имунитет – Арт кујна https://artkujna.mk Wed, 11 Nov 2026 15:12:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif имунитет – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Добредојде за една од најевтините и најздравите намирници https://artkujna.mk/dobredojde-za-edna-od-najevtinite-i-najzdravite-namirniczi/ Wed, 11 Nov 2026 15:12:13 +0000 https://artkujna.mk/?p=46949 Супата од тиква се смета за еден од најздравите и најевтините зимски оброци што се јадат со лажица, а нутриционистите препорачуваат да биде на трпеза најмалку два пати неделно.]]>

Тиквата содржи импресивна листа на витамини и минерали, меѓу кои најмногу се издвојува витаминот А затоа што од 245 грама варена тиква добивате повеќе од двојно повеќе од препорачаната дневна количина на витамин А.

Богатството со витамин А доаѓа од големите количини на каротеноиди кои се наоѓаат во тиквата, како што се бета-каротен, алфа-каротен, цис-бета-каротен, лутеин, ликопен и зеаксантин.

Бета-каротенот е најзастапениот каротеноид во тиквата во споредба со другите каротеноиди, а она што е важно е дека нашето тело го претвора ова соединение во витамин А.

Многу од здравствените придобивки од тиквата за различни процеси во телото се припишуваат на овие каротеноиди.

Најважните здравствени придобивки од супата од тиква

Тиквата помага за зачувување на имунолошкиот систем, за одржување на здрава кожа, пoттикнува апсорпција на железо, го зачувува добриот вид, го зачувува здравјето на мозокот, ги штити срцето и крвните садови, ја одржува енергијата и метаболизмот.

Тиквата е богата со витамини и минерали

Бета-каротенот или витаминот А помага да се одржи имунолошкиот систем.

Покрај тоа, овој витамин е добар за слузокожата во нашето тело, особено за кожата, белите дробови и цревата, бидејќи слузницата формира важна заштитна бариера од несаканите материи во нашето тело.

Витаминот А е добар и за очите и ја зголемува достапноста на железо од резервите во нашето тело. Освен тоа, супата од тиква содржи и значителни количини на витамин Ц, хранлива материја која придонесува за одржување на силен имунолошки систем.

Освен витамин А, супата од тиква содржи и витамини Ц, К, Б1, Е, Б5, Б6, Б3 и Б2, како и калиум, бакар, манган, фолна киселина, јод, магнезиум, фосфор, железо…

И само поради богатството на витамини и минерали кои ги содржи тиквата, таа не само што е здрава храна, туку може да се третира и како природен лек.

Самата тиква содржи околу 90 проценти вода, речиси и да нема маснотии, а 100 грама содржат само околу триесет калории и лесно се вари.

Како да се подготви супа од тиква?

Потребни состојки:

600 гр исчистена тиква исечкана на коцки
литар вода, по потреба додајте уште
2 ловорови листови
3 моркови
чаша кисела павлака
кромид
прстофат сол
една лажица маслиново масло
малку сечкан магдонос
сол и бибер.

Подготовка:

Излупените тиква и морков исечкајте ги на коцки. Во тенџере пропржете го сечканиот кромид. Истурете ја водата и додадете сечкана тиква, ловор, сол, бибер и оставете да се готви на умерен оган. Кога тиквата и морковот ќе омекнат, изблендирајте ги и ако смесата е премногу густа додадете уште малку вода, ситно сечканиот магдонос и лажица маслиново масло.
Во соединетата смеса можете да ја додадете павлаката цела или во секоја порција да додадете по една лажица.

Можете исто така да додадете парчиња двопек, крутони, препечен леб за да добиете целосен оброк.

]]>
Калинката е добра за срцето, варењето и имунитетот, но не треба да се претерува https://artkujna.mk/kalinkata-e-dobra-za-srczeto-vareneto-i-imunitetot-no-ne-treba-da-se-preteruva/ Fri, 06 Nov 2026 10:39:11 +0000 https://artkujna.mk/?p=46927 Калинката е богата со растителни влакна, витамини и антиоксиданти, но нутриционистите советуваат да не се претерува со количината. Еве колку се препорачува дневно.]]>

Зрната калинка со интензивна црвена боја одлично се комбинираат со салати, јогурт или овесни снегулки, а многумина сакаат да ги јадат со лажица или директно со рака. Но, покрај интересниот вкус, ова овошје крие и низа хранливи материи кои можат позитивно да влијаат врз организмот.

