува и преку проблемите кои заболениот ги има во извршувањето на секојдневните задачи, заради што често станува целосно зависен од туѓата помош.

Тажен е и фактот дека на такви лица им се препишуваат опасни лекови. Така на пример, во Америка не е реткост на луѓето кои боледуваат од Алцхајмерова болест и деменција во старските домови лекарите да им препишуваат антипсихотици, кои по правило би требало да им се даваат само на лица заболени од шизофренија или некои други тешки ментални пореметувања.

Антипсихотиците во овој случај се издаваат само заради „контрола на однесувањето на тие лица“.

Но на кутиите на овие лекови јасно стои предупредувањето: На повозрасните пациенти со деменција кои земаат антипсихотици им се заканува поголем ризик од смрт!“

Непотребно препишување опасни лекови

На постарите лица сѐ почесто им се препишуваат и антидепресиви, иако нема нужна потреба за тоа.

Исто така, сѐ почесто наместо ибупрофен и други аналгетици, им се препишуваат опиоиди против болки, но зад тоа се крие цела индустрија која од тие лекови остварува голема финансиска добивка.

Освен што зачестеното користење на опиоиди на пациентите не им носи долгорочна добробит за здравјето, тоа значително го зголемува ризикот од зависност. А заради злоупотребата на тие лекови сѐ почести се и смртните случаи.

Совет

Единствен начин да си помогнете е да го унапредите своето здравје на природни начини, а кога станува збор за лекови, држете се до она – помалку е секогаш повеќе!