замена за јајца – Арт кујна https://artkujna.mk Tue, 13 Dec 2022 10:26:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif замена за јајца – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Сок од јаболка, банани, ленено семе и други замени за јајца https://artkujna.mk/%d1%81%d0%be%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d1%98%d0%b0%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5-%d0%b8-%d0%b4%d1%80/ Tue, 13 Dec 2022 10:26:52 +0000 https://artkujna.mk/?p=31604 Ако постите или сте веган, а не се откажувате од вкусните домашни печива, еве уште неколку идеи со што можете да ги замените јајцата во рецептите. Со некои од нив, на пример, со сокот од јаболки, можете да го замените дури и маслото]]>

Доколку во вашето семејство деновиве се пости, а имате уште доста време до Божиќ, веројатно ќе се зажелите за некое добро домашно печиво. И не мора да чекате постите да поминат. Секако, ова важи и за оние кои се алергични на јајца или пак сакаат нешто да направат, а тукушто откриле дека во фрижидерот нема повеќе јајца.

Еве неколку предлози со што би можеле да ги замените јајцата. Веќе се испробани и покажале дека печивата со нив се исто толку добри колку и со јајца.

1. Сок од јаболка
Се користи 1/4 чаша сок од јаболка без шеќер како замена за 1 јајце во повеќето рецепти. Според некои, добро е да се помеша со 1/2 лажичка прашок за пециво. Ако сѐ што имате е сок од јаболка со шеќер, тогаш едноставно треба да ја намалите количината на шеќер во рецептот. Сокот од јаболка е исто така популарна здрава замена за масло во голем број на бели пецива.

2. Банана
Се употребува 1/4 чаша згмечена банана (околу половина банана) наместо 1 јајце. Имајте превид дека сѐ што ќе правите на овој начин ќе има вкус на банана.

3. Ленено семе
Верувале или не, здравото лененео семе може да се користи како замена за јајца. Едноставно измешајте 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици вода и мешајте се додека водата потполно не се апсорбира и искористете ја смесата како замена за 1 јајце.

4. Растително масло
Една четвртина шолја од растително масло може да замени едно јајце. Ако ви недостасуваат повеќе од едно јајце, тогаш подобро употребете некоја од другите замени затоа што инаку може да излезе многу мрсно.

5. Вода, зејтин и прашок за пециво
Измешајте 2 лажици вода, 1 лажица зејтин и 2 лажички прашак за пециво. Користете ја оваа смеса како замена за 1 јајце. Кога ја користите за правење на колачи или други бели пецива, резултатот е фантастичен.

6. Најново
Најновата варијанта за замена на јајцата е течноста која се наоѓа во лименките со наут и грав. Можеби ова нема да е соодветно за сите варијанти, но доколку за рецептот треба само белка, тогаш искористете како замена за една белка 3 лажици од течноста.
Ако успешно ги искористите овие замени можеби ќе посакате да гои користите повторно дури и тогаш кога нема да имате потреба, односно, дури и кога во фрижидерот ќе имате доволно јајца. Или кога постите ќе завршат.

]]>
Искористете ја течноста од конзерва со наут или грав како замена за јајца https://artkujna.mk/%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d1%98%d0%b0-%d1%82%d0%b5%d1%87%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b7%d0%b5%d1%80%d0%b2%d0%b0-%d1%81/ Fri, 21 Oct 2022 12:48:46 +0000 https://artkujna.mk/?p=30878 Делот во конзервата што обично го фрлате може да го искористите кога ќе останете без јајца. Оваа течност е позната како аквафаба и е одлична замена за јајца. Три лажици од конзервирана аквафаба ќе бидат добра замена за едно јајце, а две лажици ќе бидат достојна замена за една белка. Течноста се става во сад, се додава шеќерот и се меша додека не се добие снег каков што би добиле со мешање белки.]]>

Ако го сакате наутот и често го користите во разни чорби, при подготовка на намази, салати и друго, а најчесто го користите оној од супермаркет кој доаѓа во лименка, не ја фрлајте течноста во неа бидејќи можете да ја искористите на различни начини. Оваа течност се нарекува аквафаба, а потекнува од латинските зборови аква (вода) и фаба (грав) и е дел од секоја лименка која содржи, на пример, грав или претходно споменатиот наут. Додека аквафабата во конзерва грав сè уште има одреден вкус и често има поинаков изглед, онаа од наут е понеутрална и попроѕирна и наликува на белки од јајце, па затоа токму таа често се користи како замена за јајца.

Аквафаба може да добиете и ако дома варите наут, но тој од конзерва ќе биде погуст и посигурен избор при подготовка на јадењата.

Целосна замена за јајца

Многу рецепти, особено оние за колачи и торти во својот состав содржат јајца. Веганите, оние кои се алергични на јајца или пак оние кои едноставно не сакаат јајца, заради тоа се присилени да ги избегнуваат тие јадења, или да бараат алтернатива. Како замена за јајца веќе со години се користат банани, јаболка, ореви, тикви, чиа семки, ленено семе, јогурт од соја, како и разни комбинации од намирници како прашок за пециво и оцет, желатин и вода и слично. Овие алтернативи можат да послужат во некои рецепти, меѓутоа, не се адекватно решение во оние рецепти за кои е потребна пена од белки. Заради ова, аквафабата се смета за револуционерно откритие, односно, за единствена, природна и здрава, а според многумина, и најцелосна замена за јајца.

