ајурведа – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 17 Apr 2025 15:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif ајурведа – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Не можете да се излечите со она што ве разболело https://artkujna.mk/ne-mozhete-da-se-izlechite-so-ona-shto-ve-razbolelo/ Thu, 17 Apr 2025 15:36:12 +0000 https://artkujna.mk/?p=43989 Оваа ајурведска мудрост важи генерално, за холистичкиот пристап кон здравјето. Во Ајурведата тоа значи дека мора да се отстрани причината за болеста. „Залудни ви се сите суплементи на овој свет, ако не го смените начинот на исхрана и воопшто, животниот стил“, вели скопјанецот Горан Поповски, инаку, обучен ајурведски терапевт]]>

Оваа едноставна вистина има длабоки корени во ајурведската филозофија и воопшто, во холистичкиот пристап кон здравјето. Во Ајурведата ова значи дека мора да се отстрани причината за болеста. Значи, залудни ви се сите суплементи на овој свет, ако не го смените начинот на исхрана и воопшто, животниот стил.
„Ако болеста е предизвикана од неправилна исхрана (на пример, премногу тешка, мрсна или премногу лута храна), прекумерен стрес, недоволно движење или прекумерна пасивност, тогаш, ако продолжувате со истите навики, за да дојдете до здравје нема да ви помогнат никакви лекови. Мора да се смени животниот стил, а не само да се земаат лекови или суплементи“, вели нашиот соговорник Горан Поповски, кој за ајурведски терапевт се обучувал во ајурведските центри во Индија, а потоа и низ повеќе европски центри.
Според него и секако, според Ајурведата, болеста често настанува поради дисбаланс на дошите – Вата, Пита и Кафа. (Ако сакате сами да ја пресметате вашата доша – типот на вашето тело според Ајурведа, можете да го направите тоа со помош на овој ТЕСТ)
„На пример: ако Пита е зголемена поради лутина, алкохол, премногу лута храна – тогаш лекувањето ќе бара ладeње и смирување, не продолжување со истото што ја зголемува“, вели тој.
Ако сето ова сè уште ви звучи премногу туѓо и егзотично, можеби треба да објасниме дека Ајурведата е најстариот жив систем на природна медицина, непрекината медицинска традиција која трае повеќе од 5.000 години. За првпат се споменува во древните ведски текстови, кои се најраните списи на човечката цивилизација.
Таа е сеопфатен систем за здравствена заштита што сè уште се користи ширум светот денес, а во Индија, сè уште има предност пред алопатската медицина и се изучува во државните училишта и универзитети. Името Ајурведа на санскрит (древен јазик од кој потекнуваат сите индоевропски јазици) значи „наука за животот“.
Во 1977 година, Светската здравствена организација официјално ја призна Ајурведата и препорача нејзина примена и популаризација.
Денес, Ајурведата се инкорпорира во современиот живот и се применува како за откривање и дијагностицирање на различни болести, така и за нивно лекување. Ајурведата се изучува на државните универзитети во Индија, а центри за ајурведа постојат низ Европа, САД, Азија и Африка.
„Во Ајурведата не станува збор само за физичкото. Ако некој се разболел поради стрес, негативни мисли, гнев или тага, тогаш нема да оздрави ако остане во истата емоционална состојба. Потребно е и ментално исцелување – преку медитација, дишење, благодарност и позитивна промена на фокусот. Исто така, ако некој има проблеми со црниот дроб поради премногу пржена храна, алкохол, ноќен живот и доцно легнување, тогаш чаеви и додатоци на исхраната нема да помогнат ако не се променат токму тие навики“, објаснува Поповски.
Основната цел на ајурведските третмани, вели нашиот соговорник, е да се прочисти телото од неразградената и неискористена храна, наречена ‘ама’, односно, отровите кои се акумулираат во телото и предизвикуваат болести. Овој прочистувачки процес во ајурведата се нарекува ‘панчакарма’ и се користи за намалување на симптомите, зајакнување на имунолошкиот систем и враќање на хармонијата и рамнотежата во телото.

„Ајурведата нè учи дека здравјето е резултат на рамнотежа на телото, умот и духот. Во овој контекст, ама – токсините кои произлегуваат од ослабениот дигестивен систем (агни) – е главната причина за болеста. Ама не е само физичка, таа е и ментална и емотивна, а се манифестира со тромост, негативни мисли и емоционална нестабилност. Со текот на времето, ама ја блокира виталната енергија (прана), отворајќи ја вратата за хронични состојби.

Панчакарма, длабокото чистење на телото, е клучен метод за отстранување на ама. Но, тоа не е само физичко чистење, тоа е исцелително патување кон рамнотежа и обновување“, објаснува Поповски.
Вели дека во зависност од проблемот што ве измачува можете да одбирате помеѓу неколку видови на ајурведски тремани кои се спроведуваат и во нивниот центар.
„За разлика од другите медицини, ајурведата може да биде и превентива, а не само начин на лекување на заболувањата што значи дека таа може да се применува постојано. Исто како и кај возрасните, ајурведските третмани се одлични и помагаат за одржување на здравјето и кај децата“, вели Поповски.
Според него, ајурведските третмани се практикуваат за да може да се балансираат сите неправилности и дисбаланси кои се јавуваат во човечкото тело.

И за крај, на оние кои сакаат да почнат со превенција, како еднa од најпознатите ајурведски билни мешавини им препорачува да го испробаат ајурведскиот мармалад – Chyawanprash, што во превод значи еликсир на животот.