Станува збор за калинката, чија сезона е токму сега. Без разлика дали плодовите се слатки, кисели или нешто помеѓу, здравствените придобивки се огромни.

Калинката е вреден извор на растителни влакна, витамини и антиоксиданти. Редовното консумирање може да придонесе за здравјето на срцето, правилното варење и зајакнувањето на имунитетот.

Таа е добар извор на диететски влакна, кои можат да помогнат во одржувањето на редовното празнење на цревата и намалувањето на проблемите со запекот.

Сепак, претерувањето со количината може да предизвика дигестивни тегоби. Наглото зголемување на внесувањето растителни влакна кај луѓето кои не се навикнати на нив може да доведе до надуеност, гасови и стомачни грчеви.

Не постои официјално утврдена дневна количина што треба да ја консумира секој човек. Сепак, нутриционистите како практична почетна мерка за здрави возрасни лица препорачуваат приближно половина шолја свежи зрна од калинка дневно, што одговара на околу 80 до 90 грама.

]]>
Сакате да го зајакнете имунолошкиот систем? Оваа намирница е полна со витамин Ц, го чува срцето, штити од рак и е корисна кај дијабетес https://artkujna.mk/sakate-da-go-zajaknete-imunoloshkiot-sistem-ovaa-namirnicza-e-polna-so-vitamin-cz-go-chuva-srczeto-shtiti-od-rak-i-e-korisna-kaj-dijabetes/ Tue, 30 Sep 2025 12:17:40 +0000 https://artkujna.mk/?p=45429 Сепак, брокулата не е идеална за секого. Луѓето кои земаат разредувачи на крвта мора да внимаваат на внесот на витамин К, додека кај оние со синдром на нервозно дебело црево може да предизвика надуеност. Исто така, фосфорот од брокулата може да биде проблематичен за оние со проблеми со бубрезите.]]>

Брокулата можеби не изгледа гламурозно, но оваа зелена-крцкава кралица на зеленчукот е вистинско богатство од витамини, минерали и антиоксиданти. Иако потекнува од див синап, земјоделците ја обликувале низ вековите во зеленчукот што го знаеме денес. Таа била дел од медитеранската кујна уште во Римското Царство, додека во Америка почнала да се одгледува дури во 1920-тите. Денес, просечниот Американец јаде речиси три килограми брокула годишно – и покрај фактот дека нејзиниот специфичен вкус понекогаш е „генетски проблематичен“ за чувствителните непца.

Висока доза на витамин Ц

Половина чаша варени цветчиња содржи само 15 калории, но е богата со хранливи материи. Брокулата е богата со витамин Ц – една чаша содржи витамин Ц колку и портокалот – а исто така содржи калциум, железо, фосфор, калиум, цинк и витамини А, Б6, Е и К.

Стеблата се полни со влакна, додека листовите се ризница на антиоксиданти и калциум. Зошто е добра за вашето здравје? Научниците обрнаа посебно внимание на сулфорафанот, сулфурно соединение кое се наоѓа во брокулата. Може да помогне кај дијабетес бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта, особено кај луѓе со тип 2. Исто така, помага кај рак бидејќи помага во спречувањето на формирање на канцерогени клетки. Ја зачувува ‘рскавицата во зглобовите кај остеоартритис, а може да помогне и за менталното здравје. Имено, се истражува нејзиното влијание врз регулирањето на хемијата на мозокот кај шизофренијата. Покрај тоа, каротеноидите од брокулата го зајакнуваат имунитетот и го штитат срцето.

Не е за секого

Брокулата не е идеална за секого. Луѓето кои земаат разредувачи на крвта мора да внимаваат на внесот на витамин К, додека кај оние со синдром на нервозно дебело црево може да предизвика надуеност. Исто така, фосфорот од брокулата може да биде проблематичен за оние со проблеми со бубрезите.

Важно е и како ја избирате брокулата. На пазарот, изберете цврсти и темнозелени главици без жолти цветчиња. Во фрижидер, во пластична кеса, може да трае до една недела. Најдобро е да се готви кратко – бланширањето или печењето во рерна ги зачувува хранливите материи. Класичното готвење во вода, од друга страна, „убива“ до 90 проценти од витамините. Подобро е да се вари на пареа.

Можете да ја јадете сирова со сос од јогурт или хумус, да ја додадете во тестенини, да ја печете со домати или да ја претворите во крем супа со сирење. Без разлика дали е ѕвезда на оброкот или скромен додаток, брокулата е неопходен сојузник на здравјето – и одлична причина да ѝ дадете повеќе простор на чинијата.

