лосос – Арт кујна https://artkujna.mk Fri, 24 Oct 2025 12:15:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.2 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif лосос – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Прогласена најздравата риба во светот – Лососот повеќе не е на врвот https://artkujna.mk/proglasena-najzdravata-riba-vo-svetot-lososot-poveke-ne-e-na-vrvot/ Fri, 24 Oct 2025 12:14:42 +0000 https://artkujna.mk/?p=45544 Додека многумина го сметаат лососот за крал на хранливите вредности, на скалата се појави нов, неочекуван шампион]]>

Љубителите на морска храна ќе бидат пријатно изненадени кога ќе дознаат дека една одредена риба може значително да придонесе за нивното здравје.

Додека многумина го сметаат лососот за крал на хранливите вредности, на скалата се појави нов, неочекуван шампион, пишува Net.hr.

Според рангирањето на најхранливите намирници во светот објавено од BBC, една риба е прогласена за врвна суперхрана, а тоа е рибата шкарпина.

Оваа риба ги надминува своите попопуларни конкуренти, обезбедувајќи импресивни 89 од 100 поени на скалата за хранлива вредност.

Шкарпината е вистинска протеинска бомба со приближно 20 грама протеини на порција од 100 грама и содржи само 79 калории. Покрај тоа, ова богатство од морска храна нема да ве оптовари со заситени масти.

Оваа риба е само почеток на листата на вкусни и хранливи намирници што се издвоија.

Лососот сè уште има високо место благодарение на неговите омега-3 масни киселини, кои се неопходни бидејќи нашите тела не можат сами да ги произведуваат.

]]>
Сакате лосос, но премногу ви е скап? Кои две риби се поздрави и двојно поевтини? https://artkujna.mk/sakate-losos-no-premnogu-vi-e-skap-koi-dve-ribi-se-pozdravi-i-dvojno-poevtini/ Mon, 02 Jun 2025 09:07:39 +0000 https://artkujna.mk/?p=44496 Лососот има многу слични својства со некои други, помалку популарни риби, кои се исклучително хранливи, но повеќе не се „во мода“. Лесен е за подготовка и исклучително популарен, особено кај помладите.]]>

Цената на лососот постојано се зголемува во последните години. Оваа риба е еден од најчесто консумираните видови во многу земји, килограм денес се движи помеѓу 900 и 1800 дeнари, во зависност од видот и местото на купување.

Сепак, лососот има многу слични својства со другите риби кои денес повеќе не се во мода, иако се хранливо многу вредни. Лососот е лесен за подготовка и е омилен кај многумина, особено кај помладата популација.

„Лососот е сина, или мрсна риба позната по својата висока содржина на омега-3 масни киселини, кои се многу важни за здравјето, особено за развојот на функцијата на мозокот“, вели експертот за прехранбена технологија Марио Санчез.

Инчуните и сардините се неправедно запоставени, а имаат повеќе омега-3 масни киселини од лососот

Сепак, постојат и други риби кои се помалку популарни, но имаат многу слични својства како лососот, и по значително пониска цена.

„Сардините и инчуните се крајбрежни риби, што значи дека се ловат во близина на брегот, а не на отворено море. Нутритивно, тие се многу слични на лососот бидејќи содржат омега-3 масни киселини, понекогаш во поголеми количини“, објаснува Санчез. Кај лососот, овие вредности достигнуваат околу 2,2 грама омега-3 на 100 грама.

И скушата и ослиќот имаат слични својства

Скушата и осликот исто така имаат слични својства, но се продаваат по значително пониски цени. Инчуните и сардините се во просек двојно поевтини од лососот, а главната причина лежи во начинот на кој се лови рибата и нејзиното потекло.

