Супа од печена тиква и јаболкa

0
440

Оваа супа е направена од плодови кои едноставно го одбележуваат ова годишно време и е вистински предизвик за сите љубопитни гурмани.

Состојки:
1.5 кг исчистена и излупена тиква
4 јаболкa
6 шолји пилешка или супа од зеленчук
сол, бибер
¼ шолја маслиново масло
1 лажица сечкана жалфија
1/3 шолја печен лешник (ситно сечкан)
2 лажици масло од лешници

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 200 степени.
2. Ставете ги тиквата и јаболкото исечени на коцкички, маслиново масло, сол и бибер во голем сад. Распоредете ги врз хартија за печење и печете околу 30 минути. Притоа, еднаш помешајте ги состојките, додадете ја жалфијата и продолжете да печете уште 15 минути додека тиквата да омекне.
3. Извадете околу 1/3 од тиквата и јаболката и ставете во блендер заедно со 2 шолји супа. Префрлете ја содржината во големо тенџере со капак. Повторете ја постапката на два пати и со остатокот од состојките. Варете на рингла постојано мешајќи околу 6 минути. Сервирајте со лешници и прелијте со масло од лешници.