]]>
Сулфур: минерал кој го зајакнува имунолошкиот систем и го обновува телото https://artkujna.mk/sulfur-mineral-koj-go-zajaknuva-imunoloshkiot-sistem-i-go-obnovuva-teloto/ Mon, 15 Sep 2025 10:45:42 +0000 https://artkujna.mk/?p=45368 Сулфурот содржи сулфорафан - соединение со силно заштитнo делување против канцерогени промени. Но, важно е да се подготват накратко, до пет минути на пареа или динстање, за да се зачуваат вредните сулфурни соединенија. ]]>

Сулфурот е минерал кој му помага на телото одвнатре и однадвор: го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува воспалението, ја подобрува подвижноста на зглобовите и придонесува за убавината на кожата, косата и ноктите.

Иако сулфурот често се поврзува со негативни конотации поради неговиот непријатен мирис, вистината е дека овој минерал има толку многу придобивки за човечкото тело што треба да му се даде почесно место меѓу „чуварите на здравјето“.

Зошто сулфурот е важен за телото?

Сулфурот е трет најзастапен минерал во човечкото тело, веднаш по калциумот и фосфорот. Речиси половина од неговата вкупна количина се наоѓа во кожата, мускулите и коските.

Учествува во стотици физиолошки процеси:

помага во метаболизмот на протеините, јаглехидратите и мастите,
ја поддржува функцијата на црниот дроб и жолчката,
учествува во елиминацијата на токсините,
ги штити мозокот и срцето благодарение на неговите антиоксидантни својства.
Недостатокот на сулфур е поврзан со срцеви заболувања, хроничен замор, дебелина, намалена отпорност на инфекции и дегенеративни заболувања како што е Алцхајмеровата болест.

Кои се последиците од недостаток на сулфур?

Ако нема доволно сулфур во телото, може да се појават проблеми со зглобовите и мускулите, губење на еластичноста на ткивата, замор, но и проблеми со косата, кожата и ноктите. Со оглед на тоа што сулфурот е клучен за ензимската активност, неговиот недостаток ги нарушува речиси сите метаболички процеси во телото.

Кои намирници се најдобри извори на сулфур?

Сулфурот се внесува во телото преку храната, а главни извори се намирниците богати со протеини:

јајца (особено жолчката),
млеко и млечни производи,
месо, живина и морска храна.
мешунки (грав, грашок, соја),
житарки и јаткасти плодови,
лиснат зеленчук и крстоносен зеленчук (брокула, карфиол, кељ, прокељ, зелка, рен).
Кроносниот зеленчук содржи сулфорафан – соединение со силно заштитнo делување против канцерогени промени. Но, важно е да се подготват накратко, до пет минути на пареа или динстање, за да се зачуваат вредните сулфурни соединенија.

Зошто кромидот и лукот се посебни?
Кромидот, лукот, празот и власецот се богати со сулфурни соединенија како што е алицинот, одговорни за нивниот карактеристичен мирис и вкус, но и за нивните силни антимикробни и антиинфламаторни ефекти.

Колку се поситно исечкани, толку повеќе лековити супстанции ослободуваат. Најдобро е да ги оставите да отстојат најмалку 5-10 минути пред подготовка или консумирање.

Какво е влијанието на сулфурот врз косата, кожата и ноктите?

Сулфурот се нарекува „минерал за убавина“ со причина. Косата и ноктите се направени од кератин – протеин богат со сулфур кој им дава цврстина, сјај и еластичност.

Ако немате доволно:

косата станува мрсна и склона кон опаѓање,
се појавува првут,
ноктите стануваат кршливи,
кожата е посклона кон акни и воспаленија.

Поради оваа причина, сулфурот често се користи во шампони против првут, креми против акни и дермокозметика за чувствителна кожа.

Што е MSM и кога се препорачува?

MSM (метил-сулфонил-метан) е форма на органски сулфур достапен како додаток во исхраната.

Препорачано за:

зајакнување на имунитетот,
детоксикација,
здравје на зглобовите и подобра подвижност,
убава кожа, коса и нокти.

Зошто сулфурните бањи се лековити?
Сулфурот се користи во термалните водни терапии уште одамна. Сулфурните бањи имаат антиинфламаторни ефекти, ја стимулираат циркулацијата и регенерацијата на ткивата и помагаат кај:

ревматски заболувања и артритис,
болки во грбот,
респираторни и гинеколошки проблеми,
кожни проблеми како што се псоријаза и егзема.
Истражувањата потврдуваат дека редовните сулфурни бањи ја ублажуваат вкочанетоста на зглобовите, ја намалуваат болката и придонесуваат за регенерација на ‘рскавицата.

