алкохол – Арт кујна https://artkujna.mk Tue, 01 Sep 2026 13:27:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif алкохол – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Дали омилениот Аперол Шприц навистина го зголемува ризикот од рак? Содржи две спорни состојки, едната во САД е целосно забранета https://artkujna.mk/dali-omileniot-aperol-spritz-navistina-go-zgolemuva-rizikot-od-rak/ Tue, 01 Sep 2026 13:27:11 +0000 https://artkujna.mk/?p=46700 Популарниот летен пијалак ја добива препознатливата боја од адитиви за кои со години се водат дебати, а во САД се и целосно забранети ]]>

Топла летна вечер, чаша Aperol Spritz и друштво на пријатели за многумина се речиси неизоставен дел од летото. Сепак, на интернет повремено се појавуваат предупредувања дека препознатливата портокалово-црвена боја на овој аперитив крие потенцијално опасни материи. Aperol е италијански ликер, производ на компанијата Campari Group, а Aperol Spritz се подготвува со Aperol, просеко и минерална вода.

Карактеристичната портокалово-црвена боја Aperol ја добива благодарение на вештачките бои Е 110, позната како жолто-портокалова S, и Е 124, односно кошенил црвена А. Станува збор за таканаречени азо-бои, чија употреба во прехранбената индустрија со години е предмет на дебати. Според германската организација за заштита на потрошувачите Verbraucherzentrale Berlin, овие бои кај лицата чувствителни на аспирин или склони кон алергии можат да предизвикаат псевдоалергиски реакции, кои може да се манифестираат со црвенило на кожата или астма.

Прашањето дали Е 110 и Е 124 го зголемуваат ризикот од рак е многу посложено. Двете бои се дозволени прехранбени адитиви во Европската Унија, но нивната употреба е ограничена со пропишани максимални количества. Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) утврдила и прифатливи дневни количества – за Е 110 тоа е четири милиграми по килограм телесна тежина, додека за Е 124 границата е 0,7 милиграми по килограм.

Досегашните истражувања не дале еднозначен одговор дали Е 110 и Е 124 можат да предизвикаат рак кај луѓето. Во некои истражувања врз животни бил забележан зголемен ризик од развој на тумори, но животните биле долготрајно изложени на високи концентрации од овие материи. Таквите резултати не можат едноставно да се пренесат на вообичаената исхрана кај луѓето. Кај Е 110 било укажувано и на можна појава на тумори на бубрезите кај животни, но досега не е потврдена поврзаност меѓу консумирањето на овој адитив и такви тумори кај луѓето. Е 124, пак, во некои држави е подложен на построги правила – во САД неговата употреба во храната не е дозволена.

Сепак, кога станува збор за здравствените ризици од Aperol Spritz, постои состојка околу која нема ваква научна дилема – алкохолот. Научно е потврдена поврзаноста меѓу консумирањето алкохол и зголемениот ризик од различни видови рак, меѓу кои рак на гркланот, хранопроводот и црниот дроб, но и рак на дојката. Според податоците наведени во анализа на германски здравствени експерти, околу четири отсто од сите случаи на рак во Германија може да се поврзат со консумирањето алкохол.

При тоа, не е пресудно во каква форма се консумира алкохолот. Пивото, виното, жестоките пијалаци или коктелите носат ризик поврзан со самиот алкохол, а не со тоа во каква чаша е послужен. Освен зголемениот ризик од рак, долготрајното и прекумерното консумирање алкохол се поврзува и со низа други здравствени последици, меѓу кои мозочен удар, срцева слабост, зависност од алкохол и психички нарушувања.

Заклучокот затоа е малку поинаков од тврдењата што кружат на социјалните мрежи: засега нема јасен доказ дека количествата вештачки бои дозволени во Aperol сами по себе го прават овој пијалак канцероген. Она што е научно добро потврдено е дека Aperol Spritz содржи алкохол, а неговото консумирање е поврзано со зголемен ризик од рак.

]]>
Рузмарин во алкохол: Помага во лекување на проширени вени, болки во мускулите и целулит… https://artkujna.mk/ruzmarin-vo-alkohol-pomaga-vo-lekuvane-na-proshireni-veni-bolki-vo-muskulite-i-czelulit/ Mon, 07 Jul 2025 11:27:44 +0000 https://artkujna.mk/?p=44865 Еден од најефикасните лекови против целулит е рузмаринот во алкохол. Ова неверојатно растение има бројни здравствени придобивки, а овој лек е многу лесен за подготовка.]]>


За жал, целулитот е чест проблем, а жените се посклони кон него, дури 90 проценти од оние над 18 години имаат целулит.