„Chyawanprash е древна ајурведска билна мешавина која широко се користи во Индија како средство за подмладување, енергија и зајакнување на имунитетот. Таа дава енергија и го елиминира хроничниот замор. Овој ајурведски здравствен препарат е составен од 46 природни состојки кои ја поддржуваат природната одбрана на телото, го одржуваат имунитетот и имаат корисен ефект врз функционирањето на мозочните клетки. Chyawanprash има корисен ефект врз работата на срцето и црниот дроб. Обезбедува хранливи материи и минерали важни за раст на косата, сјај на кожата и јачина на коските и забите. Ја одржува виталноста на телото, а погоден е и за деца. Главната придобивка за човечкото тело е обновувањето на исцрпените резерви на животна сила (ојас-оџас), како и зачувување на силата, издржливоста и виталноста во текот на процесот на стареење. Во зависност од квалитетот и начинот на живот, можеме да го зајакнеме или ослабиме ојасот, а зависи и од работите што ги внесуваме во нашето тело“, порачува Поповски.

]]>
Напиток за здраво и балансирано варење https://artkujna.mk/napitok-za-zdravo-i-balansirano-varene/ Wed, 26 Feb 2025 14:26:44 +0000 https://artkujna.mk/?p=43333 Знаете ли што е Ласи? Заедно со водата од ѓумбир и пијалакот кањи, Ласи е третиот важен пијалак што го препорачува ајурведската медицина. Го имаме рецептот]]>

Во еден период од животот, скоро секој од нас се соочува и се бори со лошото варење.

Во повеќето случаи, варењето на храната е нарушено и забавено заради лошата исхрана, стресот и премалку вежбање.

За да се регулира варењето, ајурведската медицина препорачува да пиете една чаша Ласи пред или за време на ручекот.

Заедно со водата од ѓумбир и пијалакот кањи, Ласи е третиот важен пијалак што го среќаваме во ајурведските клиники.

Која е тајната на Ласи?

Ласи се подготвува со домашен јогурт, вода и лековити зачини и додатоци.

Ласи како и напитокот Кањи ги балансира сите три доши (типови на тело според Ајурведата), додека истовремено го зајакнува варењето, го зајакнува имунитетот и ја зголемува долговечноста.

Процесот на подготовка на Ласи е многу едноставен.

Се прави од домашен јогурт, кој е свеж и се разликува од купениот по вкусот и лесната сварливост.

Постои уште една, мала, но многу важна разлика помеѓу купечкиот и домашниот јогурт.

Корисните бактерии во домашниот јогурт се свежи и активни.

За жал, тоа не е случај со купениот јогурт кој останува во продавницата долго време на ладно место и со текот на времето губи корисни бактерии и станува тежок за стомакот.

Свежиот јогурт воспоставува здрава микрофлора и го зајакнува имунитетот.

Ја намалува подуеноста и ја олеснува и забрзува работата на дигестивниот систем, помага при запек, дијареа и други стомачни пореметувања.

Рецепт за домашен јогурт

Состојки:

1 литар домашно млеко
2 лажици домашен јогурт

Приготвување:

Загрејте го млекото додека не се запени. Тргнете го од оган и оставете да се излади до 37 степени C.

Ако немате кујнски термометар, ставете го малиот прст во млекото и проверете ја температурата. Температурата треба да биде слична на температурата на прстите (37 ºC е нормална телесна температура).

Кога млекото ќе ја достигне саканата температура, истурете го во тегла и додадете 2 лажици домашен јогурт.

Јогуртот мора да биде на собна температура и, се разбира, со најдобар квалитет.

Можете исто така да користите цврст јогурт, односно, кисело млеко од продавница за да го подготвите првиот домашен јогурт како „стартер“.

Измешајте го млекото со јогуртот и покријте ја теглата (или керамичката чинија) со капак.

Ставете ја теглата на топло место. Потребно е само малку топлина за да се активира јогуртот.  Консумирајте свеж јогурт во текот на денот.

Зачувајте две лажици јогурт за следната подготовка!

Напитокот Ласи е најдобро да се консумира пред ручек или со ручек за да помогне за здравјето на вашиот дигестивен систем.

Освен со главниот оброк, тој е одлично освежување во жешките летни месеци.

На ајурведските клиники на клиентите им се нудат два вида пијалаци – солен и сладок Ласи.

Солениот Ласи е особено добар за стимулирање на дигестивниот систем, додека слаткиот Ласи го храни и смирува телото.

Еве го и рецептот за солено Ласи:
Состојки:

1 чаша домашен јогурт
3 чаши вода (собна температура)
прстофат ѓумбир
прстофат хималајска сол
прстофат црн пипер
прстофат кумин

Приготвување:

Во блендер ставете вода, јогурт и зачините и измешајте.

Ако немате блендер, измешајте со рачен миксер додека не се формира фина пена.

Пробајте го пијалакот и додадете или намалете ја количината на зачини по ваш личен вкус.

Ѓумбирот, црниот пипер и кимот го стимулираат варењето и ги зајакнуваат желудникот и цревата.

Ласи е веднаш подготвен за консумирање, затоа подгответе го непосредно пред ручек.

]]>
Сте пробале ли досега Ги путер? https://artkujna.mk/ste-probale-li-dosega-gi-puter/ Fri, 13 Dec 2024 10:09:01 +0000 https://artkujna.mk/?p=42292 Ги е вид на прочистено масло што се користи во ајурведската кујна насекаде во светот, а се користи во ајурведското лекување илјадници години. ]]>

Ајурведскиот прочистен путер, познат како Ги масло, во ајурведската наука се смета за чудотворен лек и исто таква храна.

Ги е вид на прочистено масло што се користи во ајурведската кујна насекаде во светот, а се користи во ајурведското лекување илјадници години. Според ајурведата, го храни телото и му дава сила. Благодарение на содржината на липиди, Ги маслото се смета за здраво како мајчиното млеко. Мастите содржани во Ги путерот се лесно сварливи и брзо се апсорбираат од телото. Ова масло е познато и како здрава замена за путер при готвење или печење. 