Колку сулфур ни е потребен дневно?
Се проценува дека потребите на телото се од 600 до 800 мг дневно. Најлесен начин да ги задоволите е да јадете разновидна и балансирана исхрана богата со протеини, зеленчук и јаткасти плодови.

]]>
Влијанието на ултра-преработената храна врз лимфниот систем https://artkujna.mk/vlijanieto-na-ultra-prerabotenata-hrana-vrz-limfniot-sistem/ Mon, 19 May 2025 12:44:50 +0000 https://artkujna.mk/?p=44367 Долготрајната консумација на ултра-преработена храна има сериозни последици врз човековиот лимфен систем и неговото функционирање како централен столб на нашиот имунитет.]]>

Ултра-преработената храна сочинува сè поголем дел од модерната исхрана. Овој вид храна вклучува производи кои поминале низ повеќе фази на индустриска преработка и често содржат адитиви, емулгатори, заситени и транс масти, рафинирани шеќери и вештачки ароми.

Иако често се истражува неговото влијание врз дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања, помалку се знае за потенцијалното влијание што ултра-преработената храна го има врз лимфниот систем, клучен дел од имунолошкиот и детоксикацискиот систем на телото.

Што е лимфниот систем и зошто е важен?
Тоа е мрежа од лимфни садови, јазли и лимфна течност која игра клучна улога во:

заштита на телото од инфекции и туѓи тела,

отстранување на токсини, отпадни материи и вишок течности,

транспорт на масти и липофилни супстанции од цревата во крвотокот.

Здравиот лимфен систем е од витално значење за имунолошката рамнотежа и спречување на воспалителни и автоимуни процеси.

Како ултра-преработената храна влијае на лимфниот систем?
Хронично воспаление од низок степен
Ултра-преработената храна ги стимулира воспалителните патишта преку прекумерен внес на шеќер, омега-6 масти, адитиви и емулгатори.
Ова може да доведе до преоптоварување на лимфниот систем, кој мора да се справи со вишокот воспалителни производи.

Дисбиоза на цревата
Ултра-преработената храна ја нарушува цревната микробиота, што може да предизвика зголемена цревна пропустливост (протекување на цревата), дозволувајќи им на ендотоксините да поминат во лимфата.
Потоа, лимфниот систем станува оптоварен со молекули за чистење и обработка кои инаку не би требало да влезат во циркулацијата.

Нарушувања на апсорпцијата на масти
Лимфниот систем ги собира масните киселини преку таканаречената млечна (лактилна) лимфа. Прекумерните количини на индустриски масти можат да го попречат овој процес и да придонесат за формирање на липемија во лимфата.

Акумулација на токсични соединенија
Емулгаторите, конзервансите и пластификаторите од амбалажата (како BPA) можат да се таложат во лимфните јазли, потенцијално менувајќи го нивниот имунолошки одговор.

Влијание врз лимфниот проток и едемите
Исхраната богата со ултра-преработена храна може да придонесе за задржување на течности и лоша лимфна дренажа, особено кај луѓе предиспонирани за лимфедем.

Долгорочни последици
Слабеење на имунитетот – поради оптоварување на лимфните јазли и постојана изложеност на антигени

Зголемен ризик од автоимуни заболувања – поради системско воспаление

Повисок оксидативен стрес – што дополнително го оптоварува лимфниот систем

Можна врска со развојот на лимфом – иако сè уште нема цврсти докази, некои токсини од ултра-преработената храна се класифицирани како потенцијално канцерогени.

Заклучок
Иако ефектите од ултра-преработената храна најчесто се анализираат во контекст на метаболички заболувања, нивната долготрајна консумација може да има сериозни последици врз функционирањето на лимфниот систем, кој е централен столб на нашиот имунитет.

Одржувањето на разновидна и што е можно поприродна исхрана, со избегнување на вишок индустриски преработени производи, може да помогне во очувањето на лимфната рамнотежа и спречување на бројни нарушувања.

