Суши од краставици

0
225

Состојки:

Краставица

Хумус

Домати

Маслинки

Фета сирење

Приготвување:

Исечете ја краставицата по должина, многу тенко. За секоја ролна земете по две ленти краставици и ставете ги една на друга, па премачкајте ја горната со хумус.

Ставете исечкани домати, маслинки и на крајот фета сирење. Завиткајте ги во ролна и по желба зачинете со копар и со неколку капки сок од лимон.