мали производители – Арт кујна https://artkujna.mk Fri, 31 May 2024 12:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif мали производители – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Пазар на кој нема прекупци: Најдете го својот човек од доверба меѓу малите производители на храна https://artkujna.mk/pazar-na-koj-nema-prekupczi-najdete-go-svojot-chovek-od-doverba-megu-malite-proizvoditeli-na-hrana/ Fri, 31 May 2024 11:33:20 +0000 https://artkujna.mk/?p=39364 На пазарот кој не очекува утре (1 јуни), во Скопје, во организација на Слоу фуд Водно, едно е сигурно. Нема да има препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии. Сѐ што ќе ни понудат нашите мали производители е природно, домашно и локално и ќе не потсети на едни други времиња, оние кога сѐ беше повкусно, поздраво и домашно.]]>

На првиот ден од јуни, утре (сабота), од 11 до 17 часот, во Мондано гарден (во задниот двор на

гимназијата „Јосип Броз Тито“), во Скопје, ќе има пазар на наши домашни производи, сирења, пити,

домашна сланина и превкусни колбаси, вино, ракија и домашно пиво, сокови, џемови, слатка, мед,

зачини, солени и слатки намази, толку многу убави и шарени бои, вкусови и мириси и исто толку

луѓе, производители на истите.

Нема препродавачи или прекупци, нема лажење, нема вештачки бои, конзерванси и разни хемии,

сѐ е природно, домашно и локално и истите тие производи оние што ги прават, им ги даваат и

на своите деца, истите се дел и од нивните домашни трпези.

А приказната на сите овие мали производители е слична. Не можат да постигнат да произведат

толку колку што има луѓе што бараат и сакаат да купат. Затоа што кога човек ќе се навикне на овие

вкусови, веќе нема назад.

И секој ќе си го најде омилениот производител и ќе си го добие својот човек од доверба

од кого ќе може да ги купува своите омилени производи и по завршувањето на пазарот, со нарачка

по телефон или преку Фејсбук.

На ваквите настани производителите се дружат и се запознаваат и со купувачите, но и

меѓусебе бидејќи, освен оние кои се веќе со години дел од Слоу фуд Македонија, постојано се

појавуваат нови и кога еднаш ќе влезат во ова „семејство“, засекогаш остануваат таму.

Нема генерациски разлики, иако има претставници од сите генерации. И меѓу

производителите и меѓу оние доаѓаат на овие настани за да си купат нешто за себе, за своите деца

и родители и сите тие се согласуваат во едно: овие вкусови ги потсетуваат на едни други времиња

кога сѐ беше повкусно, поздраво и домашно.

А сѐ повеќе луѓе сега сакаат да купуваат локална храна директно од оние кои ја одгледуваат и ја

прават. И сѐ повеќе се свртуваат кон локалната храна.

Можеби нешто во продавниците е убаво спакувано, но кога купуваме домашни производи точно

знаеме што купуваме и колку труд се вложил во истото.

И ако се прашувате колку патриотизам има во сето ова, одговорот е, да, дефинитивно, сето ова е во

голема мера и патриотски чин. Ако успееме да им помогнеме со нашиот мал придонес на луѓето од

село да понудат добар производ и од него да можат да живеат и да ги издржуваат своите семејства,

сме направиле голема работа.

А секаком, целата заслуга за тоа е на производителите, бидејќи без она што тие имаат да го понудат, сето ова не би ни постоело.

Организатор на настанот е Слоу фуд Водно, непрофитна организација која промовира добра, чиста и правична храна и ја поддржува локалната занаетчиска гастрономија.

]]>
Малите производители одат во јуриш https://artkujna.mk/%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d1%98%d1%83%d1%80%d0%b8%d1%88/ Wed, 01 Jun 2022 12:23:51 +0000 https://artkujna.mk/?p=29111 Мали семејни производители се здружија за полесно да се пробијат на пазарот под заедничкиот бренд „Премиум производи“. Природно ладно цедено сончогледово масло, намаз од афион и ладно цедено афионово масло, охридско макало, сечкан сушен домат, ладно цеден сок од аронија, органски путер од лешник со мед и какао, органски шумски мед, слатко од зелени смокви и други, од сега заедно на иста полица во неколку скопски локални продавници]]>

На иницијатива на компанијата „Био Оил“, а со поддршка од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, од сега 11 домашни семејни компании здружени под заедничкиот бренд „Премиум производи“ настапуваат заедно на пазарот.

Причината тие да се здружат и да ги пласираат своите производи под брендот „Премиум“ е скапиот влез во големите маркети и незаинтересираноста за соработка со малите производители.

Тука засега влегуваат природното ладно цедено сончогледово масло, намаз од афион и ладно цедено афионово масло, охридско макало, сечкан сушен домат, ладно цеден сок од аронија, од аронија и грозје и од аронија и јаболко, органски путер од лешник со мед и какао, органски шумски мед и чаеви, слатко од зелени смокви, гемиџиски ајвар, производи со тартуфи, балсамиран оцет од модри сливи и јаболков оцет, гроздов маџун и повеќе видови рачно изработени природни сапуни.

Она што им е заедничко е тоа што станува збор за природни производи, добиени исклучиво од наши, македонски суровини, кои наредени на заедничка дрвена полица засега можат да се најдат само во неколку скопски локални продавници, но наскоро се очекува продажбата да се прошири и во Куманово и Охрид.

Ние не продаваме скапи производи, но се соочуваме со нелојална конкуренција, а и потрошувачите не не знаат и не не препознаваат. Сите маркети се рекламираат и велат „купувајте македонски производи“, „земајте наше, македонско“, ама кога ќе влезете во маркетот, нашите производи се во втор план. Мора да го смениме ова, но и ставот на потрошувачите кои како да имаат повеќе доверба во странските производи или повеќе ги препознаваат, наспроти нашите“, вели Александар Димитриевски, сопственик на компанијата „Био Оил“.

Овие компании се здружиле пред четири месеци за да го надминат заедничкиот проблем – застапувањето пред маркетите.

„Неопходна ни е логистика, маркетинг, дистрибуција. Претходно продававме секој за себе. Многу е битно и да се нагласи дека овие наши „премиум“ производи не се поскапи од странските. Напротив. Нашиот путер од лешник, на пример, е 260 денари, а италијанскиот или германскиот увезен чини 300 – 400 денари. Маслото од афион исто така, во Словенија, Италија или САД чини 50 – 80 евра половина литар, а кај нас е 2 000 денари“, нагласи Димитриевски.

И маслото од тартуфи, 250 милилитри, кое во маркетите се продава по минимум 1 200 денари е поскапо од македонското „Премиум“ масло од тартуфи кое чини 760 денари.

Димитриевски порача дека земјава има одлични ресурси и квалитет, но мора да се работи многу на промоција. Тие очекуваат оваа алијанса на „Премиум производи“ наскоро да се прошири и со други.

]]>