]]>
Топ 5 јаткасти плодови препорачани од нутриционистите: Кои се добри за диета, а кои за имунитет? https://artkujna.mk/top-5-jatkasti-plodovi-preporachani-od-nutriczionistite-koi-se-dobri-za-dieta-a-koi-za-imunitet/ Mon, 10 Mar 2025 13:07:17 +0000 https://artkujna.mk/?p=43482 Бадемите имаат најмалку калории меѓу јаткастите плодови и се богати со витамин Е, еден од најмоќните антиоксиданти кој помага во борбата против воспалението, ракот на белите дробови и падот на когнитивните способности. ]]>

Јаткастите плодови поради содржината на маснотии предизвикуваат подолго чувство на ситост и на тој начин можат да помогнат при слабеење.

Пожелно е да се јадат помеѓу оброците, со овошје, за да го издржите гладот ​​помеѓу главните оброци и да спречите прејадување.

Не се сите за диета
Макадамијата и пеканот имаат најголема содржина на масти и калории, па затоа се препорачува да се консумираат во помали количини за време на диета или да се изберат јаткасти плодови со помала калориска вредност. Најдобар избор за диета се бадемите.

Јаткастите плодови го зајакнуваат имунитетот
Бадемите имаат најмалку калории меѓу јаткастите плодови и се богати со витамин Е, еден од најмоќните антиоксиданти кој помага во борбата против воспалението, ракот на белите дробови и падот на когнитивните способности. Бадемите придонесуваат за здравјето на коските, ја подобруваат меморијата и помагаат во регулирањето на варењето.

Оревите се најбогат извор на алфа-линоленска киселина, вид на омега-3 масни киселини, што ги прави одлични за здравјето на срцето и правилната функција на мозокот.

Бразилските ореви се богати со селен, минерал со антиинфламаторни својства што го штитат срцето од оксидативно оштетување и го намалуваат ризикот од рак на простата. Особено се корисни за мажите бидејќи содржат селен, минерал кој помага во заштитата од рак на простата. Но, важно е да се консумираат умерено.

Кикиритките се одличен извор на витамини Б, кои го поддржуваат метаболизмот и ослободувањето на енергија. Особено се корисни за трудниците бидејќи помагаат да се заштити нероденото бебе од разни оштетувања.

Лешниците содржат магнезиум и фосфор, кои придонесуваат за релаксација на мускулите и зајакнување на коските, како и бакар и манган, есенцијални минерали за здравјето на коските.

]]>
Природен лек за имунитет кај возрасните: Што помага? https://artkujna.mk/priroden-lek-za-imunitet-kaj-vozrasnite-shto-pomaga/ Mon, 02 Dec 2024 08:41:42 +0000 https://artkujna.mk/?p=42117 Кога телото слабее, природен лек за имунитетот кај возрасните наоѓаме во комбинацијата од здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и намален стрес. Постојат и проверени домашни препарати, лековити растенија и суперхрана кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор и ни помагаат да уживаме во подобро здравје.]]>

Кога станува збор за нашето здравје и благосостојба, имунитетот игра клучна улога во одржувањето на рамнотежа. Имунитетот е нашиот најважен одбранбен систем кој ни помага да се бориме против бројни инфекции и болести. Лековитите богатства од природата се наши сојузници кои ни помагаат да го зајакнеме имунолошкиот систем и да го зачуваме здравјето.

Кога телото слабее, природен лек за имунитетот кај возрасните наоѓаме во комбинацијата од здрава исхрана, редовно вежбање, квалитетен сон и намален стрес. Постојат и проверени домашни препарати, лековити растенија и суперхрана кои го зајакнуваат имунолошкиот одговор и ни помагаат да уживаме во подобро здравје.

Нашиот имунолошки систем е голема мрежа на клетки и органи како што се бели крвни зрнца, антитела, лимфниот систем, слезината, тимусот (градните жлезди) и коскената срцевина.

Кога имунитетот е нарушен, стануваме поподложни на хроничен замор, стрес, воспалителни состојби на кожата (егзема), настинки, грип, алергии и други болести. Поради оваа причина, неговото зајакнување е од суштинско значење за превенција од болести и подобрување на општата здравствена состојба.

Иако фармацевтските лекови често се првата линија на одбрана, сѐ повеќе луѓе се свртуваат кон природни методи за подобрување на своето здравје.
Во продолжение дознајте на кои природни методи и на кои билни сојузници може да сметате како совршен природен лек за имунитет кај возрасните.

Природен лек за имунитет кај возрасни

Лековитите растенија, производите од мед, зеленчукот и овошјето одамна се одличен природен лек за имунитетот кај возрасните бидејќи содржат супстанции кои имаат антиоксидантни, антиинфламаторни и антивирусни својства, што ги прави одлични сојузници во зајакнувањето на имунитетот.

