Супа од батат и јаболка

Слаткиот компир е одличен извор на витамини А, Ц и манган, а во оваа комбинација, иако е малку необична, сигурно ќе уживате.

0
685

Состојки:

1 излупен и исечкан батат
2 излупени и исечкани јаболки
3 лажици маслиново масло
½ главица исечкан кромид
½ лажичка цимет
¼ лажичка ѓумбир
Сол, црн пипер
4 шолји вода

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200°C. На тепсија за печење ставете хартија, наредете го бататот, поросете го со цимет и прелијте го со 1 лажица масло и печете околу 20 минути.
Во меѓувреме ставете ги јаболките во вода и варете додека не омекнат, околу 15 минути. Тргнете ги од оган.
Загрејте масло во тавче и додадете го кромидот па динстајте околу 2-3 минути. Додадете ја водата, јаболките и бататот и варете се заедно околу 5 минути. Со миксер измешајте додека смесата не стане компактна. Зачинете со сол и со црн пипер, варете уште 5 минути и послужете.