Супа од диња

Дињата може да биде одлична состојка на летна супа.

0
109

Состојки:

Диња

Краставица

Кромид

Сол, црн пипер

2 лажици вода

½ шолја маслиново масло

Свежи ливчиња нане или магдонос

Приготвување:

Излупете ја дињата, исечете ја на парченца и ставете ја во блендер. Додадете една помала исечена краставица, 2 лажици рендан кромид, лажичка сол и 2 лажици вода.

Мешајте се додека не добиете компактна смеса па додадете пола шолја маслиново масло. Зачинете со сол и со црн пипер.

Послужете со ливчиња свежо нане или магдонос.