Супа од тиква и печурки

0
345

Тиквата нека биде жолта, обична или долгнавеста, а печурките се буковки исечени на тенки кришки. Можете да користите и други, па и вргањ. Сувите печурки е потребно претходно да се натопат во вода, а водата потоа можете да ја додадете во супата

Состојки:

1 кромид
1,5 кг тиква
1 литар супа од зелечнук (3 моркови, магдонос, целер)
250 мл павлака за готвење
Оцет балсамико
Малку сок од лимон
Буковки или некои други печурки
Сол, бибер
Путер
Масло од тиква
Пињоли за поросување

Приготвување:

1. Пригответе ја супата од 3 моркови, магдонос и целер.
2. На масло пропржете ги кромидот и парчињата тиква, додадете ја супата и варете на тивок оган дваесетина минути
3. Кога тиквата ќе омекне со миксер направете пире додавајќи ја полека павлаката. Додадете лажичка оцет и малку сок од лимон, а потоа додадете ги печурките исечени на ливчиња. Варете на тивок оган уште десетина минути.
4. Послужете поросено со пињоли или прелијте со неколку капки масло од тиква.