Супер брз појадок

Наместо да правите мекици кои треба да ги чекате да киснат па дури потоа да ги пржите, овие прженици се прават буквално за 15 минути

0
533

Состојки:

1/2 литар јогурт

1 прашок за пециво

3 јајца

Брашно по потреба

Сол (ставете ако сакате да бидат солени, а ако сакате неутрален вкус за да ги јадете и во солени и во благи комбинации, не ставајте ништо)

Приготвување:

Ставете го јогуртот во еден сад, додадете ги јајцата, прашокот за пециво и евентуално, сол.

Сѐ измешајте и додавајте од брашното додека не стане тврдо како тесто за погача.

Расукајте го тестото на дебелина на прст и исечете го во форма на правоаголници или на квадратчиња, и пржете ги во загреано масло.

Вкусни се и ако ги јадете со сирење, но и со мармалад.