Здрави масти

Покрај витаминот Е, Ги маслото содржи и каприлна и лауринска киселина, кои се познати по нивното делување против кандида и бактериски инфекции. Лауринската киселина исто така го намалува крвниот притисок, како и нивото на шеќер во крвта. Освен тоа, здравите масти од Ги маслота ја чистат крвта, го стимулираат варењето и на тој начин придонесуваат за слабеење. Ги маслото содржи голема количина лауринска киселина, која во организмот се претвора во монолаурин, состојка која делува против различни патогени. Ова масло содржи и масти со среден ланец, кои црниот дроб ги користи за чистење на телото и снабдување на телото со енергија. Масните киселини со среден ланец и кокосовите моноглицериди делуваат како природни антибиотици и стимулатори на имунолошкиот систем. Ова супер здраво масло исто така го зајакнува веќе ослабениот имунитет со стимулирање на функциите на белите крвни зрнца во борбата против штетните патогени и микроби. 

Примена на Ги масло за зајакнување на имунитетот

Ако сакате природно да ја зајакнете одбраната на телото, можете да земате 1-2 лажици Ги масло дневно. Можете да го додадете и во вашето утринско кафе, што е веќе популарна практика насекаде. Но, ова масло можете да го додадете и во супи, чорби, десерти, овесни снегулки, смути… За најдобар ефект, користете го без загревање.

Важноста на здравата исхрана

Иако Ги маслото е здраво, нема да има многу ефект доколку вашето тело е веќе заситено со токсини од храната или од околината. Дефинитивно треба да консумирате здрава храна богата со хранливи материи и антиоксиданти, а во овој случај маслото ќе му даде на вашето тело дополнителен поттик за зајакнување на имунитетот. Исто така, важно е да консумирате органско Ги масло, бидејќи само таквото има најмногу лековити својства и најсилно дејство.

]]>
Лековит чај од куркума за слабеење: Петминутен рецепт за ајурведското „златно млеко“ https://artkujna.mk/lekovit-chaj-od-kurkuma-za-slabeene-petminuten-reczept-za-ajurvedskoto-zlatno-mleko/ Wed, 20 Nov 2024 14:34:32 +0000 https://artkujna.mk/?p=42003 Редовното консумирање на овој чај го стимулира варењето, ги зајакнува имунитетот и црниот дроб, а во последно време се зборува и за негова можна примена во превенција од неколку видови на рак.]]>

Уште во древните записи на Ајурведата, „златното млеко“ од куркума се споменува како мелем за душата и телото. Лековитите својства на овој напиток се многубројни поради состојките кои ги содржи и чија синергија ги засилува индивидуалните лековити својства на секоја поединечна состојка.

Имунолошка бомба

Редовното консумирање на овој чај го стимулира варењето, ги зајакнува имунитетот и црниот дроб, а во последно време се зборува и за негова можна примена во превенција од неколку видови на рак.

„Златното млеко“ има и силни антиоксидантни својства бидејќи со својата топлина, во комбинација со овие зачини и малку маснотии, ја максимизира моќта на куркумата.

Постојат неколку начини на кои можете да го подготвите овој напиток, а за секој од нив ќе ви требаат: шпорет, куркума, малку црн пипер и нешто што содржи масти за подобра апсорпција на лековитиот куркумин, како млеко, кокосово масло и слично.

Секогаш можете да го користите горенаведеното како основа, и да додадете зачини и други додатоци по желба!

Тајно оружје – куркумин
Куркумата содржи 3% куркумин, лековита состојка што ја прави толку магично портокалова и која крие голем број здравствени придобивки.

Како тајно оружје за слабеење, куркуминот успешно го стимулира варењето на мастите и шеќерот и помага во намалување на воспалението во телото.

Златно млеко
Состојки:

2 дцл млеко (органско, бадемово, кокосово, овесно…)
1 лажичка куркума во прав
1/2 лажичка цимет
прстофат црн пипер
парче излупен корен од ѓумбир или 1/4 лажичка ѓумбир во прав
прстофат каенски пипер (по избор)
1 лажичка мед или јаворов сируп

Подготовка:
Изблендирајте ги сите состојки на најбрзата програма додека не се изедначат целосно.
Истурете ги во лонче или во ѓезве и загревајте ја смесата 3-5 минути на средна температура додека не стане жешка, но внимавајте да не зоврие!

Пијте веднаш!

]]>
Уметноста на долговечноста: Денес во Индија се слави богот на медицината и науката за животот https://artkujna.mk/umetnosta-na-dolgovechnosta-denes-vo-indija-se-slavi-bogot-na-mediczinata-i-naukata-za-zhivotot/ Tue, 29 Oct 2024 13:01:20 +0000 https://artkujna.mk/?p=41674 Денес во Индија го слават Данвантари, богот на медицината, божеството кое се споменува и како бог на Ајурведата, позната и како наука за животот.]]>

Сите знаеме дека здравјето е најважното нешто во животот, но на тоа обично се сеќаваме само кога ќе се разболиме.

На здравјето мора да се мисли многу порано, па затоа и зборуваме за превенција која не е само збор, туку мора да стане начин на живот.

Има болести чија причина не е само телото и чиј лек не се само таблетите и инјекциите, а превентива – вакцините. Постои еден вид на медицина чие знаење е старо преку 6000 години, а и натаму е лековито и ги лекува вашето тело, душа, ум и чувства.

Станува збор за ајурведата.

Токму денес (29 октомври) во Индија го слават Данвантари, богот на медицината, божеството кое кое се споменува и како бог на Ајурведата, науката за животот.

Ајурведата е традиционален лек кој потекнува од Индија и ги комбинира искуствата и мудроста на древните филозофи. Зборот Ајурведа е санскритска кованица од два поима – ајус, што значи живот и веда, што значи знаење, така што Ајурведата е знаење за животот, таа е „уметност на долговечноста“.