]]>
Медитеранската исхрана повторно е прогласена за најдобра во светот https://artkujna.mk/mediteranskata-ishrana-povtorno-e-proglasena-za-najdobra-vo-svetot/ Fri, 05 Jan 2024 08:00:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=37105 Медитеранската исхрана е одобрена од Американското здружение за срце поради нејзините кардиоваскуларни придобивки. ]]>

Веќе седма година по ред, медитеранската исхрана ја освојува титулата за најдобра исхрана во списанието U.S. News & World Report. Таа зад себе ги оставила диетата DASH и MIND, диетата на клиниката Мајо и флекситаријанската исхрана.

Медитеранската исхрана е одобрена од Американското здружение за срце поради нејзините кардиоваскуларни придобивки. Исто така, се покажало дека го намалува ризикот од неповолни исходи од бременоста, како што се прееклампсија, гестациски дијабетес и предвремено породување, според една студија.

Медитеранската исхрана ја нагласува важноста на овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, гравот, јаткастите плодови, мешунките, маслиновото масло и ароматичните билки и зачини. Риба и морски плодови се консумираат најмалку два пати неделно, а живина, јајца, сирење и јогурт во умерени количини, според U.S. News & World Report.
„Секој план со кој се исклучува цела група на намирници не е добар и затоа медитеранската исхрана е секогаш победник“, вели Гретел Шулер, главен уредник на U.S. News & World Report.

]]>
Ниту многу здраво не е на арно! https://artkujna.mk/nitu-mnogu-zdravo-ne-e-na-arno/ https://artkujna.mk/nitu-mnogu-zdravo-ne-e-na-arno/#comments Wed, 08 Nov 2023 10:54:56 +0000 https://artkujna.mk/?p=36172 Постојат таканаречени супер намирници за кои се смета дека се исклучително здрави за организмот, но сепак, не е добро да претерувате дури ни кога станува збор за брокула, авокадо, лосос, зелен чај, цимет]]>

Терминот „суперхрана“ првпат беше употребен за промоција на здравите придобивки од консумирањето банани во почетокот на дваесеттиот век.

Зборот суперхрана се користи за да се опише секоја храна што има многу здравствени придобивки, особено онаа што содржи многу хранливи материи и малку калории.

Иако има многу придобивки од консумирањето на т.н. супер намирници, нивното прекумерно внесување може да биде исто толку опасно како и претераното уживање во брза, нездрава храна.

Ова се некои од „супернамирниците“ кои во никој случај не треба да се јадат во прекумерни количини.

Брокула

Чаша сурова брокула содржи само 31 калорија, 6 грама јаглени хидрати и 0,3 грама маснотии.

Богата е со растителни влакна, протеини, витамин Ц, калиум и други витамини и минерали.

Сепак, истражувањата покажаа дека внесувањето премногу брокула може да предизвика иритација на цревата.

Исто така, консумирањето на оваа храна со висока содржина на витамин К може да има негативно влијание врз луѓето кои земаат лекови за разредување на крвта и за лекување на срцеви проблеми.

Лосос

Лососот е добар извор на протеини со малку маснотии и омега-3 масни киселини кои се корисни за намалување на воспалителните процеси во телото.

Но, прекумерното консумирање на омега-3 може негативно да влијае на бројот на тромбоцити во крвта, а исто така може да ја разреди крвта. Покрај тоа, студиите откриле дека исхраната што вклучува премногу риби, па дури и лосос може да го зголеми нивото на жива во крвта.

Цимет

Циметот се смета за суперхрана поради високата содржина на антиоксиданти и многу лековити својства.

Му се припишува дека го намалува нивото на шеќер во крвта, воспаленијата и дека ги спречува срцевите заболувања, поради што ја освои титулата – една од најдобрите супер намирници во семејството на зачините.

И покрај сите здравствени придобивки што ги има, количината цимет што ја внесуваме мора да застане на една кафена лажичка на ден за возрасни.