Најчести дилеми

Сите оние кои првпат се среќаваат со аквафабата имаат доста дилеми, но и на гастрономските експерти им требало одредено време за да ги откријат сите убавини на оваа течност и да утврдат како да ја употребат и на кој начин максимално да ги искористат нејзините својства и карактеристики.

Еве ги одговорите на некои од нив:
Најдобри аквафаба својства има течноста од наутот или од белиот грав, иако апсолутно добри својства имаат и црвениот грав, црниот грав, леќата и грашокот. Зависно од тоа која мешунка ја користите, можете да очекувате благи разлики во текстурата, густината и бојата.
Аквафабата има неутрален мирис и вкус што се смета за една од нејзините највредни карактеристики.
За разлика од другите алтернативи таа придонесува за одржување на оригиналниот вкус и мирис на секое јадење.

Како да се подготви домашна аквафаба?
Мешунките е потребно да се варат на ниска температура неколку часа, а по потреба и дополнително се додека не стане слична на течноста што ја има во конзервираните мешунки. Ако течноста по варењето ви изгледа премногу течна, тогаш варете уште некое време за да добиете подобра цврстина.

Како да подготвите „снег“ од аквафаба?
На истиот начин како што матите и белки. За формирање на пена, односно, на снег, аквафабата сепак треба да ја мешате малку подолго отколку белките. Една шолја аквафаба е потребно да мешате околу 10 минути. Исто како и пената од белки, и пената од аквафаба мора што понежно да ја замешате со останатите состојки за да се одржи нејзината структура.

За кои јадења може да се користи?
Течноста може да се користи за сите јадења во кои инаку целото јајце или белката имаат улога на поврзување на сите намирници, а може да се користи за приготвување на јадења кои се консумираат сирови, како и за оние за кои е потребна термичка обработка.

Следниот пат кога ќе посакате на пример Павлова торта, а немате доволно јајца во фрижидерот, размислете за конзервата наут во оставата. Три лажици од конзервирана аквафаба ќе бидат добра замена за едно јајце, а две лажици ќе бидат достојна замена за една белка. Течноста се става во сад, се додава шеќерот и се меша додека не се добие снег каков што би добиле со мешање белки.

Ако ви остане аквафаба, чувајте ја во сад со капак во фрижидер до една недела или во замрзнувач до еден месец. Ставете ја во голем сад, замрзнете ја и префрлете ја во кесичка или едноставно ставете ја во сад за коцки мраз и вадете си по потреба.

]]>
Сок од јаболка, банана, ленено семе и други алтернативи за јајца https://artkujna.mk/%d1%81%d0%be%d0%ba-%d0%be%d0%b4-%d1%98%d0%b0%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5-%d0%b8-%d0%b4%d1%80%d1%83/ Wed, 24 Aug 2022 14:35:42 +0000 https://artkujna.mk/?p=30050 Има различни замени за јајца во рецептите и за нив се пишува често, но луѓето постојано изнаоѓаат нови и нови замени за оваа намирница која до скоро важеше за основна во секоја кујна]]>

Можеби постите, или некој од семејството е алергичен на јајца или едноставно сте заборавиле да купите јајца, а веќе намисливте да направите нешто…

Еве неколку стари, но и некои нови предлози со што би можеле да ги замените јајцата. Веќе се испробани и покажале дека пецивата со нив се исто толку добри колку и со јајца.

1. Сок од јаболка
Се користи 1/4 чаша сок од јаболка без шеќер како замена за 1 јајце во повеќето рецепти. Според некои добро е да се помеша со 1/2 лажичка прашок за пециво. Ако се што имате е сок од јаболка со шеќер, тогаш едноставно треба да ја намалите количината на шеќер во рецептот. Сокот од јаболка е исто така популарна здрава замена за масло во голем број на бели пецива.

2. Банана
Се употребува 1/4 чаша згмечена банана (околу половина банана) наместо 1 јајце. Имајте превид дека сѐ што ќе правите на овој начин ќе има вкус на банана.

3. Ленено семе
Верувале или не, здравото ленено семе може да се користи како замена за јајца. Едноставно измешајте 1 лажица мелено ленено семе со 3 лажици вода и мешајте сѐ додека водата потполно не се апсорбира и искористете ја смесата како замена за 1 јајце.

4. Растително масло
Една четвртина шолја од растително масло може да замени едно јајце. Ако ви недостасуваат повеќе од едно јајце, тогаш подобро употребете некоја од другите замени затоа што инаку може да излезе многу мрсно.

5. Вода, зејтин и прашак за пециво
Измешајте 2 лажици вода, 1 лажица зејтин и 2 лажички прашак за пециво. Користете ја оваа смеса како замена за 1 јајце. Кога ја користите за правење на колачи или други бели пецива, резултатот е фантастичен.

6. Најново
Најновата варијанта за замена на јајцата е сокот од грав, конкретно онаа течност која се наоѓа во лименките со наут. Можеби ова нема да е соодветно за сите варијанти, но доколку за рецептот треба само белка, тогаш искористете како замена за една белка 3 лажици од течноста.
Ако успешно ги искористите овие замени можеби ќе посакате да гои користите повторно дури и тогаш кога нема да имате потреба, односно, дури и кога во фрижидерот ќе имате доволно јајца.

]]>