Супер брз ручек со прокељ, моркови и колбаси

Ова е идеален оброк за вработените. Се подготвува за само 20 минути. Ви требаат 5-6 минути за да го спремите зеленчукот и да го ставите во тепсија, и уште 10-15 за печење во рерна. Освен тоа, нема да ве гризе совест што јадете колбаси заради зеленчукот што ќе го употребите

0
517

Состојки:

2-3 моркови

300-400 г прокељ

4-5 колбаси

сол, бибер, маслиново масло

Приготвување:

  1. Излупете ги морковите и исечете ги на тркалца.
  2. Измијте го прокељот и извадете ги надворешните ливчиња и засечете на дното.
  3. Ставете го зеленчукот во тепсија и прелијте го со маслиново масло и зачинете по вкус. Одозгора ставете ги колбасите исечени на парченца.
  4. Ставете ја тепсијата во загреана рерна на 200 степени и печете најмногу 15 минути.