А тоа знаење од Керала, светската лулка на Ајурведата, дојде и до центарот на Скопје кадешто од 16 до 22 ноември, Ајурведа Македонија организира ајурведски консултации со ајурведски лекар кој практикува дијагностика на пулсот.

Ајурведската дијагностика на пулсот или #надипарикша е древна дијагностичка алатка која се користи во #ајурведата за да се процени целокупното здравје на еден човек.

Чувствувајќи го пулсот на различни точки, специјалист по ајурведа може да одреди податоци за состојбата на органите, ткивата и телесните системи.

Некои од предностите на пулсната дијагностика се:

Индивидуален пристап: Ајурведската дијагноза на пулсот овозможува персонализиран пристап кон заболувањата. Врз основа на информациите собрани од пулсот, специјалист по ајурведа може да создаде план за терапија кој е прилагоден на уникатните потреби на поединецот.

Рано откривање: Ајурведската дијагностика на пулсот може да открие нерамнотежа во телото пред тие да станат посериозни здравствени проблеми. Со рано откривање на нерамнотежата, едно лице може да преземе чекори за да ги превенира пред да напредува болеста.

Неинвазивност: За разлика од многу други дијагностички алатки, пулсната дијагностика е неинвазивна и не бара посебна опрема. Може да се изврши за неколку минути, што ја прави удобна и прифатлива опција за многу луѓе.

Холистички пристап: Има холистички пристап кон здравјето. Наместо да се фокусира на симптомите, се обидува да ја реши основната причина за проблемот и да го промовира општото добро.

Проактивна оптимизација на нега: Им овозможува на поединците да преземат проактивен пристап кон својата здравствена заштита.

Со разбирање на состојбата на вашето тело, можете да донесете одлуки за вашиот животен стил и навики за да промовирате оптимално здравје. Ако сте заинтересирани за оваа древна дијагностичка техника, можете да го закажете вашиот преглед со ајурведски експерт од Индија кој ќе биде во Скопје од 16 до 22 ноември.

]]>
Oва е најдобриот чај за почеток на денот, особено во есен и зима https://artkujna.mk/ova-e-najdobriot-chaj-za-pochetok-na-denot-osobeno-vo-esen-i-zima/ Thu, 03 Oct 2024 07:53:40 +0000 https://artkujna.mk/?p=41316 Да го започнете денот со ваков напиток е многу здрава навика. Ја поттикнува работата на дигестивниот систем, ги отстранува токсините од телото, го враќа апетитот, ја намалува надуеноста, помага при алергии, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува имунитетот и ја враќа рамнотежата во организмот.]]>

Кога e времето променливо како деновиве и може да се почувствува големa разлика помеѓу дневната и ноќната температура, размена на студен и многу топол воздух, кога во воздухот има влага што придонесува за развој на болести, среќа за луѓето е што постојат едноставни, природни начини за превентивно делување каде со редовна секојдневна навика се зајакнуваме, но и – влијаеме на здравјето.

Еден од таквите ритуали што ве советуваме отсега да го вклучите во вашата дневна рутина е да го започнете денот со пиење шолја од моќниот и славен ајурведски чај од лимон и ѓумбир.

Со силни вкусови кои ни ја будат енергијата, овој напиток силно енергизира и ја стимулира циркулацијата.

Лимонот што го додаваме во него има извонредно влијание врз стимулацијата на плунковните жлезди и врз работата и здравјето на нашите црева.

Чајот од ѓумбир и лимон го стимулира дигестивниот систем, ги отстранува токсините од телото, го враќа апетитот, ја намалува надуеноста, помага при алергии, ја стимулира циркулацијата, го зајакнува имунитетот и ја враќа рамнотежата на телото…

Приготвување:

Изрендајте поголем прстен ѓумбир и со прстите исцедете го неговиот сок во шолја чај (околу 1 лажичка исцеден сок) и прелијте го со топла вода.

Оставете го да отстои 2-3 минути, а потоа исцедете сок од половина лимон. Додадете една лажичка мед, измешајте и пијте полека, во мали голтки.

„Доколку страдате од алергиски проблеми, затнати дишни патишта, секрет во носот/синусите… тогаш ви ја препорачуваме следната постапка:

Во тенџере со вода исечете или изрендајте ѓумбир и исцедете лимон, сè заедно добро сварете и оставете да отстои покриено околу 5 минути.

Процедете и потоа засладете со мед и пијте полека.

Лековити својства
Има исклучително корисен ефект врз работата на дигестивниот систем и е моќен напиток за чистење кој поттикнува отстранување на токсините.

Овој чај е многу ефикасен за лекување на надуеност, а се препорачува и за лица со намален апетит.

Поради затоплувачките својства, се препорачува за луѓе со ослабена циркулација.

Исто така, се препорачува и за луѓе кои страдаат од потешкотии во работата на респираторниот систем, со зголемен секрет и чувство на тежина.

]]>
Дали е отровно или здраво? Кои се ефектите од пиењето вода од бакарна чаша? https://artkujna.mk/dali-e-otrovno-ili-zdravo-koi-se-efektite-od-pieneto-voda-od-bakarna-chasha/ Thu, 15 Feb 2024 13:04:32 +0000 https://artkujna.mk/?p=37778 Со стоење на водата во бакарен сад може да се уништат сите микроорганизми, мувла, габи, алги и бактерии кои се во неа и кои можат да бидат штетни за нашето тело. Освен тоа, бакарот е клучен минерал во трагови кој е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Има антимикробни, антиоксидантни, антиканцерогени и антиинфламаторни својства, помага во неутрализирање на токсините, го стимулира мозокот и ја подобрува неговата функција. ]]>

Од многу одамна луѓето го обожавале бакарот како чудотворен елемент, верувале во неговите лековити својства и ја чувале водата токму во бакарни садови. Според древната индиска медицина, Ајурведата, водата складирана во бакарни садови има способност да ја регулира енергијата во нашето тело.

