Супа од леблебија

0
496

Состојки:

500 г леблебии

1 шолја масло

1 главица кромид

1 лажица сода бикарбона

1 лажица брашно

Сол, бибер

Сок од 1 лимон

Приготвување:

  1. Потопете ги леблебиите во вода претходната вечер. Исцедете ги, додадете сода бикарбона и оставете ги да отстојат околу половина час.
  2. Исплакнете ги, ставете ги во тенџере и налејте доволна количина на вода. Кога водата ќе зоврие, тргнете ја пената, додадете го кромидот исечен на тркалца, додадете бибер, сол и зејтин, па оставете да врие на тивок оган.
  3. Пред крајот додадете брашно претходно разматено во сок од лимон и оставете да врие уште ма,лку.
  4. По желба во супата можете да додадете и малку ким.