домашно ѓубриво – Арт кујна https://artkujna.mk Wed, 18 Jan 2023 10:04:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif домашно ѓубриво – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Ако билките ви венеат, нахранете ги! Направете домашно ѓубриво од состојки кои сите ги фрлаат, достапни се и евтини https://artkujna.mk/%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%b8-%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d0%b0%d1%82-%d0%bd%d0%b0%d1%85%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bf/ Wed, 18 Jan 2023 08:40:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=32169 Уште кога бевме деца, мајка ми не учеше да ги фрламе корите од банана во градината. Исто и лушпите од јајца. Ништо полесно од ова, а ефектот ќе ве воодушеви!]]>

Ако вашите билки ви венеат, а не знаете во што е проблемот, имаме едноставен рецепт како да ги опоравите. И ова не е некоја нова измислица. Напротив, уште кога бевме деца, мајка ми не учеше да не ги фрламе корите од банана во кантата за ѓубре, туку во градината. Исто и лушпите од јајца. Така секогаш низ дворот имавме расфрлани кори од банана и лушпи од јајца,ама затоа розите на мајка ми цветаа како луди.

Ништо полесно од ова, а ефектот ќе ве воодушеви!

Тајната е во состојките содржани во кората од банана, затоа никогаш не ја фрлајте.
Во теглата во која сте ставиле вода ставете ја и кората од банана. Оставете да отстои ден или два, а потоа извадете ја кората од теглата и наводнете ги корените на билките. Водата во која стоела кората сега содржи состојки кои ја збогатуваат почвата и го поттикнуваат растот на растенијата.

Ова можете да го правите сега со вашите собни билки, а напролет и во градината.

]]>