мармалад – Арт кујна https://artkujna.mk Fri, 12 Sep 2025 10:58:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif мармалад – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Како не сме се сетиле досега? Одличен трик против мувлосување на отворените тегли https://artkujna.mk/kako-ne-sme-se-setile-dosega-odlichen-trik-protiv-muvlosuvane-na-otvorenite-tegli/ Wed, 05 Jul 2023 10:15:16 +0000 https://artkujna.mk/?p=34548 Сигурно ви се случило со тешко срце да фрлите речиси полна тегла мармалад или ајвар кои ви стоеле во фрижидерот. Ова е еден од оние кујнски трикови кои ќе ви помогнат тоа да не ви се повтори.]]>

Жена од Велика Британија на Фејсбук сподели супер трик со кој храната во теглата нема да се расипе, односно нема да мувлоса откако ќе ја отворите, а експертите се согласуваат дека тоа функционира, пренесува news.com.au. Ова е еден од оние кујнски трикови што не чинат ништо, а вредат многу.

Имено, таа ги превртува сите тегли наопаку, а во групата The Prepped Mama вели дека со овој метод заштедува пари и го спречува фрлањето храна.

„Откако ќе ја отворите, вратете ја теглата во фрижидер, но наопаку. Превртете ги наопаку, за да не се создаде мувла. Заштедете пари и време“, напишала таа.

Други корисници ѝ се заблагодарија за овој совет, а една раскажала дека го пробала трикот со доматен сос и тој не се расипал.

Можеби мислите дека целиот фрижидер ќе биде неуреден со овој метод, но експертите велат дека ова е одличен начин за складирање храна, бидејќи кога ќе ја превртите теглата наопаку, многу малку воздух влегува внатре и речиси е невозможно да се расипе.

Уште еден совет вели секогаш да земате храна од тегла, како џем, сос од домати или некој друг намаз, само со чист прибор и да ја чувате отворена што е можно пократко време.

]]>
Време е за омилениот мармалад, а време е и за јадење и за сушење сливи https://artkujna.mk/vreme-e-za-omileniot-marmalad-a-vreme-e/ Fri, 26 Aug 2022 13:23:27 +0000 https://artkujna.mk/?p=30087 Сливите во овој период од годината е штета да се пропуштат. Јадете ги свежи, исушете за зимоска и секако, направете мармалад. Имаме одличен рецепт за мармалад од сливи со црно чоколадо и рум]]>

Еден од омилените мармалади на многумина, покрај оној од кајсии, е и мармаладот од сливи. Сега е таман период за сливи, ги има во изобилие, и тоа по ниски цени. Може да се најдат дури и по цена од 20 денари кога ги купувате на гајба, а дел од нив можете да исушите за зимоска, а дел и да си ги јадете свежи.

Сливите се нискокалорично овошје и имаат богати нутритивни својства: витамин Ц, витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и особено голема количина калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи. Постојат повеќе сорти на сливи, а процентот на антиоксиданти во нив варира во зависност од сортата и местото каде што се одгледуваат.

Претходните истражувања покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина на ден, во текот на два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол.

Богатството и комбинацијата на нутритивни материи во сливата, имаат бројни позитивни дејства на човечкиот организам.

Имаат диуретично дејство и помагаат за спречување на настанувањето на едеми (собирање на вода во организмот).

Помагаат за спречување на кардиоваскуларните болести. Калиумот и железото кои се наоѓаат во сливите се задолжени за создавање на црвени крвни зрнца и на тој начин влијаат на регулирање на отчукувањата на срцето и нивото на крвниот притисок.

Витаминот К во сливата спречува хипертензијата и формирањето на крвни згрутчувања.

Помагаат за лекување на цревни пореметувања. Растителните влакна помагаат за варење на храната. Присуството на витамини од Б групата помага за разбивање на молекулите на протеините, мастите и јаглените хидрати и нивната метаболизација.

Сливите содржат сорбитол и исатин кои го регулираат дигестивниот систем што мму овозможува на телото консумирање на раЗни видови храна. Сето ова помага во борбата проив констипацијата.

Ја јакнат имунолошката состојба на организмот, го подобруваат здравјето на очите поради присуството на витамин А. Еден вид на раститени влакна кои се наоѓаат во сливите најдобро ја чуваат ретината, а воедно го штитат окото од штетното УВ зрачење.

Сливите учествуваат во борба против анемијата, а особено се добри за детоксикација на црниот дроб, цревата и бубрезите, но и на целиот организам.

Исто така, го чуваат респираторниот систем, па се препорачуваат во исхраната на заболените од бронхитис.

Рецепт за мармалад од сливи:

Состојки:

5 кг модри сливи
600 г шеќер

5-6 големи лажици рум

Приготвување:

Измијте ги и преполовете ги сливите. Ставете ги во тенџере, додадете го шеќерот и варете ги.

Пената што се создава за време на готвењето може да ја тргате, но не е неопходно.

Кога убаво ќе омекнат сливите (по 20-тина минути) ако сакате згмечете ги со алатка за пире или иситнете ги со миксер, па оставете ги да се варат уште неколку минути.

Потоа додадете го румот, гответе уште 10 минути и џемот е готов!

Совет: Ако сакате, додадете и 2-3 кесички ванилин шеќер и малку цимет и 20-тина мл вински оцет ( ½ филџан за кафе) кој се става 15-тина минути пред крај за да има џемот убава црвена боја, мирисот испарува и не се чувствува.

]]>
Мармалад за мрзливи домаќинки https://artkujna.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d1%80%d0%b7%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b8-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%9c%d0%b8%d0%bd%d0%ba%d0%b8/ Thu, 07 Jul 2022 07:39:43 +0000 https://artkujna.mk/?p=29453 Да, точно, премногу е жешко за да се вклучува шпоретот, ама кој може да одолее на овие убави кајсии...]]>

За овој брз и лесен рецепт за мармалад ви требаат само кајсии, шеќер, лимон и рерна. Би требало да трае кратко, ама еве, да бидеме искрени, не беше баш така. Веројатно беше до кајсиите кои пуштија премногу вода, ама наместо 45 минути, правењето во кое учествувате само така што одвреме навреме ѕиркате да видите колку течност уште има, траеше 1,5 час.

Можеби ставивме и премногу кајсии во една тура, ама кој ќе прави два пати, нели рековме, овој мармалад е за мрзливи домаќинки.

Како и да е, на крајот сепак остана малку повеќе течност ама ќе ја искористиме викендов во некој колач. Мармаладот е вкусен и преубаво мириса, така што веројатно следно на репертоарот, па макар било и 40 степени, се палачинки. Кој не сака нека се јави.

Значи, во подлабока тепсија ставете ги измиените и преполовени кајсии, попрскајте ги со сок од 1 лимон и одозгора ставете шеќер, зависно од количината на кајсии, од тоа дали се слатки или се повеќе киселки и секако, од вкусот и покријте ја тепсијата со фолија. Нека се крчка 30 минути, а потоа без фолија уште 15. Или, ако ставите повеќе кајсии тогаш ќе ви треба повеќе време.

Оставете малку да се излади, загрејте ги теглите во рерна и наполнете ги, затворете ги убаво и тоа е тоа.

]]>