Супа со пилешко и брокули

Супата може да биде и главен оброк со оглед на тоа што содржи и месо и зеленчук. Потсетува на ајмакац каков што правеа нашите баби

0
331

Состојки:

1 лажица путер стопен
1/2 главица кромид со средна големина
1/4 шолја стопен путер
1/4 шолја брашно
2 шолји павлака
2 шолји сечкан пилешки стек
Неколку цветови свежа брокула
1 шолја сечкани моркови
1/4 лажичка морско оревче
100 г пармезан
сол и црн пипер

Приготвување:
1. Ставете го сечканиот кромид во стопениот путер и оставете го настрана.
2. Направете бешамел такашто ќе го пропржите брашното на стопен путер и ќе ја додадете павлаката.
3. Го додавете и сечканото пилешко и оставете го да врие 20-тина минути.
4. Додадете ги брокулите , морковите и кромидот и варете на тивок оган додека зеленчукот не омекне.
5. Зачинете со сол и со бибер и додадете го пармезанот и морското оревче.