Светски мириси ќе се шират низ Камник

0
370

Идејата за INNOVATIVE CULINARY EXPERIENCE е на шеф Марк де Јонг кој сакаше неговите пријатели од светот да ја запознаат Македонија и
со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција преку изворни македонски рецепти.
За да направите нешто и истото да биде одлично, потребен ви е тим, па тука се неговите колеги од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chefs-MMCC (Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг).
Главна идеја е размената на искуство и на нови иновативни техники од кулинарството“, изјави Александра Иливска посакувајќи им на сите присутни добредојде.


Како што беше соопштено на прес конференцијата концептот на овој настан,
шеф Марк го реализирал со поддршка на организацијата „Ilumine“, а винаријата „Камник“ храбро го прифати како еден нов предизвик – да биде домаќин на овој настан кој за првпат се одржува во Македонија, но и во регионот.
Гастрономскиот фестивал ICE2017 ќе овозможи да се запознаат шест
интернационални кујни, во шест посебни мастер клас обуки, и секако гала вечер.
Сето ова ќе биде презентирано од шест мастер шефови, шест шефови и шест
млади готвачи. Како дел од агендата, се познатите мастер шефови Ралф
Менегини, Стефан Пјер, Родриго Дуранд, Ердем Дирбали, како специјални гости на
шеф Марк и шеф Никола од Камник. Потоа членовите на професионалната
организација на готвачи-ММЦЦ: Дејан Карапеев, Бобан Симоновски, Зоран
Мајновски, Зоран Андоновски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.