банана леб – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 21 Oct 2024 12:21:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif банана леб – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Леб од банана без брашно https://artkujna.mk/leb-od-banana-bez-brashno/ Mon, 21 Oct 2024 12:21:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=41581 Направете вкусен леб од банана со само четири состојки - без брашно. Се прави многу лесно, а ако имате блендер, уште полесно. Ги ставате сите состојки во блендер, па печете и - тоа е сета работа! ]]>


Веруваме дека ве заинтересиравме со самиот наслов и поднаслов и сега ќе го оправдаме вашиот интерес.

Навистина станува збор за вкусен десерт од само четири состојки, без брашно, кој се подготвува во блендер.

За навистина да ја направите оваа поздрава верзија, набавете квалитетен путер од кикиритки и темно чоколадо. Вашиот блендер ќе го направи останатото!

Во случај кога уредот е послаб и имате проблем со дробење на овесните снегулки, додадете малку вода и по желба засладете со мед.

Овој леб е сочен, полн со вкус и лесно се сече.

Леб од банана од блендер
Состојки:

700 гр банани
180 гр овесни снегулки
250 гр путер од кикиритки
180 гр темно чоколадо

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Долгнавест калап за леб премачкајте го со масло и обложете го со хартија за печење.
Ставете ги бананите, овесните снегулки и путерот од кикиритки во блендер и измешајте ги во мазна смеса.
Додадете поголем дел од чоколадото и промешајте.
Истурете го тестото во калапот за леб. Одозгора наредете тенки парчиња банана и остатокот од чоколадото.
Печете 25-30 минути. Почекајте да се излади пред да го исечете и послужите.

]]>
Чоколаден колач со банани и овесно брашно https://artkujna.mk/%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87-%d1%81%d0%be-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%be-%d0%b1%d1%80%d0%b0/ Tue, 15 Feb 2022 14:28:17 +0000 https://artkujna.mk/?p=27627 Ако советите како да го надминете копнежот по благо не ви помогнаа или пак си викате, еднаш се живее, тогаш еве еден брз и лесен рецепт за чоколаден колач со банани. ]]>

Ако не можете без благо и не ви помага никаков совет како да ги замените слатките со суво овошје, јаткасти плодови или авокадо, тогаш обидете се да направите барем некоја поздрава верзија.

Нашава е со брашно од овес, банани, урми, какао, помалку шеќер…

Отиде пола во рок од пола час, ама барем се тешиме дека е поздрав од наполитанки.

Состојки:

2 јајца

150 мл јогурт

сок од 1 портокал

50 г кафеав шеќер

4-5 сечкани урми

малку сончоглед, малку сечкани лупени бадеми или ореви

200 г овесно брашно

150 г бело брашно

темно чоколадо

3-4 лажици какао

70 г путер (ние комбиниравме обичен путер со кокосово масло)

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

За украсување:

Ливчиња лупени бадеми и портокал или нешто по ваш избор

Приготвување:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додавајте растопен путер, јогурт и сок од портокал. А потоа додадете ги и сувите состојки и додатоците (семки од сончоглед, ореви, сечкани бадеми, урми).

Ставете ја смесата по подмачкан калап за леб и поросете со овесни снегулки.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 50 минути.

]]>