Истражувањата покажаа дека премногу цимет може да биде отровен поради кумаринот што го содржи. Кумаринот е особено опасен за луѓето кои имаат здравствени проблеми со црниот дроб, а прекумерното внесување на овој зачин може да го оштети црниот дроб.

Авокадо

Авокадото се здоби со глобална популарност во последниве години како суперхрана поради изобилството на хранливи својства. Една порција авокадо задоволува четвртина од потребата за витамин К кај возрасните, петтина од потребата за фолати и една десетина од дневната потреба за витамин Е.

Богато е и со омега-3 и со растителни влакна, но поголеми количини на авокадо може да доведат до воспаление, надуеност и стомачни проблеми.

Ако планирате да вклучите авокадо во вашата дневна исхрана, експертите препорачуваат 50 грама на ден, што е приближно од една третина до една половина од едно авокадо.

Зелен чај

Популарноста на зелениот чај се должи на високата содржина на антиоксиданти и е означен како еден од најздравите пијалаци во светот. Откриено е дека антиоксидантите во зелениот чај го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања, согоруваат маснотии и ја подобруваат функцијата на мозокот.

Иако има безброј придобивки од овој чај, прекумерната консумација може да предизвика негативни ефекти, особено поради неговата висока содржина на кофеин.

Ефектите од премногу консумирање кофеин вклучуваат несоница, главоболки, срцебиење и мачнини. Според експертите, три до пет шолјички зелен чај на ден е повеќе од доволно за просечен возрасен човек.

]]>
https://artkujna.mk/nitu-mnogu-zdravo-ne-e-na-arno/feed/ 1
Конзервирана скуша, туна или лосос – која е подобра опција? https://artkujna.mk/konzervirana-skusha-tuna-ili-losos-koja-e-podobra-opczija/ Thu, 14 Sep 2023 10:12:40 +0000 https://artkujna.mk/?p=35393 Скушата содржи двојно повеќе омега-3 масни киселини од лососот и е богата со селен. Доколку имате можност, консумирајте свежа скуша, но одлична замена за тоа е и конзервираната скуша.]]>

Една од најдобрите сини риби што може да ги одберете е скушата. Содржи многу омега-3 масни киселини, витамин Б12, протеини и минерали. Можете да ја најдете во речиси сите продавници во конзервирана форма.

Што е скуша?

Оваа риба е добро позната на нашите простори, а ја има и во Јадранското Море. Експертите препорачуваат рибата да се консумира два пати неделно, па доколку се стремите кон тоа, скушата дефинитивно ќе биде подобар избор од туна или лосос. Спаѓа во сина риба и со самото тоа има и повеќе омега-3 масни киселини. Таа е една од најхранливите риби, содржи двојно повеќе омега-3 масни киселини од лососот и е богата со селен. Во секој случај, доколку имате можност, консумирајте свежа скуша, но одлична замена за тоа е и конзервираната скуша. Според сето ова, конзервираната скуша е подобар избор од класичната туна.

Конзервирана скуша

Конзервираната скуша има поблаг вкус од сардината или инчуните. Помасна е од туната, па затоа е посочна во конзервирана форма, особено во маслиново масло.

Скушата во конзерва, освен со маслиново масло, може да биде со растително масло или во сопствен сок, а може да биде филе со или без коска или филе од скуша на жар.

Бројот на калории и хранлива вредност зависи од тоа како се чува скушата.

Кои се придобивките од скушата?

Јадењето скуша, свежа или конзервирана, може да го подобри здравјето на срцето. Токму поради големата количина на омега-3 масни киселини во човечкото тело, може да го намали крвниот притисок и нивото на холестерол.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно јадат скуша имаат понизок крвен притисок и пониско ниво на холестерол. Понискиот крвен притисок ја олеснува работата на срцето, а пониското ниво на холестерол влијае на помалку таложење на маснотии во артериите.

Јадења од конзервирана скуша

Можете да јадете конзервирана скуша така како што е во конзервата, но можете да ја искористите и за да направите салата со зеленчук, со тестенини или за да направите паштета.