Се состои од клеточен отпад, масти и вода, а најчесто се појавува на колковите и бутовите. Наликува на кора од портокал.

Најчестите причини за целулит се масната и пржената храна, како и кофеинот. Со помош на природни лекови, користејќи здрави состојки, целулитот може да се отстрани или да се намали на едноставен начин.

Еден од најефикасните лекови против целулит е рузмаринот во алкохол. Ова неверојатно растение има бројни здравствени придобивки, а овој лек е многу лесен за подготовка.

Рузмаринот расте во градини, шуми, па дури може да се одгледува во саксија дома или да се купи во најблиската билна аптека или продавница за здрава храна.

Рузмаринот во алкохол ќе биде од голема помош кај следниве здравствени проблеми:

– Целулит

– Против настинки и грип

– Болки во вратот

– Модринки

– Проблеми со циркулацијата и проширени вени

– Спречува опаѓање на косата

– Болки во мускулите, истегнувања, болки во зглобовите и ревматизам

Рузмарин во алкохол – Начин на подготовка:

Состојки:

– 1 гранче свеж рузмарин, лисја и цветови, доколку е можно

– Алкохол (медицински алкохол, но можете да користите и ракија)

– 1 стаклен сад (мало шише)

Подготовка:

Можете да користите сушени лисја и цветови, но тие нема да биде исто. Доколку е можно, исечкајте го целото растение на помали парчиња и ставете го во сад или мало стаклено шише.

Прелијте го со алкохол до врвот. Затворете цврсто и оставете да отстои 15 дена на темно место. Потоа процедете и истурете во стаклен сад и повторно чувајте на темно место.

Примена:

Треба да ја користите оваа мешавина од рузмарин и за масажа на стапалата. Најдобро е да го направите ова пред спиење за да делува преку ноќ.

]]>
Два вида пијалаци што можат да го покачат холестеролот и да го оштетат црниот дроб https://artkujna.mk/dva-vida-pijalaczi-shto-mozhat-da-go-pokachat-holesterolot-i-da-go-oshtetat-czrniot-drob/ Mon, 09 Jun 2025 09:55:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=44558 Експертите предупредуваат дека честото консумирање газирани пијалаци го оптоварува црниот дроб бидејќи го принудува да работи понапорно за да го преработи вишокот шеќер и да спречи негово акумулирање во телото.]]>


Многу луѓе секојдневно посегнуваат по разни пијалаци без да размислуваат за нивното влијание врз здравјето. Сепак, експертите предупредуваат дека некои видови пијалаци, можат значително да го зголемат нивото на холестерол и долгорочно да го оштетат црниот дроб.

Токму затоа е важно да се обрне внимание на изборот на пијалаци, особено ако сакаме да го зачуваме срцето и здравјето на целото тело. Значи, ова се два вида пијалаци што, според консултантите за исхрана, можат да го зголемат нивото на холестерол и да го оштетат црниот дроб.

Газирани слатки пијалаци

Нутриционистите истакнуваат дека газираните пијалаци полни со шеќер се еден од главните скриени извори на лош холестерол. Високиот внес на шеќер од овие пијалаци го поттикнува телото да го претвори вишокот во масти, особено во форма на триглицериди, што на долг рок го зголемува нивото на LDL („лош“) холестерол во крвта.

Покрај тоа, експертите предупредуваат дека честото консумирање газирани пијалаци го оптоварува црниот дроб бидејќи го принудува да работи понапорно за да го преработи вишокот шеќер и да спречи негово акумулирање во телото.

Освен што придонесуваат за висок холестерол, газираните пијалаци негативно влијаат и на функцијата на црниот дроб. Нутриционистите нагласуваат дека прекумерниот внес на шеќер може да доведе до замастен црн дроб и да го зголеми ризикот од развој на болести како што е безалкохолна масна болест на црниот дроб. На долг рок, консумирањето на вакви пијалаци може да предизвика воспаление и да ја намали способноста на црниот дроб да ги извршува своите основни функции, како што е детоксикација на телото.