Растенија кои го зајакнуваат имунитетот

Растенијата се богати со фитохемикалии, биоактивни соединенија кои ги штитат од болести и штетници. Кога консумираме растенија, истите овие супстанции ни помагаат да го зајакнеме нашиот имунитет.

Затоа, доколку сакате да го подобрите вашето здравје на природен начин, пробајте некои од овие билки кои се одлични сојузници во зајакнувањето на имунитетот и одржувањето на здравјето:

Ехинацеа – едно од најпознатите растенија што се користи уште од дамнина како сестран лек кај северноамериканските Индијанци, таа е одличен природен лек за имунитет кај возрасните; го стимулира имунолошкиот систем, го забрзува процесот на заздравување и помага во борбата против разни инфекции, настинки и грип
Ѓумбир – во Ајурведата, овој високо ценет ароматичен корен има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства кои ја ублажуваат болката, го смируваат воспалението и симптомите на настинка; го одржува здравото варење, а со тоа и здрав имунитет
Коприва – новото истражување ја покажува способноста на копривата да го поддржува целокупното имуно здравје; ова сестрано лековито растение е богат извор на антиоксиданти, витамини и минерали како што се витамин Ц и железо, што е темел на нивната улога во промовирањето на здрави имунолошки реакции
Лук – уште од многу одамна, оваа скромна билка служела и како природен лек за имунитет кај возрасните со своите моќни лековити својства; тој е одличен природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, габи, бактерии и вируси
Камилица – нежниот цвет од камилица има смирувачки ефект врз телото и умот; со своите антиинфламаторни, антивирусни и антибактериски својства го зајакнува имунитетот, ги намалува воспалителните процеси во организмот и помага во лекувањето на респираторните заболувања
Куркума – златно-жолтиот корен на куркумата е високо ценет во ајурведската и кинеската медицина како моќен антиоксидант кој со своите антиинфламаторни својства го намалува воспалението во телото и помага во борбата против разни болести; редовното консумирање на куркума помага за одржување на здрав имунолошки систем и придонесува за целокупната благосостојба на организмот
Мента – ова ароматично и смирувачко растение е богато со минерали и витамини кои го стимулираат имунолошкиот систем; освежува, помага при дигестивни проблеми и има антибактериски својства
Бозел – ова растение со миризливи цветови е вистински скапоцен камен и природен лек за имунитет кај возрасните; содржи бројни лековити својства кои го поддржуваат нашето здравје; богат е со витамин Ц и има антивирусни својства, што го прави популарен избор за време на сезоната на настинки и грип
Кантарион – впечатливите лековити својства на ова растение се протегаат со векови наназад; Кантарионот често се користи за ублажување на симптомите на стрес, анксиозност и депресија, но исто така е познат како моќно антиинфламаторно и антибактериско средство кое го поддржува имунитетот и го подобрува општото здравје.
Жалфија – ароматичните лисја на растението не се само вкусен додаток на јадењата, туку и вистинско богатство за нашето здравје; жалфијата е природен лек кој може да помогне во зајакнувањето на имунитетот, спречување на настинки и грип и ублажување на болки во грлото и дигестивни проблеми; неговите лековити својства се добро познати со векови и се користи во традиционалната медицина ширум светот.
Растенијата може да се користат на различни начини:

чаеви – најчест начин на консумирање лековити билки
тинктури – концентрирани растителни екстракти во алкохол
суви екстракти – додадени во храна или пијалак
капсули – додатоци во исхраната
свежи билки – може да се додадат во салати, супи или смути.

]]>
Пет чудесни намирници за силен имунитет https://artkujna.mk/pet-chudesni-namirniczi-za-silen-imunitet/ Fri, 25 Oct 2024 08:32:30 +0000 https://artkujna.mk/?p=41628 Ако сакате да го засилите вашиот имунитет, не мора да земате суплементи, само внимавајте на изборот на намирниците]]>

Храната често е најголемиот сојузник на доброто здравје, без кое нема силен имунитет, кој му помага на телото да се одбрани од сите надворешни и внатрешни закани.

Јогурт
Според публикациите на научниците во European Journal of Nutrition, секојдневното консумирање јогурт може да го зајакне имунолошкиот систем бидејќи содржи бактериски култури на Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus.

