виенски специјалитет – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 20 Dec 2021 09:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif виенски специјалитет – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Подобра од оригиналот: Виенска торта од скопска домаќинка https://artkujna.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%b3%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%be%d1%82-%d0%b2%d0%b8%d0%b5%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%82%d0%be%d1%80%d1%82%d0%b0-%d0%be/ Mon, 20 Dec 2021 09:19:59 +0000 https://artkujna.mk/?p=26853 Оваа превкусна чоколадна торта со мармалад од кајсии која била првпат направена во 1832. година, а го носи името на својот творец Франц Сахер, е еден од најпознатите кулинарски специјалитети на Виена. ]]>

Сахер тортата има светска слава и е можеби најпознатата торта во светот, заштитен знак на австриската престолнина. Ние имавме среќа да ја пробаме во македонски „превод“, повкусна дури и од оригиналот, а направена од рацете на нашата вредна читателка Рада Живанова

Состојки:

За тестото:

140 г путер

160 г шеќер

250 г чоколадо (барем 75% какао)

8 жолчки

8 белки

120 г брашно

1 ванилин шеќер

За филот:

370 г мармалад од кајсии

100 г путер

350 г чоколадо (барем 75% какао)

Приготвување:

Стопете го чоколадото на пареа. Одвојте ги жолчките од белките, па изматете ги белките со прстофат сол и оставете ги на страна.

Во друг сад матете ги путерот, шеќерот и ванилата. Додавајте ги жолчките една по една и постојано матете додека не се добие изедначена смеса.

Додадете го оладеното стопено чоколадо и матете убаво да се изедначи. Додадете ги белките и измешајте ги полека во смесата со лажица, додадете ги брашното и пецивото и повторно измешајте да се добие изедначена смеса.

Истурете ја смесата во подмачкан со путер и побрашнет тркалезен калап (26см) и ставете да се пече во загреана рерна на 170-180 степени околу 40 минути.

Печената торта оставете ја да лади во калапот 15-20 минути, потоа извадете ја, превартете ја и оставете целосно да се олади.

Поделете ја на половина.

Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и премачкајте ја целата торта. Оставете ја во фрижидер околу половина час да се стегне.

Подгответе ја глазурата, чоколадото стопете го на пареа заедно со путерот и премачкајте ја целата торта. Оставете ја да се олади убаво.

]]>