Алкохолни пијалаци

Експертите за исхрана предупредуваат дека консумирањето алкохол може директно да го зголеми нивото на холестерол, особено ако станува збор за пијалак што содржи поголеми количини шеќер и калории, како што се ликери или коктели. Алкохолот влијае на метаболизмот на мастите во црниот дроб и може да доведе до зголемување на нивото на LDL холестерол и намалување на заштитниот HDL холестерол. Ваквите промени претставуваат дополнителен товар за кардиоваскуларниот систем и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Покрај холестеролот, алкохолот има силен ефект и врз здравјето на црниот дроб. Долгорочното и редовно консумирање алкохолни пијалаци ги оштетува клетките на црниот дроб, предизвикува воспаление и може да доведе до сериозни состојби како што се замастен црн дроб, хепатитис или цироза. Нутриционистите советуваат умереност и одговорност при консумирање алкохол, особено за луѓе кои веќе имаат проблеми со холестеролот или црниот дроб.

Важно е да се запомни дека здравите навики започнуваат со информиран избор, а внимателниот избор на пијалаци е еден од едноставните чекори кон одржување на добро здравје.

]]>
Ако алкохолот ви предизвикува црвенило, можеби имате 80 пати поголеми шанси за рак https://artkujna.mk/ako-alkoholot-vi-predizvikuva-czrvenilo-mozhebi-imate-80-pati-pogolemi-shansi-za-rak/ Tue, 29 Apr 2025 07:57:33 +0000 https://artkujna.mk/?p=44109 Ако забележите дека вашето лице поцрвенува после пиење алкохол, тоа може да биде знак за сериозен здравствен проблем, предупредува д-р Каран Раџан. Имено, оваа реакција може да значи дека сте до 80 пати поподложни на развој на рак на хранопроводот.]]>

Д-р Каран Раџан, познат и како д-р Раџ, објаснува на социјалните мрежи дека појавата на црвенило по консумирањето на алкохол кај некои луѓе е генетска мутација позната како „реакција на алкохолно црвенило“ (alcohol flush reaction).

Овој феномен укажува на недостаток на клучниот ензим алдехид дехидрогеназа 2 (ALDH2), кој е одговорен за разградување на алкохолот во телото.

„Кога пиете алкохол, телото го претвора во ацеталдехид, супстанца која е уште потоксична од самиот алкохол. Под нормални околности, ензимот ALDH2 дополнително го разградува ацеталдехидот во побезбеден ацетат. Но, ако имате мутација, ацеталдехидот се акумулира во крвта, што доведува до црвенило на лицето, забрзано чукање на срцето и – за жал – значително го зголемува ризикот од рак“, објаснува д-р Раџан.

Голема опасност
Се проценува дека околу 8% од светската популација ја има оваа генетска промена, а најчесто ги погодува луѓето од источноазиско потекло. Истражувањата покажале дека луѓето со овој недостаток, дури и кога консумираат мали количини алкохол, имаат ризик од развој на рак на хранопроводот што е 40 до 80 пати поголем отколку кај луѓето без оваа мутација.

Опасностите од алкохолно црвенило биле потврдени и во научна студија објавена во списанието PLOS Medicine. Експертите истакнале дека иако многу луѓе, особено во Источна Азија, се свесни за црвенилото како реакција на алкохол, малкумина знаат дека тоа е поврзано со многу посериозни здравствени последици.

Ракот на хранопроводот е меѓу најсмртоносните видови на рак – со петгодишна стапка на преживување од само 15,6% во САД, 12,3% во Европа и 31,6% во Јапонија.

Затоа лекарите апелираат: луѓето кои имаат реакција на црвенило од алкохол треба сериозно да размислат за ограничување или целосно избегнување на алкохол. Ова значително ќе го намали ризикот од развој на оваа смртоносна болест.

„Вашето тело ви испраќа предупредување. Важно е да го послушате“, заклучува д-р. Раџ.