Водата од бакарни садови сега повторно станува тренд кој промовира чување на вода за пиење во бакарни бокали или други бакарни садови. Оваа практика, вкоренета во индискиот холистички медицински систем Ајурведа, има древни корени и сега доживува зголемена популарност.

Ефекти и придобивки од бакарната вода
Оваа специјална вода мора да ја направите сами така што ќе ја чувате во бакарен сад. Бакарот е елемент во трагови, што значи дека на телото му треба само минимална количина од овој елемент. Тој игра клучна улога во неколку основни функции на нашето тело, на пример во производството на енергија, формирањето на сврзното ткиво и хемискиот систем на мозокот. Бакарот најчесто се наоѓа во храната како што се морска храна, јаткасти плодови, семки, компири, цели житарки, темно чоколадо и органско месо.

Застапниците на оваа практика тврдат дека чувањето вода во бакарни садови овозможува бакарот природно да се исцеди во водата.

Водата која стои во бакарни садови има природен ефект на дезинфекција

Со стоење на водата во бакарен сад може да се уништат сите микроорганизми, мувла, габи, алги и бактерии кои се во неа и кои можат да бидат штетни за нашето тело. Затоа, бакарната вода е идеална за пиење. Дополнително, водата која стои во бакарен сад преку ноќ или најмалку 4 часа добива одреден квалитет од бакарот.
Бакарот е клучен минерал во трагови кој е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Има антимикробни, антиоксидантни, антиканцерогени и антиинфламаторни својства и помага во неутрализирање на токсините. Бакарот исто така го стимулира мозокот, ја подобрува неговата функција и помага во спречување на напади.
Домаќинствата без водовод често се принудени да ги задоволат своите потреби за вода со чување на вода во домот, што ја прави подложна на вирусна контаминација. Чувањето во бакарни садови потенцијално може да го спречи овој тип на контаминација.
Според Ајурведата, пиењето вода што стои во бакарен сад наутро на празен стомак ќе обезбеди правилно функционирање на органите и метаболичките процеси. Доколку сте заинтересирани за детоксикација на желудникот, обидете се да испиете голема чаша негазирана вода наутро на празен стомак.

Список на можни ефекти:

Антибактериско дејство: Различни студии потврдуваат дека бакарната вода има способност да уништува микроорганизми, вклучително и бактерии, па може да послужи како ефикасно средство за дезинфекција и прочистување на водата за пиење.

Поддршка за детоксикација: Водата што стои во бакарните садови се смета за корисна за детоксикација на телото, бидејќи бакарот има способност да ги неутрализира токсините и да поттикне елиминација на штетните материи од телото.

Го подобрува варењето: Ајурведската медицина тврди дека пиењето вода од бакарни садови може да помогне во регулирањето на дигестивниот систем и да го промовира правилното функционирање на органите.

Антиоксидантни својства: Бакарот содржи антиоксидантни елементи кои можат да помогнат во заштитата на клетките од оштетување предизвикано од слободните радикали.

Зајакнување на имунолошкиот систем: Некои студии покажуваат дека редовната употреба на бакарна вода може да го поддржи имунолошкиот систем и да му помогне на телото да се бори против инфекциите.

Ја подобрува состојбата на кожата: бакарната вода може да има корисен ефект врз кожата, помагајќи да се намалат акните и да се подобри текстурата на кожата.

Регулирање на хормоналната рамнотежа: Бакарот игра важна улога во производството и регулацијата на хормоните, што може да помогне во одржувањето на хормоналната рамнотежа во телото.

Поддршка за здраво срце: Некои истражувања сугерираат дека пиењето вода од бакарни садови може да помогне во одржувањето на здравјето на срцето и крвните садови.

Ја подобрува когнитивната функција: бакарната вода може да го стимулира мозокот и да поттикне негово побрзо и поефикасно функционирање.
Според некои студии, складирањето вода во бакарни садови може да го зголеми нивото на pH вредноста на водата, правејќи ја водата поалкална.

Кога водата стои во бакарен сад долго време, бакарните јони продираат во водата, што доведува до хемиска реакција. Оваа реакција може да ја зголеми концентрацијата на јони на хидроксид (OH-) во водата, што пак го зголемува нивото на pH вредноста, правејќи ја водата поалкална.

Зголемувањето на pH вредноста од 7 на 8 по околу 12 часа е во опсегот на проучувањето во некои студии. Сепак, важно е да се земе предвид дека промената на pH може да варира во зависност од фактори како што се типот на бакарниот сад, почетната pH вредност на водата и специфичните услови за чување.
Придобивките од водата од бакарните садови досега се поддржани од само неколку научни студии. Единственото значајно докажано дејство на бакарот е неговото антибактериско дејство. Истражувањата покажуваат дека складирањето вода во бакарни садови може да ги убие бактериите кои можат да предизвикаат дијареа. Ова може да биде особено корисно за една милијарда луѓе во светот кои немаат пристап до безбедна вода за пиење. Контаминираната вода може да содржи голем број бактерии (Vibrio cholerae, Shigella flexneri, Escherichia coli и Salmonella typhimurium), кои предизвикуваат дијареа – една од главните причини за смрт во земјите во развој.

Зошто да користите само ладна вода?

