благо – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 01 Aug 2024 10:27:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.2 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif благо – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Како да ја намалите желбата за благо? https://artkujna.mk/kako-da-ja-namalite-zhelbata-za-blago/ Thu, 01 Aug 2024 10:27:39 +0000 https://artkujna.mk/?p=40500 Енергијата што ја даваат слатките бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. Тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина.]]>

Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение…

Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците.

Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ – ендорфин и допамин, но само кусо време.

Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“.

И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина.

Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ – производите со протеини.

Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати.

Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер.

Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати.

Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот кој води кон желба за благо.

Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците.

Следниот совет гласи: Спијте доволно.

Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија.

Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.

]]>
Дали имате силна желба за СЛАТКО или за СОЛЕНО? Што му недостасува на вашето тело? https://artkujna.mk/dali-imate-silna-zhelba-za-slatko-ili-za-soleno-shto-mu-nedostasuva-na-vasheto-telo/ Thu, 09 Mar 2023 10:15:52 +0000 https://artkujna.mk/?p=33004 Сигурно некогаш ви се случило да добиете неодолива желба за нешто солено, за нешто благо, евентуално, за нешто газирано. Што е тоа што на овој начин го бара вашиот организам?]]>

Сигурно ви се случило повеќе пати едноставно да морате да изедете коцка чоколадо или пак да почувствувате неодолива желба за нешто солено.
Ова не е ништо необично, а во повеќето случаи тоа е знак дека на нашето тело му недостасуваат некои есенцијални материи. Нутриционистот Ли Холмс објаснува што треба да правите во овие случаи:

Што значи ако добиете желба за нешто слатко?

„Ако ви се јаде чоколадо или јаткасти плодови, тоа може да биде сигнал за недостаток на магнезиум“, објаснува Холмс.

Желбата за слатки најчесто е сигнал за недостаток на важни минерали, па ако ви се јаде чоколадо, колач или нешто слично, тоа може да значи дека ви недостасува железо, калциум, магнезиум, цинк…

Што значи ако ви се јаде нешто солено?

Ако одеднаш почувствувате потреба за нешто солено, како што се чипс или кикиритки, ова е сигнал за дисбаланс на електролити. Слична потреба ќе почувствувате ако, на пример, сте биле на тренинг. Тогаш телото исфрла електролити преку потта и ви испраќа сигнал дека треба да ги надоместите.

„Кога ќе изгубиме премногу сол и електролити, телото ќе испрати сигнал за да го надоместиме изгубеното. Ќе почувствувате желба за чипс или други солени грицки, но тоа може да биде и знак дека имате недостаток на цинк или железо“, вели Холмс.

Што значи ако ви се пие нешто газирано?

Дали одеднаш „умирате“ од желба за кисела вода или газиран сок? Желбата за газирани пијалаци може да биде сигнал за недостаток на фосфор во организмот. Тоа може да биде и знак дека на телото му недостасува калциум.

Кое е решението?

Ли Холмс наведува дека секоја од овие ненадејни желби за „штетни“ намирници полни со сол и шеќер може да се задоволи на вистински начин – да ја задоволите желбата и да го надоместите токму она што му недостасува на телото.

Желбата за слатки ќе биде задоволена ако јадете јаткасти плодови, пилешко, јајца, сирење или зеленчук со јарки бои.
Желбата за солена храна ќе се задоволи со јаткасти плодови, масна риба и производи од козјо млеко.
Желбата за газирани пијалаци ќе се „реши“ ако пиете млеко или јогурт, или ако јадете сардина или сирење.

]]>
Кога копнеете по благо… https://artkujna.mk/%d0%ba%d0%be%d0%b3%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bf%d0%bd%d0%b5%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be-%d0%b1%d0%bb%d0%b0%d0%b3%d0%be/ Tue, 15 Feb 2022 12:48:53 +0000 https://artkujna.mk/?p=27621 Ако после ручек, првата мисла ви е со што да се заблажите, тогаш прочитајте ги овие совети. Ќе ви помогнат да го надминете ова чувство без да посегнете по шеќер]]>

По главниот оброк, честопати кај луѓето се јавува желбата и потребата за нешто слатко веднаш потоа. Тоа е природно, но за оние кои држат диета, може да биде проблем. Следат неколку совети како тоа да се надмине и избегне.

Целосен појадок

Оние кои наутро имаат обилен здрав појадок, богат со влакна и јагленохидрати, како овес и овошје и, квалитетните протеини во месо, јајца и млечни производи, го почнуваат денот со стабилно ниво на шеќер во крвта. Патем, луѓето кои јадат повеќе обилни оброци наутро, помалку копнеат за храна навечер.

Јадења богати со влакна и протеини

Влакната и протеините го забавуваат варењето, па колку подолго се чувствувате, толку подолго и останувате сити. Комбинирајте сирење и овошје, или сушено месо и чинија житарки, а препорачливо е исто така и тост со путер од кикирики.

Не гладувајте!

Луѓето честопати прескокнуваат оброк и мислат дека е тоа здраво… Сепак, тоа само ќе ја зголеми желбата за нездрави навики.

Кога луѓето се гладни, тие обично не бараат брокула, туку нешто благо за да го подигнат нивото на шеќер. Падот на тоа ниво предизвикува замор, главоболки, вртоглавица, морници или гадење. Јагленохидратите или протеините може да спречат таков пад и да се избегне желбата за слатки.

Ужина со сливи

Ако сакате слатки, обидете се да јадете некои природни слатки, како на пример, сливи. Тие се полни со корисни хранливи материи, меѓу другото, здрави се и за коските.

Повеќе задоволство за поголемо количество серотонин!

Јадењето слатки може да ви даде чувство на моментно задоволство, но има и други начини да го постигнете тоа.

Шеќерот го зголемува количеството серотонин во мозокот. Тоа е хормон што прави човекот да се чувствува добро. За среќа, благото во оваа смисла може да се замени со вежбање и изложување на Сонце.

Добар сон

Доколку ноќе не спиете помеѓу седум и осум часа, тоа може да предизвика хормонален дисбаланс и силна желба за слатки и други „брзи“ јагленохидрати. Затоа е важно добриот и квалитетен сон да биде на прво место.

Храна богата со магнезиум

Кога „копнеете“ за шеќер, телото всушност ви кажува дека му недостасува некој витамин или минерал. Магнезиумот е еден од нив. Замена за благото во тој случај се авокадото, јаткастите плодови и друга храна богата со магнезиум. 

]]>