Покрај тоа, нуди добри количини на калциум, витамини Б и Д и други хранливи материи кои влијаат на имунолошкиот систем.

Јогуртот лесно се внесува во вашата исхрана затоа што, покрај тоа што можете да го пиете директно од чаша, можете и да го додадете во овошјето, да направите прелив за салата од него, да го користите наместо мајонез, па дури и густите супи ќе станат полесни за варење со малку јогурт.

Спанаќ
Спанаќот содржи фолати, витамин А, витамин Ц, магнезиум и железо, а како таква моќна комбинација може да го зајакне целиот имунолошки систем и да му обезбеди на телото доволно хранливи материи за обновување на ДНК.

Искористете ги сите негови својства со тоа што ќе го јадете сиров или само со бланширање. Можете да направите и сос со артичоки, да го подготвите со павлака, да направите лазањи од спанаќ и да ги наполните тестенините со сирење и спанаќ и да ги испечете.

Пилешка супа
Пилешкото е полно со аминокиселина триптофан, која ви го дава тоа пријатно чувство откако ќе ја изедете супата. Доколку се чувствувате депресивно, консумирањето живина ќе го зголеми нивото на серотонин во мозокот, ќе го подобри вашето расположение, ќе ги намали ефектите од стресот и на тој начин ќе ве заштити од болести… Пилешката супа нуди антивоспалителни својства кои ги олеснуваат симптомите на настинка, а исто така го зајакнува имунитетот.

Сок од калинка
Малкумина знаат колку е здраво ова овошје, а особено сокот што се прави од него. Со безброј здравствени придобивки, калинката е добар сојузник за силен имунитет и треба редовно да ја консумирате.

Додадете од зрнцата во вашите овошни салати, измешајте сок од калинка со сок од лимон, додадете го во салати или украсете го печеното месо.

Печурки
Печурките се полни со селен и витамини од групата Б, кои се важни за совршено функционирање на имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие се полни со полисахариди, молекули кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. Тие се одлична намирница за готвење бидејќи добро ги поднесуваат другите намирници.

Доколку одлучите да ги испечете на грил тавче, сигурно ќе уживате во интензивниот и полн вкус на печурките, подгответе ги со јајца бидејќи се одлична комбинација. Тие се фантастичен додаток на супи, салати или тестенини. Можете да ги ставите во сендвичи или да ги дополните со вашите омилени зачини и ориз.

]]>
Шитаке печурките се нарекуваат еликсир на животот: Ги зајакнуваат коските и имунитетот и имаат антиканцероген потенцијал https://artkujna.mk/shitake-pechurkite-se-narekuvaat-eliksir-na-zhivotot-gi-zajaknuvaat-koskite-i-imunitetot-i-imaat-antikanczerogen-potenczijal/ Mon, 16 Sep 2024 13:30:42 +0000 https://artkujna.mk/?p=41075 Вклучувањето на шитаке печурките во секојдневната исхрана ќе овозможи ефикасно искористување на хранливите материи кои го зајакнуваат имунитетот, но и здравјето во целина.]]>

Јапонците ги сметаат шитаке печурките за еликсир на здравје и долговечност.

Исто така, неколку истражувачки институции ја оценија оваа храна како здрава и исклучителна во спектарот на корисни својства за целокупното здравје.

Зошто шитаке печурките се корисни кога сме настинати?

И свежите и сувите печурки шитаке, како и шитаке во прав, содржат бета (β)-глукани, полисахариди кои помагаат во активирање на клетките на имунолошкиот систем и подобрување на имунитетот.

Една интересна студија се занимава токму со ефектот на шитаке печурките врз имунитетот и детално ги сугерира предностите во формирањето и зачувувањето на имунитетот кај помладите луѓе.

Познато е дека β-глуканите ги активираат имуните клетки и ја зголемуваат нивната способност да се борат против патогени како вируси и бактерии.

Како шитаке печурките влијаат на цревната флора

Сувиот шитаке и прашокот шитаке се богати со диетални влакна.

Влакната го промовираат растот на корисни бактерии и помагаат во одржувањето на здравата цревна средина.

Здравјето на цревата е поврзано со посилен имунитет, бидејќи цревата игра клучна улога во имунолошкиот систем, а корисните бактерии во цревата влијаат на функцијата на Т-клетките.

Богатство на антиоксиданти

Шитаке содржи антиоксиданти кои не штитат од дејството на слободните радикали.

Овие патогени материи не загрозуваат на повеќе нивоа, од имунитет до појава на малигни заболувања и забрзано стареење.

