Светски пикник во недела во Градски парк

На „Светскиот пикник“ ќе бидат присутни странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив.

0
1213

„Светски пикник“ ќе се одржи во недела од 12 до 15 часот во Градскиот парк во Скопје, во организација на Советот на странски инвеститори во Македонија.

На пикникот ќе можете да вкусите јадења од најразлични кујни од светот и да уживате во забавата. На „Светскиот пикник“ ќе бидат присутни странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив.

САД – Хот-дог и пита од јаболка
Австрија – Виенска шницла и штрудла од јаболка
Велика Британија – Фиш енд чипс и пита од јаболка
Грција – Суфлаки и раванија
Белгија – Ќофтиња (битербален) и вафли
Турција ќ Кебаб и баклава
Италија – Пица
Швајцарија – Чоколадна фонтана
Франција – Кроасан
Геманија – Кари вурст

Покрај можноста да се запознаете со различните вкусови, ќе можете и да се забавувате со музиката на South Park, а најмалите ќе уживаат во големиот број игри подготвени токму за нив.

На манифестацијата можете да купите ваучер за симболични 100 денари, со кој добивате еден оброк и пијалак, а собраните средства ќе се донираат во народните кујни.