Ладната и млака вода е подобар избор кога користите бакарни чаши од неколку причини:

Чувствителност на температурата: Бакарот е многу спроводлив материјал и кога ќе истурите топол пијалок во бакарна чаша, може да се загрее, предизвикувајќи непријатност и ризик од изгореници.
Промена на вкусот и квалитетот: металниот бакар може да реагира со киселините во пијалаците и да предизвика промена на вкусот и квалитетот на пијалакот.
Прекумерното внесување на бакар може да доведе до токсичност, што резултира со гадење.
Користењето бакарни шолји на краткорочна или повремена основа не може да предизвика проблеми, но долгорочната или честа изложеност на топли пијалаци во бакарни чаши го зголемува ризикот од труење со бакар.
Кога консумирате топли или врели напитоци, подобро е да користите чаши направени од материјали наменети за високи температури, како керамика или стакло отпорно на топлина.
Забелешка:

Бакарот е елемент во трагови, што значи дека ви треба само минимална количина. Имајте на ум дека долготрајната изложеност на високи дози на бакар може да предизвика труење со бакар, што се манифестира како гадење, повраќање, абдоминална болка и дијареа. Тоа дури може да доведе до оштетување на црниот дроб и бубрежно заболување. Доколку сакате да пиете вода од бакарни садови, се препорачува да ја ограничите нејзината дневна количина на околу 3 чаши (710 мл).

Брз водич за тоа како да се грижите за бакарната чаша:
Не користете хемиски детергент или жичен сунѓер за да го одржите нивниот изглед.
Наместо тоа, исцедете половина лимон во садот и оставете го сокот да делува.
Потоа исплакнете со чиста вода.

]]>
Хашимото, синуси, тахикардии, артритис, бронхитис… лекот е во промена на нашите нездрави навики https://artkujna.mk/hashimoto-sinusi-tahikardii-artritis-bronhitis-lekot-e-vo-promena-na-nashite-nezdravi-naviki/ Fri, 09 Jun 2023 13:09:34 +0000 https://artkujna.mk/?p=34151 Сигурно во одреден момент од животот секој од нас размислувал за друг алтернативен пристап кон здравјето кој нуди решение за актуелни или за хронични здравствени проблеми. И веројатно голем дел од тие алтернативни пристапи завршиле без конкретни и долгорочни резултати.

Еден од тие алтернативни пристапи од кој, наместо нула-резултати, има сѐ повеќе сведоштва од луѓе кои си го нашле лекот, е ајурведската медицина. Иако станува збор за една од најстарите медицини во светот, поточно, стара е повеќе од 5000 години (и како таква останала непроменета до ден денес), кај нас таа станува сѐ поактуелна последнава деценија благодарение на неколкумина ентузијасти кои од петни жили се трудат да ни ги откријат, да ни ги приближат и да ни ги овозможат и нам сите нејзини благодети.

Факт е дека Ајурведата има сè повеќе следбеници и на Запад и веќе не е прашање на тоа дали веруваме во неа или не, туку таа полека станува филозофија на животот и на многу европјани. Дури и славниот хрватски актер Раде Шербеџија уште пред неколку години се пофали во хрватските медиуми дека поради проблеми со грбот и колкот побарал помош од оваа древна индиска медицина, а благодарение на детоксикацијата и промената на исхраната, се преродил. На почетокот на својата ајурведска трансформација, овој познат гурман, морал да го промени начинот на исхрана. Единствено што му недостасувало е – компирот.

Имено, ајурведата не е само едноставен систем за нега на здравјето, туку е и стил на живот адаптиран за одржување на совршен баланс и хармонија во човековото тело.

Станува збор за природна, суптилна и бавна промена во вашите нездрави навики, од исхрана (кога и што јадете), време за спиење и за станување, вежбање до грижа за вашето ментално здравје и мир. Секако, за сето ова е потребно најпрвин да се направи дијагностика на пулсот. Само врвен ајурведски лекар со долгогодишно искуство и пракса може правилно да дијагностицира и да препише правилен и ефективен третман.

„Сѐ друго би било несериозно. По повеќе години работа со Ајурведата, соработуваме исклучиво со најдобрите, проверени лекари со светска репутација“, вели Горан Поповски, ајурведски терапевт, наскоро и ајурведски лекар и еден од оснивачите на македонскиот центар за ајурведа каде што наскоро (од 15 до 19 јуни) доаѓа ајурведскиот експерт д-р Вишну Прасад. Овој ајурведски лекар од Индија е одличен дијагностичар, консултант за дијагностика на пулсот и специјалист за панчакарма, ајурведски третман кој е ефикасен и за хронични и за акутни здравствени проблеми. „Врз основа на резултатите од дијагнозата на пациентот, ајурведскиот лекар ги одредува индивидуалните препорачани процедури за Панчакарма, кои вклучуваат препораки за исхрана и препораки за различни форми на терапија, во зависност од секој поединечен случај“, вели Поповски.

На пример, нашата соговорничка Драгица Манојловска која боледува од автоимуната болест Хашимото – болест на тироидната жлезда проследена со хипотироидизам, а како последица на тоа долги години ја измачувала и хипертензија со тахикардии, иако со првична недоверба, на крајот си го нашла лекот кај ајурведски лекар. Тој ѝ препорачал промена на начинот на исхрана и воопшто, на стилот на живот. Со своето искуство, вели, го потврдува правилото дека без правилна исхрана, лековите не можат да помогнат, а со правилна исхрана – лекот е непотребен.

Основната цел на ајурведските третмани е да се прочисти телото од неразградената и неискористена храна наречена ама или отрови кои се акумулираат во телото и предизвикуваат болести.

]]>
Чаеви за дијабетес: Го регулираат шеќерот во крвта, го намалуваат воспалението и ја зголемуваат чувствителноста на инсулин! https://artkujna.mk/chaevi-za-dijabetes-go-reguliraat-shekerot-vo-krvta-go-namaluvaat-vospalenieto-i-ja-zgolemuvaat-chuvstvitelnosta-na-insulin/ Thu, 18 May 2023 11:32:44 +0000 https://artkujna.mk/?p=33781 Истражувањата потврдуваат дека редовното пиење чај помага во одржување на правилна хидратација на телото, што е од суштинско значење за секој телесен процес, вклучително и за регулирање на шеќерот во крвта.]]>

Дијабетес мелитус, познат и како шеќерна болест, е хронична метаболичка состојба која се карактеризира со високи нивоа на шеќер во крвта поради неможноста на панкреасот да произведе доволна количина на хормонот инсулин или поради намалената чувствителност на телото на инсулин.