Во продолжение ви пренесуваме рецепт за паштета од скуша, за која ви се потребни само неколку состојки и околу половина час.

Состојки:

1 конзерва скуша
крем сирење
сенф
кромид
лук
сушени домати
каперси
лимон
маслиново масло

Приготвување:

Извадете ја скушата од конзервата и исцедете ја и исечкајте ја. Исечкајте ги кромидот, лукот, каперсите и сушените домати. Сето тоа ставете го во сад и додајте исцеден лимон, маслиново масло, намаз од сирење и сенф. Измешајте сè.

Зачинете со сол и црн пипер или додадете зачини по желба. Состојките можете да ги ставите во блендер за да добиете паштета со подобра текстура. Подготвената паштета можете да ја чувате во сад со капак и да ја употребите во рок од два до три дена.

Заклучок

Иако не е толку популарна, скушата е далеку подобар избор од туната. Цената на конзервираната скуша зависи од продавницата каде што ја купувате, но ако не јадете риба толку често, тогаш подобро е да изберете скуша во тие ретки моменти.

]]>
Зошто е лососот толку розев, а киселите краставички толку зелени? https://artkujna.mk/%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d0%b5-%d0%bb%d0%be%d1%81%d0%be%d1%81%d0%be%d1%82-%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%ba%d1%83-%d1%80%d0%be%d0%b7%d0%b5%d0%b2-%d0%b0-%d0%ba%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5/ Wed, 14 Sep 2022 12:57:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=30361 За среќа, храната со вештачки бои е многу лесно да ја избегнете ако внимателно ги читате етикетите на пакувањата. Но не заборавјте дека такви намирници можете да најдете таму каде што најмалку ги очекувате. ]]>

Производството на вештачки бои за храна во последните 60 години се зголемила дури за 5 пати, па тие можат да се најдат дури и онаму кадешто најмалку очекуваме.

Кој е воопшто ризикот од консумирање на храна што содржи вештачки бои? Неколку студии ја поврзале консумацијата на вештачки бои во храната со хиперактивноста и проблемите со однесувањето кај децата. Проблемот лежи и во фактот што децата консумираат многу повеќе вештачки бои од возрасните, бидејќи храната наменета за деца е најчесто со шарени бои.

Исто така, иако не постојат (познати) ризици за возрасните, докажано е дека неколку познати бои како Red 40, Yellow 5 и Yellow 6 во себе содржат канцерогени компоненти.

За среќа, храната со вештачки бои е многу лесно да ја избегнете ако внимателно ги читате етикетите на пакувањата. Но не заборавајте дека такви намирници можете да најдете таму каде што најмалку ги очекувате. Еве некои од нив.

Чаден лосос

Розевата боја по која е лососот познат не е секогаш природна. Постојат производители кои користат комбинации од сина, жолта и црвена боја во своите производи од риба.

Житни снегулки

Во овој случај не станува збор само за шарените житни снегулки наменети за децата. Траги од сина и црвена боја се најдени дури и во снегулките од целовити житарки, најчесто кога во себе имаат парченца овошје.

Овошен јогурт

Ако фактот дека овошниот јогурт во некои случаи содржи повеќе шеќер од една крофна не е доволен, постои уште една причина порафи која би требало да го избегнувате. Имено, голем број производители на јогурт, наместо вистинско овошје користат токму вештачки бои и вкусови.

Преливи за салати

Дури и преливите кои би требало да бидат со бела боја (Caesar ili Ranch) , често содржат одредена количина вештачки бои, а тоа се однесува особено на варијантите со овошни ноти. Наместо купечки, подобро сами направете си преливи за салата.

Кисели краставички

Повеќето купечки кисели краставички од тегла содржат барем една од нијансите на сина или жолта боја.

Која од намирниците на оваа листа најмногу ве изненади?

]]>