локална храна – Арт кујна https://artkujna.mk Fri, 12 Jul 2024 07:22:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif локална храна – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Домашната храна ги чува вистинските вредности: Дојди на трпеза, втор национален конгрес на Слоу фуд Македонија https://artkujna.mk/domashnata-hrana-gi-chuva-vistinskite-vrednosti-dojdi-na-trpeza-vtor-naczionalen-kongres-na-slou-fud-makedonija/ Fri, 12 Jul 2024 07:00:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=40081 Глобалната организација Слоу фуд е создадена како пандан на брзата храна, а нејзината цел е да се произведува чиста и правична храна, а притоа да се зачува биодиверзитетот и разновидноста на храната. А кој го прави тоа денес? Кој ги чува старите рецепти, традиционалните начини на производство и автохтоните сорти? Па, малите производители и луѓето во руралните средини. Дојдете на трпеза и запознајте се со нив]]>

„Не можам да се помирам со фактот дека на толку прекрасна, автентична локална храна, најпознативе и најголеми ресторани во Охрид, за вегетаријански оброк служат зеленчуци на скара, безвкусен бел ориз и златна мешавина.

Еднаш, пола саат им зборував на туристите во автобус за нашата храна, за да ги спремам за ручек во традиционален ресторан, кога таму – пилешки стек со вариво, понудени под името локална храна.

Ме гледаат бледо луѓето кои чекаа да го испробаат тоа за што им зборував, сирења, ајвари, пиперки, комати, а пред нив – стек!“, ни раскажа резигнирано еден туристички работник од нашава мала дежела за својата најголема болка.

И токму во таа насока, односно, за да не се случува ова, но и за да го зачуваме она што остана од нашата традиционална храна, е насочена активноста на Слоу фуд Македонија, дел од глобалната организација на активисти чија визија е свет во кој сите луѓе ќе имаат пристап и можност да уживаат во храна која е добра за нив, за оние кои ја одгледуваат и за нашата планета.

Светската организација на Слоу Фуд вклучува повеќе од милион активисти, готвачи, експерти, млади луѓе, фармери и академици во околу 160 земји.
Создадена е како пандан на брзата храна, а нејзината цел е да произведува чиста и правична храна, а притоа да се зачува биодиверзитетот и разновидноста на храната.

А кој го прави тоа денес? Кој ги чува старите рецепти, традиционалните начини на производство и автохтоните сорти?

Па, малите производители и луѓето во руралните средини.

Оние кои не се рекламираат никаде (освен што „Арт кујна“ редовно, а некои од другите новинари одвреме навреме, ќе напишат и ќе објават по некоја нивна приказна), а сѐ што продаваат од нивните производи оди единствено по препорака и квалитет.

„Дојди на трпезата“ е мотото на вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија што ќе се случува на 14 јули (недела) во Битола.

Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групи кои се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан кој ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во следните 4 години.

„Дојдете на трпезата! Заедно да ја споделиме, обединети во различностите, заедничката реалност на заедниците, да ја осигураме иднината и…, храна за утре!

За да ја создадеме земјата што ја сакаме за нашите деца и внуци, земја на животот, слободата и правичноста за сите“, порачуваат од Слоу фуд Македонија.

Пораките од Конгресот ќе бидат усмерени главно кон новите генерации и нивното враќање кон природата. Бидејќи, императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзување на храната и иднината, агроекологија, агротуризам…

Да се гради, да се спојува и да се обедини сѐ околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија.

]]>
Словенечки мед, млеко и путер, македонски маџун, крем-сирење, проја и тиква: Традиција и пријателство за здрава иднина https://artkujna.mk/%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%bc%d0%b5%d0%b4-%d0%bc%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%be-%d0%b8-%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d1%81/ Fri, 18 Nov 2022 17:05:07 +0000 https://artkujna.mk/?p=31301 Денес во ресторанот „Ореов лад“ во Скопје беше поставен традиционален словенечкo-македонски појадок, по повод одбележувањето на 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Словенија и Македонија, но и продолжување на иницијативата на словенечкото здружение на пчелари, позната како „меден појадок“.]]>

По повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Словенија и Македонија, во организација на словенечката амбасада и здружението Слоу фуд Македонија, во ресторанот „Ореов лад“ утрово беше послужен традиционален словенечко-македонски појадок.

Алпско млеко, мед и путер од Словенија и македонски домашни производи од членови на локалната организација на Слоу фуд, како матеница, крем-сирење, мармалад од шипки, сок од калинки, маџун и проја, беа послужени на заедничкиот појадок чиј домаќин беше амбасадорот на Р Словенија, Н.Е. Милан Предан.

Во својот поздравен говор амбасадорот, но и претставниците на Слоу фуд Македонија, го истакнаа значењето на здравата традиционална храна и креирањето на навиките за здрава исхрана уште од рана возраст. Токму затоа дел од овој настан беа и неколку деца, ученици во трето одделение и нивната наставничка Славица Зафировска од основното училиште „Крсте Мисирков“ од Скопје, во кое веќе неколку години функционираат училишни градини. во кои децата одгледуваат зеленчук и се радуваат на плодовите од својот труд.

На настанот присуствуваше и сопругата на Претседателот на државата, госпоѓа Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска која, иако не зборуваше на настанот, им посвети особено внимание токму на најмалите гости.

Инаку, традиционалниот словенечки појадок е иницијатива на словенечкото здружение на пчелари кое во 2006 година започнало да ги поврзува пчеларските друштва и училиштата во спроведувањето на проектот „Мед за појадок во градинките и основните училишта“, или скратено иницијативата „меден појадок“. Набргу потоа, проектот, кој се одржувал секоја година во третиот петок од ноември, бил проширен и во средните училишта и центрите за професионални активности.

На иницијатива на Здружението на пчелари на Словенија, појадокот со мед станал „Традиционален словенечки појадок“ и бил усвоен на национално ниво во 2011 година.
Слоганот на овогодинешниот настан е Појадок со млеко – одличен ден!


Затоа и денешниот датум, 18 ноември е одбран за одржување на словенечко-македонскиот појадок на кој се одбележа важноста на здравата исхрана генерално, но и важноста на пчелите и другите опрашувачи, за производството на храна.
Со спроведување на иницијативата за појадок со мед, се истакнува важноста на зачувување на природата и животната средина и важноста на пчелите, кои се апсолутно неопходни за подобар свет, свет без глад!

]]>