Сите намирници кои содржат антиоксиданти треба да бидат вклучени во редовното консумирање, бидејќи тие ќе не заштитат од бројни негативни влијанија кои заедно со генетската предиспозиција се основа за разни болести.

Витамините и нивната улога во квалитетот на овие печурки

Шитаке во прав содржи витамини Д и Б комплекс, кои исто така придонесуваат за подобрување на имунитетот.

Познато е дека витаминот Д ја активира функцијата на имуните клетки, помагајќи да се спречат заразни болести.

Витамините од Б комплексот се есенцијални хранливи материи за одржување на функцијата на имунолошкиот систем.

Основа на силен имунитет

Вклучувањето на шитаке прашокот во вашата секојдневна исхрана ќе овозможи ефикасно искористување на хранливите материи кои го зајакнуваат нашиот имунитет.

Покрај инкорпорирањето на балансиран план на исхрана, практикувањето здрав начин на живот со соодветен сон, умерена физичка активност и управување со стресот, исто така, помагаат во подобрување на имунитетот.
Ефектите на зајакнување на имунитетот дополнително се засилуваат со синергетското дејство на состојките на шитаке печурките. β-глуканите, витамините, минералите, антиоксидантите и диеталните влакна заедно ја формираат основата на стабилен имунитет.

Со активирање на Т-клетките за борба против патогени, подобрување на цревната флора и заштита на клетките од болести, ќе направиме најмногу за нашето здравје.

]]>
Дали знаете како влијае пивото на здравјето на цревата? https://artkujna.mk/dali-znaete-kako-vlijae-pivoto-na-zdravjeto-na-czrevata/ Tue, 19 Sep 2023 13:02:07 +0000 https://artkujna.mk/?p=35480 Студиите за хранливите материи што ги содржи пивото покажуваат како тие делуваат заедно на цревата, поттикнувајќи го здравјето на различни начини во телото.]]>

Пивото, омилениот пијалак на многумина, има долга и богата историја која датира илјадници години наназад.
Освен што е задоволство за непцето, пивото е и предмет на љубопитство од страна на научниците. Некои истражувања ги открија придобивките што ги има консумирањето на пиво врз имунолошкиот систем и цревниот микробиом.

Пивото е еден од најчесто консумираните пијалаци, кој го зазема второто место по водата и чајот.
Во древните сумерски и вавилонски култури бил прифатен како главен и речиси божествен пијалак. За време на древните кинески погребни ритуали и владеењето на фараоните, пивото им се делело на работниците, а монасите го произведувале во средниот век.

Денес, пивото привлекува внимание не поради неговите психо-фармаколошки или социјални карактеристики, туку поради неговите функционални аспекти.

Студиите за микроорганизми, полифеноли, диетални влакна и меланоидин содржани во пивото покажуваат како тие заедно делуваат на цревата и цревната микробиота, потикнувајќи го здравјето на различни начини во телото.

Пивото, како традиционален ферментиран пијалок, е богат со есенцијални амино киселини, витамини, елементи во трагови и биоактивни материи кои играат клучна улога во регулирањето на многу физиолошки функции на човечкото тело. Полифенолите присутни во пивскиот слад и хмељот се исто така важни активни соединенија кои имаат корисен ефект врз цревниот микробиом.
Претходните истражувања се фокусираа на тоа како овие биоактивни материи во пивото можат да помогнат во спречување на артериосклероза и срцеви заболувања, поттикнување на циркулацијата на крвта, поддршка на имунолошката функција, поттикнување на антиоксидантни и антиинфламаторни ефекти и зајакнување на производството на естроген.

Со испитување на претходните истражувања на животни и луѓе, кинеските научници открија дека ниската или умерена потрошувачка на пиво, со или без алкохол, поттикнува здрава имунолошка функција.
Кога пивото се консумира умерено, се забележува дека фенолите и другите хранливи материи што ги содржи влијаат на развојот на корисни бактерии во цревата, предизвикувајќи голем број антиинфламаторни, антиоксидантни и имуномодулаторни ефекти.

Овој преглед на истражувања сугерира дека подобрувањата во имунолошкиот систем може да се припишат на интеракцијата помеѓу полифенолите на пивото, влакната и етанолот бидејќи тие заедно го поттикнуваат развојот на цревниот микробиом. И покрај тоа, потребни се детални истражувања за да се потврди можната употреба на пивото како регулатор на микробиомот во иднина.

]]>