]]>
Шокантен извештај: Ова е главен фактор на ризик за рак https://artkujna.mk/shokanten-izveshtaj-ova-e-glaven-faktor-na-rizik-za-rak/ Sat, 28 Sep 2024 08:37:45 +0000 https://artkujna.mk/?p=41260 Навиката за консумирање алкохол е поврзана со рак на колоректалниот регион, црниот дроб, желудникот, дојката, главата, вратот и грлото. Во 2019 година, приближно еден од 20 случаи на рак во САД бил поврзан со употреба на алкохол, велат новите испитувања]]>

Стапката на преживување од рак во САД се подобрува, но недостатокот на свест за опасностите од алкохолот и нездравиот начин на живот може да спречи понатамошен напредок.

Според Извештајот за напредокот на ракот на Американското здружение за истражување на ракот во 2024 година, вкупната стапка на смртност од рак се намалила за 33% од 1991 до 2021 година, или за 4,1 милиони смртни случаи помалку.

Стапката на петгодишно преживување исто така е подобрена, при што 85% од децата, адолесцентите и младите луѓе живеат пет или повеќе години по дијагнозата.

Иако ракот првенствено ги погодува постарите возрасни лица (57% од дијагнозите се јавуваат кај оние постари од 65 години), постои растечка загриженост за зголемувањето на стапките на рак кај средовечните лица, особено со тоа што колоректалниот карцином станува се почест кај помладите генерации.

Се предвидува дека генерацијата Х (оние родени помеѓу 1965-1980) ќе се соочи со повисоки стапки на рак од претходните генерации.
Извештајот ја нагласува потребата од кампањи и регулативи за подигање на јавната свест за да се намали ризикот од рак, ако се земе предвид дека 40% од видовите на рак се поврзани со модифицирани фактори како што се консумирање алкохол, пушење и регулација на тежината.

Алкохолот како главен фактор на ризик за рак

Јавното знаење за врската помеѓу алкохолот и ракот останува слабо, што повикува на кампањи кои вклучуваат ознаки за предупредување на алкохолот.

Неодамнешните студии ги оспорија претходните верувања дека умереното пиење има корист за здравјето на срцето – наместо тоа го идентификуваат алкохолот како главен фактор на ризик за рак.

Тој е поврзан со рак на колоректалниот регион, црниот дроб, желудникот, дојката, главата, вратот и грлото.

Во 2019 година, приближно еден од 20 случаи на рак во САД бил поврзан со употреба на алкохол.

Извештајот, исто така, ја нагласува важноста од поттикнување промени во животниот стил за да се намали ризикот од рак, бидејќи една од пет дијагнози на рак е поврзана со фактори како што се лошата исхрана, прекумерната тежина, алкохолот и неактивноста.

Успешните кампањи во минатото, како оние против пушењето, придонесоа за намалување на стапката на рак.

Напредок во медицинската технологија

Напредокот во медицинската технологија дополнително го подобрува откривањето, дијагностицирањето и лекувањето на ракот.

Иновациите како што се просторната транскриптомија и техники управувани од вештачка интелигенција ја подобруваат точноста на дијагнозите и грижата за пациентите, особено кога станува збор за меланом, рак на белите дробови и крвта.

]]>
Пиењето маслиново масло спречува мамурлак?! https://artkujna.mk/pieneto-maslinovo-maslo-sprechuva-mamurlak/ Tue, 23 Jul 2024 12:00:58 +0000 https://artkujna.mk/?p=40333 Уште еден нов тренд на социјалните мрежи, кој ги освојува припадниците на генерацијата З (зумери), станува сѐ поактуелен. Станува збор за тоа дека, наводно, ако се напиете маслиново масло пред да почнете да пиете алкохол, ќе го спречите мамурлакот следното утро.]]>

На социјалните мрежи е актуелен нов тренд кој ги освојува припадниците на генерацијата З (или едноставно ген З), разговорно познати како зумери.
Овој пат станува збор за консумирање маслиново масло пред да почнете со пиење. Овој тренд, кој не е сосема нов, стана популарен меѓу Gen Z во последните месеци.

Се заснова на идејата дека пиењето маслиново масло може да спречи мамурлак после ноќното излегување.

Музичкиот продуцент Бени Бланко, момче на поп-ѕвездата Селена Гомез, ја популаризирал оваа практика кога се појавил на „The Tonight Show“ со Џими Фалон во април.

Бланко објаснил како неговиот пријател Нино го научил дека пиењето маслиново масло пред консумирање алкохол го спречува мамурлакот, тврдејќи дека тоа го пренеле како тајна старите Италијанци.