Природните чаеви за дијабетес можат да бидат особено корисни бидејќи помагаат во контрола на нивото на шеќер во крвта, го намалуваат воспалението и ја зголемуваат чувствителноста на инсулин, што ги прави одличен избор за луѓето со дијабетес.

Истражувањата потврдуваат дека редовното пиење чај помага во одржување на правилна хидратација на телото, што е од суштинско значење за секој телесен процес, вклучително и за регулирање на шеќерот во крвта.

Тие исто така покажаа дека дехидрацијата кај луѓето со дијабетес е една од главните причини за зголемен шеќер во крвта. Затоа, редовното внесување течности е исклучително важно.

Растенијата се богати со лековити соединенија кои се одлични сојузници за превенција од висок крвен притисок, згрутчување на крвта и кардиоваскуларни заболувања.

Полифенолите имаат антиоксидантни својства кои го штитат телото од воспалителни процеси и развој на дијабетес тип 2, додека флавоноидите им помагаат на телесните системи да работат подобро.

Чаеви за дијабетес
Билните чаеви се високо ценети како најдобар лек за контрола на дијабетесот бидејќи, како што веќе споменавме, одредени видови имаат антиинфламаторни својства, го намалуваат шеќерот во крвта и го сензибилизираат телото на инсулин.

Според студиите, ова се најдобрите чаеви за дијабетес.

Чај од куркума
Куркумата е зачин добро познат по своите моќни антиоксидантни и антиинфламаторни својства за целокупното здравје на телото. Тој е одличен чај за дијабетес, бидејќи неговото главно соединение е куркуминот, кој е познат по неговите придобивки за намалување на нивото на шеќер во крвта.

Куркуминот го подобрува внесот на гликозата од ткивото и чувствителноста на инсулин, а студиите покажаа дека го нормализира нивото на липидите во крвта и ја подобрува функцијата на бубрезите. Ова е од особено значење за дијабетес тип 2, кој често се поврзува со бубрежна болест.

Чај од ѓумбир
Чаевите за дијабетес, освен куркумата, вклучуваат уште една исклучително лековита билка, а тоа е ѓумбирот. Според студиите, шолја чај од ѓумбир на празен стомак ја намалува гликозата во крвта.

Посебна студија покажа дека ѓумбирот влијае на контролата на гликемијата во телото и ја зголемува чувствителноста на инсулин. Како резултат на тоа, постои поголем внес на гликоза во периферното масно и скелетното мускулно ткиво.

Студија од 2015 година покажа дека испитаниците со дијабетес кои не биле на инсулин ја подобриле гликемиската контрола кога консумирале додатоци од ѓумбир секојдневно во период од три месеци, за разлика од групата која не ги земала.

Зелен чај и дијабетес
Зелениот чај често се споменува како најдобар чај за дијабетес, кој нуди многу здравствени придобивки. Редовното консумирање зелен чај го намалува оштетувањето на клетките, воспалението и го подобрува нивото на шеќер во крвта.

Одредени соединенија кои се наоѓаат во зелениот чај, како што е епигалокатехин галат (EGCG), го подобруваат навлегувањето на гликозата во мускулните клетки на скелетниот систем, а со тоа го намалуваат нивото на шеќер во крвта.

Истражувањата исто така покажаа дека пиењето зелен чај на празен стомак може значително да го намали нивото на шеќер во крвта, како и хемоглобинот A1C (HbA1C).

Зелениот чај и екстрактот од зелен чај играат значајна улога во спречувањето на дијабетес тип 2 и дебелина.

Се препорачува да пиете 3-4 шолји зелен чај дневно за да ги искористите сите негови придобивки.

Црн чај
Покрај зелениот чај, чаевите за дијабетес вклучуваат и црн чај.

Црниот чај содржи моќни растителни соединенија, вклучувајќи теафлавини и теарубигини, кои имаат антивоспалителни и антиоксидантни својства. Овие соединенија, исто така, помагаат во намалување и подобро управување со нивото на шеќер во крвта. Ова е причината зошто црниот чај е добар за дијабетес.

Црниот чај потиснува одредени ензими кои ја попречуваат апсорпцијата на јаглехидратите во телото, а со тоа помага да се одржи нормалното ниво на шеќер во крвта.

Истражувањата покажаа дека редовното консумирање црн чај ги штити клетките на панкреасот и го подобрува лачењето на инсулин во телото. Се препорачува да се пијат 3-4 шолји дневно.

Чај од камилица
Чајот од камилица е нежен чај за регулирање на шеќерот во крвта. Ја подобрува чувствителноста на инсулин и ги штити клетките од оксидативен стрес што може да доведе до компликации поврзани со дијабетес.

Само една ноќ на лош сон може да предизвика телото да произведува помалку инсулин, што потенцијално го зголемува нивото на шеќер во крвта.

Пред спиење, напијте се чај од камилица кој ќе ви помогне да заспиете.
Студија објавена во 2018 година покажа дека кај испитаниците со дијабетес тип 2 кои консумирале чај од камилица три пати на ден (по секој оброк) во текот на осум недели, отпорноста на инсулин била ублажена и маркерите на воспаление биле намалени.

Чај од хибискус
Чајот од хибискус има висока содржина на полифеноли и антоцијани антиоксиданти, кои му ја даваат светлоцрвената боја. Хибискусот помага во намалување на нивото на шеќер во крвта, отпорноста на инсулин во организмот, како и намалување на воспаленијата, поради што се препорачува како чај за дијабетес.

Исто така, може да помогне во намалување, како и подобро управување со нивото на високиот крвен притисок што е вообичаено кај луѓето со дијабетес.

Студијата спроведена на група од 60 испитаници заболени од дијабетес кои пиеле 240 мл чај од хибискус, два пати на ден во текот на еден месец, покажала значително подобрување во намалувањето на систолниот крвен притисок, за разлика од групата која консумирала црн чај.