Според овој медитерански метод, маслиновото масло го обложува желудникот и ја забавува апсорпцијата на алкохолот, благодарение на неговото богатство со здрави мононезаситени масни киселини.

Оваа теорија сугерира дека симптомите на мамурлакот треба да бидат помалку изразени бидејќи масната храна го забавува празнењето на желудникот.

Дали ова функционира?

Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот Anglia Ruskin, напишал статија за The Conversation во која ги изразил своите сомнежи за овој метод.

Иако постои логика, научните докази за поддршка на тврдењата за ефикасноста на маслиновото масло во спречувањето на мамурлакот се ретки.

Професорот Стебинг истакнал дека маслиновото масло може да ја забави апсорпцијата на алкохолот, но сепак поголемиот дел од алкохолот подоцна се апсорбира во тенкото црево, пренесува LADbible.

Од друга страна, д-р Миро Фигура, анестезиолог од Лос Анџелес, признава дека маслиновото масло има многу антиоксиданти и антиинфламаторни супстанции.

Клиниката во Кливленд, исто така, препорачува дневна потрошувачка на маслиново масло за неговите здравствени придобивки, вклучително и за намалување на воспалението и ризикот од срцеви заболувања и заштита од рак.
Сепак, професорот Стебинг нагласува дека клучот за спречување на мамурлакот е пиење многу вода пред, за време и после пиење алкохол.

Тој исто така препорачува богат оброк полн со протеини, масти и сложени јаглехидрати како подобра алтернатива на маслиновото масло.

На крајот, наједноставниот начин да избегнете мамурлак е да пиете алкохол во умерени количини.

Ако одлучите да испиете неколку пијалаци, погрижете се да јадете многу овошје и зеленчук што ќе ви помогнат да се чувствувате подобро следниот ден.

]]>
Ќе ви треба: Традиционални рецепти за мамурлак https://artkujna.mk/%d1%9c%d0%b5-%d0%b2%d0%b8-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%b5%d1%86%d0%b5%d0%bf%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc/ Fri, 30 Dec 2022 14:20:18 +0000 https://artkujna.mk/?p=31924 Традиционалните и народни рецепти за ослободување од мамурлакот се многубројни и на многумина добро познати. Кај нас најчесто се споменува кисела зелка, супа од домати, вода, незасладено кафе со лимон, јогурт или домашна пилешка супа.]]>

Главоболка, вртоглавица, слабост, гадење, повраќање…или накусо: „утро потоа“. Се разбира, тоа значи утрото по прославата каде што сте испиле повеќе отколку што организмот го смета за пристојно. Накратко, мамурлакот е казна за прекумерно пиење. Состојбата е позната одамна и му нема лек.

Традиционалните и народни рецепти за ослободување од мамурлакот се многубројни и на многумина добро познати. Кај нас најчесто се споменува кисела зелка, супа од домати, вода, незасладено кафе со лимон, јогурт или домашна пилешка супа.

Харинга и кромид – добитна комбинација

Магазинот National Geographic објави статија за најчудните начини за лекување на мамурлакот во различни делови на светот. Во Германија тоа е кисела или маринирана харинга, која Германците ја нарекуваат Rollmops.

Станува збор за тенки филети харинга завиткани околу парче кромид или кисела краставица и се добредојден дел од она што Германците го нарекуваат katerfrühstück, или појадок за мамурлак. Шкембето е храна која Романците ја користат како лек против алкохолни тегоби, а и кај нас е добро позната утринска шкембе чорба за истава намена. Се смета за лек и во Мексико и Турција, како и во други земји.

Киселото млеко прави чуда?
Но, во Романија се прави така што шкембето се вари во многу мрсна вода со коренест зеленчук, лук, оцет и павлака. Полскиот лек за мамурлак се базира на кисело. Некои велат дека киселото млеко (кое е непастеризирано и се остава на собна температура ден-два) прави чуда, додека други тврдат дека е потребно нешто многу покисело, како сок од кисели краставички или оцет.

Записите од познатото средновековно медицинско училиште од Салерно сведочат за сосема поинаква доктрина на тогашните експерти. Тие подучувале според следнава изрека: „Ако виното те победи навечер, напиј се уште малку наутро за да се излечиш“.

Мени за следниот ден
Ви предлагаме неколку традиционални деликатеси кои се применуваат кај нас.

По будењето: испијте чаша или две чаши вода. Сварете силно црно кафе во кое можете да додадете малку сок од лимон (стар народен лек). Ако навистина се чувствувате лошо: изедете чинија супа од домати. Ако можете да помислите на „вистински“ појадок: изедете две кришки интегрален леб со шунка и младо сирење и еден јогурт. Испијте чаша сок од јаболко! Одморете се малку до ручек.
Ручек: Бистра супа од месо со домашни тестенини. Незаобиколната сарма со екстра кисела зелка и пире од компири. Чаша минерална вода. По ручекот се препорачува попладневна дремка. Попладневна ужина: Веројатно досега сте веќе доволно „во форма“ за да посегнете по неколку суви домашни колачи, а со нив испиете чај од нане со лажичка мед и сок од лимон.
Вечера: Тиквички, модар патлиџан, печурки подготвени на грил тавче зачинето со маслиново масло (1 лажица), 50 гр кравјо сирење со 2 лажици павлака, ленено семе и малку црвен пипер, 1 интегрално пециво со семки. Билен чај. Ако одите на „реприза“ на забавата после вечерата, бидете малку попаметни, бидејќи веројатно не сакате реприза „утро потоа“.

]]>
Апстиненцијата е минато, ова е нов метод за одвикнување од алкохол https://artkujna.mk/%d0%b0%d0%bf%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b5-%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b5-%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%be/ Tue, 20 Dec 2022 11:05:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=31716 Порано апстиненцијата беше единствениот лек за зависност од алкохол, но за многумина е тешко да не испијат ниту капка. Затоа експертите предлагаат нов метод: контролиранo консумирање]]>

Чаша вино, пиво после работа, пенливо вино за наздравување – алкохолот е дел од културата во многу земји, но според Организацијата за економска соработка и развој, Германија е една од земјите со најголема потрошувачка на алкохол.

Според податоците на германскиот институт Роберт Кох, 14 отсто од жените и 18 отсто од мажите пијат алкохол во количини кои се сметаат за ризични, што значи повеќе од 12 грама чист алкохол дневно за жени и повеќе од 24 грама дневно за мажи. За споредба, шише пиво од 0,33 литри содржи 13 грама алкохол, а чаша вино од 0,2 литри содржи 18 грама.

Бројот на зависници од алкохол е многу поголем отколку што се гледа од статистиката, бидејќи проблемот често не се препознава, објаснува Морис Кабанис, директор на Клиниката за медицина на зависности во Штутгарт. Многу алкохоличари не ја признаваат својата зависност со години, често од срам.

Алкохолизмот постои во сите делови на општеството, а причините за зависност се различни: тие можат да бидат биографски или генетски, но се и стекнати навики, на пример ако едно пиво после работа се претвори во неколку или почнете да пиете порано во текот на денот.

Сепак, апстиненцијата (тотална апстиненција) како единствена цел одвраќа многу зависници од алкохол да влезат во процес на лекување. Ова е една од главните причини зошто само секој десетти од нив бара помош и започнува терапија.

На што се заснова контролата на однесувањето?

Експертите сè повеќе ја користат контролираната консумација на алкохолни пијалаци како нов, ветувачки метод во лекувањето на алкохолизмот. Програмата, во која алкохолот не е целосно забранет, ја развил Јоаким Норкел, професор по психологија на Евангелскиот универзитет во Нирнберг. И едно големо истражување ширум Европа на луѓе над 60 години покажа дека многу постари луѓе не сакаат апстиненција, но се подготвени да го намалат консумирањето алкохол.

Оние кои се одлучуваат за контролирано консумирање алкохол, по сеопфатна дијагноза, во десет чекори учат како здраво да го користат алкохолот. Ова вклучува, на пример, препознавање на можни ризични ситуации и обрнување внимание на тоа колку алкохол содржат одредени пијалаци.

Друг важен чекор е водење дневник. Консумацијата на алкохол се евидентира секојдневно и се поставуваат конкретни цели: колку пијам моментално, а колку помалку сакам да пијам следната недела? Целта е чекор по чекор да се намали количината на алкохол. По програмата, учесниците често ја посетуваат таканаречената група за надзор. Споделувањето идеи со другите им олеснува на многумина да се справат со опасните ситуации.