Чај од цимет
Циметот е популарен зачин кој има неверојатни здравствени придобивки, особено антидијабетични својства, па затоа се користи како чај за намалување на шеќерот во крвта.

Циметот, како зачин, го забавува ослободувањето на шеќерот во крвотокот и го подобрува внесувањето на гликозата во клетките, но не треба да се консумираат повеќе од три грама од него.

Познато е дека пиењето на овој чај ја подобрува чувствителноста на инсулин и кога се зема на празен стомак има позитивен ефект врз нивото на шеќер и маснотии во крвта.

Чај од тилчец (пискавец)

Чајот од тилчец е традиционален лек кој се користи како чај за регулирање на шеќерот во крвта. Семките од тилчец се богати со растворливи влакна кои помагаат во намалување на шеќерот во крвта со забавување на варењето и апсорпцијата на јаглехидратите.

Неговата способност да го балансира нивото на инсулин е уште еден фактор што го потврди ова растение како традиционален лек за дијабетес.

Истражувањата покажуваат дека семките од тилчец имаат изразен ефект во подобрување на липидниот метаболизам кај луѓето со дијабетес тип 2.

Други студии ја покажаа ефикасноста на тилчец во намалување на нивото на гликоза во крвта и лекување на дијабетес кога се консумира на празен стомак. Го стимулира метаболизмот и го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите, а истовремено го подига нивото на добриот холестерол.

]]>
Терапијата за Хашимото не ми помогна, ама си го најдов лекот: Жена го сменила начинот на исхрана и на живот по препорака од ајурведски лекар https://artkujna.mk/terapijata-za-hashimoto-ne-mi-pomogna-ama-si-go-najdov-lekot-zhena-go-smenila-nachinot-na-ishrana-i-na-zhivot-po-preporaka-od-ajurvedski-lekar/ Wed, 22 Feb 2023 12:02:47 +0000 https://artkujna.mk/?p=32733 За неколку секунди ми ги кажа сите мои заболувања од минатото и сегашноста, како некој да му имаше раскажано сѐ  за мојата здравствена историја пред да влезам кај него, раскажува нашата соговорничка Драгица Манојловска за прегледот кај ајурведскиот лекар кој ѝ помогнал да ги реши своите проблеми поврзани со дијагнозата на Хашимото]]>

Нашата соговорничка Драгица Манојловска од Куманово која боледува од автоимуната болест Хашимото – болест на тироидната жлезда проследена со хипотироидизам, а како последица на тоа долги години ја измачувала и хипертензија со тахикардии, иако со првична недоверба, на крајот си го нашла лекот кај ајурведски лекар. Тој ѝ препорачал промена на начинот на исхрана и воопшто, на стилот на живот.

Дијагнозата на Драгица ѝ била поставена пред повеќе од 15 години и ѝ била препишана терапија со еутирокс и лекови за регулирање на притисокот и тахикардијата. Терапијата ја земала редовно, но сепак не се чувствувала подобро, односно заморот, ненаспаноста, губењето на волјата за активности и благата анксиозност биле нејзини секојдневни симптоми.

Драгица Манојловска

„Прво почнав да практикувам јога, а потоа, по препорака на мојот јога инструктор го посетив ајурведскиот доктор за кој претходно не знаев ништо. Од чиста љубопитност, но и потајно барајќи го спасот за себе, иако имав многу малку познавање за Ајурведата, проучив што вели интернетот и се одлучив да закажам преглед.

Оваа средба за мене претставуваше ново искуство и навистина бев вчудоневидена како може со допир на три прста, без ниту еден единствен инструмент, со древна техника која се практикува повеќе од 10 000 години, да изврши целосна дијагностика на моето тело и тоа само за неколку минути. За неколку секунди ми ги кажа сите мои заболувања од минатото и сегашноста, како некој да му имаше раскажано сѐ  за мојата здравствена историја пред да влезам кај него.

Потоа ме насочи кое е моето најдобро време за исхрана, практикување на здрави навики, активности кои ми одговараат, спортови, кои техники за дишење треба да ги совладам заради мојата анксиозност и кои ајурведски суплементи би можеле да ми помогнат.

По препораки од докторот почнав да консумирам безглутенска храна, помалку црвено месо, а за замена да користам риба и бело месо, потоа, обарен зеленчук, а од млечни производи – козјо млеко и сирење. Исто така, ги отфрлив белото брашно, шеќерот и солта. Кога користам јаткасти производи тие треба да бидат потопени од вечер во малку вода. Компир користам многу малку, а кафето, кое претходно многу сакав да го консумирам, ми го сведе само на едно.

Сега, по негова препорака појадувам во 9 часот, а завршувам со вечера во 18 часот.

Иако со голема недоверба морам да признаам дека сите совети дадени од докторот, веднаш ги прифатив и веќе половина од моите симптоми за многу кратко време се намалија. Ги земав и ајурведските суплементи, почнав да ги намалувам килограмите, а веднаш потоа почуствував големо олеснување, ми се вратија енергијата и желбата за живот.

Почнав да се сакам себеси и сосема го сменив мојот начин на живеење и размислување. Со еден збор, се пронајдов себеси. До ден денес правам редовни контроли кај мојот матичен доктор и антителата кои беа екстремно високи ми се нормализираа.

Иако ми беше кажано дека не можам да си најдам лек за моите заболувања, јас научив како вистински да живеам без болки и без болести“, раскажува нашата соговорничка.

Со своето искуство таа го потврдува правилото дека без правилна исхрана, лековите не можат да помогнат, а со правилна исхрана, лекот е непотребен.

Како и сите ајурведски терапии и ајурведската исхрана е персонализирана, прилагодена на физиологијата на поединецот, а ги следи и цикличните промени во природата.

]]>