Претходно, апстиненцијата беше единствената опција

Долго време единствената опција за третман беше апстиненцијата, односно целосна апстиненција од алкохол. И денес, обуката за апстиненција и детоксикација се класична терапија, финансирана од здравственото осигурување, а најмногу базирана на разбирањето на болеста од шеесеттите години на минатиот век. На пример, книгата на Алвин Мортон Јелинек, The Medical Disease Model of Alcoholism, објавена во тоа време, наведува дека склоноста кон алкохолизам е главно генетска: или некој бил алкохоличар или не, немало градации. Беше невозможно да се научи како да се пие под контрола.

Програмата за контролирано пиење сè уште не е признаена од пензиското осигурување и затоа не е финансирана за стационарна рехабилитација. Сепак, сега има важно место во терапевтската работа и се повеќе се шири во клиниките за зависности. Научно е проучен и им помага на многу луѓе – 20 до 30 проценти од учесниците на крајот постигнуваат апстиненција.

Покрај контролираното консумирање и апстиненција од алкохол, во намалувањето на зависноста можат да помогнат и лекови. Некои од нив предизвикуваат дури и нетолеранција на алкохол – ако пиете, повраќате. Сепак, експертите сметаат дека чисто фармацевтскиот третман без придружна терапија не е доволен, бидејќи веројатноста за повторување е многу голема.

Редовните посети на група за самопомош (Анонимни алкохоличари) се исто така важни за многу алкохоличари за да ја задржат својата зависност под контрола на долг рок. Добри се и онлајн понудите. Експертите веруваат дека е важно да се понудат различни терапевтски пристапи на луѓето зависни од алкохол.

]]>
Нема да верувате кои сѐ намирници што ги консумирате секојдневно содржат алкохол! https://artkujna.mk/%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d1%81%d1%90-%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b8%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b3/ Mon, 12 Sep 2022 13:03:29 +0000 https://artkujna.mk/?p=30327 Дали сте свесни дека дури и ако свесно не консумирате алкохол, всушност го внесувате во вашето тело преку некои од намирниците што ги користите речиси секој ден?]]>


Алкохолот се додава во многу намирници и пијалаци или производи кои ги консумираме без воопшто да сфатиме дека го содржат. Секако, во овие производи се наоѓа во помали количини, но сепак е присутен.

На пример, дали знаевте дека алкохолот се наоѓа во пекарските производи? Многу состојки кои се ставаат во пекарските производи содржат алкохол, на пример екстрактот од ванила е еден од најпознатите од нив. И тоа е слично со екстрактите од бадеми, како и екстрактите воопшто, бидејќи алкохолот служи за да се издвои и да се истакне вкусот.

Понатаму, алкохол има во разни сосови како и во некое месо кое одлежало во маринада. Многу сосови се прават со алкохол, или на база на вино или на некој друг жесток пијалак, и иако луѓето мислат дека тој целосно испарува при термичка обработка, алкохолот сепак се задржува во јадењето во помали количини.

Алкохолот може да се најде дури и во безалкохолното пиво. Да, на нив пишува дека имаат „0.0“, но сепак пивото има мал процент на алкохол, околу една десетина од нормалното пиво. Малку е, но за некој што има проблеми со алкохолизам, може да биде проблем.

Конечно, алкохолот се наоѓа во некои работи кои ни служат за здравјето. На пример, во водичката за плакнење на устата. Дури 20 до 27 проценти од водата за уста содржи алкохол, поради што е толку добар во убивањето на бактериите во усната шуплина. Секако, не се збогатени сите води за плакнење со алкохол, има и такви кои не го содржат и тоа е главно нагласено.
Исто така, алкохолот се наоѓа во некои лекови за настинка, но тоа е веќе добро познат факт. Меѓутоа, доколку имате проблеми со алкохолот, би требало да побарате производи кои не го содржат.

]]>
Еве зошто се вика „пијам за да заборавам“ https://artkujna.mk/%d0%b5%d0%b2%d0%b5-%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bc-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b0%d0%b2/ Tue, 19 Jul 2022 13:07:09 +0000 https://artkujna.mk/?p=29600 Без разлика дали станува збор за една ноќ или неколку години, тешката употреба на алкохол може да доведе до проблеми со меморијата. Ова може да вклучува тешкотии при потсетувањето на неодамнешните настани или дури и на целата ноќ. Исто така, може да доведе до трајно губење на меморијата, опишано како деменција.]]>

Ако некогаш ви се случило да претерате со алкохол, без оглед дали станува збор за една ноќ или неколку години, можеби сте се соочиле со тешкотии при потсетувањето на неодамнешните настани или дури и на целата ноќ. 

Како алкохолот е поврзан со губење на меморијата?
Лекарите идентификувале неколку начини на кои алкохолот влијае на мозокот и меморијата. Луѓето кои прекумерно пијат или имаат нарушување на употребата на алкохол (AUD) може да доживеат краткорочно и долгорочно губење на меморијата. Студија од 2013 година покажала дека околу 78 проценти од луѓето на кои им е дијагностицирана AUD доживуваат промени во мозокот.

Алкохол и губење на меморијата
Експертите идентификувале неколку начини на кои пиењето алкохол може да влијае на меморијата на една личност. Тие го вклучуваат следново:

Краткорочно помнење
Некои луѓе го доживуваат она што лекарите го нарекуваат затемнување кога пијат премногу алкохол и не се сеќаваат на клучните детали. Овие ситуации може да варираат од мали, како оние кога некое лице заборавило каде ги оставило клучевите, до големи, како на пример заборавање што се случило во текот на ноќта. Според Универзитетот Дјук, неможноста да се запамети нешто од ноќното излегување обично се случува откако лицето испило пет или повеќе пијалаци. Алкохолот влијае на краткорочната меморија така што ја забавува комуникацијата помеѓу нервите во дел од мозокот наречен хипокампус. Хипокампусот игра важна улога во помагањето на луѓето да формираат и одржуваат сеќавања. Кога нормалната нервна активност се забавува, може да дојде до краткорочно губење на меморијата.

Долгорочно губење на меморијата
Тешката употреба на алкохол не само што го успорува хипокампусот, туку може и да го оштети. Алкохолот може да ги уништи нервните клетки. Ова влијае на меморијата на една личност на краток и долг рок. Покрај тоа, луѓето кои пијат премногу алкохол често имаат недостаток на витамин Б-1 или тиамин. Овој витамин е клучен за снабдување со енергија на мозокот и нервните клетки. Недостатокот на тиамин може да предизвика деменција, што е прогресивно и трајно губење на меморијата. Пиењето премногу алкохол може да ја иритира слузницата на желудникот, што влијае на тоа како желудникот ги апсорбира хранливите материи. Тешката употреба на алкохол може да предизвика и повраќање, што го спречува желудникот и цревата да апсорбираат хранливи материи.

Постари луѓе
Постарите луѓе се поранливи на краткорочните и долгорочните ефекти од употребата на алкохол врз нивниот мозок. Како што старее човекот, неговиот мозок станува почувствителен на алкохол. Нивниот метаболизам исто така се забавува, па алкохолот подолго останува во нивниот систем. Покрај тоа, многу постари луѓе исто така доживуваат бавна дегенерација на клетките во хипокампусот. Обично не е доволно сериозна за да предизвика симптоми на деменција. Но, кога ќе ги додадете ефектите од тешката употреба на алкохол, губењето на меморијата може да биде многу сериозно. Покрај ова, постарите луѓе исто така земаат повеќе лекови отколку помладите луѓе. Овие лекови потенцијално можат да стапат во интеракција со алкохолот, што може да ги влоши симптомите.

Симптоми
Некои од ефектите на алкохолот врз меморијата се поочигледни – може да се разбудите по една ноќ пиење со модринка и без сеќавање како сте ја добиле, или без да се сеќавате на какви било настани од претходната ноќ. Некои ефекти се посуптилни.

Ако можете да се идентификувате со кој било од следниве симптоми, можеби имате краткорочно губење на меморијата од тешка употреба на алкохол:

Ви кажуваат дека неодамна сте разговарале со некого за некој настан, но не се сеќавате на разговорот.
Често се наоѓате себеси збунети или дезориентирани околу тоа каде се наоѓате.
Имате проблем да обрнете внимание.
Луѓето често ви кажуваат за работи кои сте ги правеле додека сте пиеле, а на кои не можете да се сетите.
Сте имале проблеми со саканите или со полицијата додека сте пиеле, но не се сеќавате целосно што сте направиле.

]]>