медитеранска исхрана – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 02 Nov 2026 14:07:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif медитеранска исхрана – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Дали куркумата и лутите пиперчиња навистина го продолжуваат животот? https://artkujna.mk/dali-kurkumata-i-lutite-piperchina-navistina-go-prodolzhuvaat-zhivotot/ Mon, 02 Nov 2026 14:07:54 +0000 https://artkujna.mk/?p=46918 Често се тврди дека лутите пиперки, куркумата и другите зачини се добри за здравјето, па дури и дека можат да го зајакнат нашиот имунолошки систем. Но, дали зачините навистина можат да придонесат за подобро здравје или да ни помогнат да избегнеме некоја болест? Во продолжение го пренесуваме текстот на Би-би-си, кој се обидува да даде одговор на ова прашање.]]>

Зачините се дел од нашата исхрана илјадници години – сосема вообичаено е да ставиме бибер во компирите, да пиеме чај од ѓумбир или да додадеме лути пиперки во оброкот. Но, во поново време некои зачини неофицијално добија нов статус: од секојдневни состојки во кујната се претворија во супер храна на која ѝ се припишува моќ да лекува речиси сè.

Наводно, Хилари Клинтон јадела по една лута пиперка дневно за време на претседателската кампања во 2016 година, во обид да избегне болест.

Куркумата, која со милениуми се користи во Азија, се најде во кафулињата ширум светот во форма на таканареченото „златно лате“. За време на пандемијата, пак, на социјалните мрежи масовно се споделуваа тврдења дека може да го „зајакне имунолошкиот систем“ и да нè заштити од разболување. Во меѓувреме, кајенскиот пипер сè уште не се „опоравил“ од непромислениот детокс-режим на Бијонсе од 2006 година, кој препорачуваше пиење напиток од кајенски пипер, јаворов сируп, лимон и вода за слабеење.

Но, дали зачините навистина ја прават храната поздрава или ни помагаат да избегнеме болести? И дали некои од нив можат дури и да ни наштетат?

Здравствените придобивки од лутите пиперки: резултатите се противречни

Лутата пиперка е еден од најпознатите и најчесто користени зачини. Бројни истражувања ги испитувале нејзините потенцијални ефекти врз здравјето, но резултатите покажуваат дека може да биде и корисна и штетна.

Капсаицинот е главната активна состојка во лутите пиперки. Кога јадеме луто, молекулите на капсаицинот стапуваат во интеракција со рецепторите за температура во нашето тело и испраќаат сигнали до мозокот, кои создаваат чувство на топлина.

Некои истражувања укажуваат дека капсаицинот би можел да ни помогне да живееме подолго.

Едно италијанско истражување од 2019 година покажало дека луѓето кои четири пати неделно јадат храна зачинета со лути пиперки имаат помал ризик од смрт во споредба со оние кои воопшто не јадат лути пиперки.

Истражување спроведено во Кина во 2015 година, во кое учествувале речиси 500.000 возрасни лица, покажало дека консумирањето лути пиперки е поврзано со помал ризик од смрт. Оние кои јаделе зачинета храна речиси секој ден имале 14 отсто помал ризик од смрт во споредба со луѓето кои ја јаделе помалку од еднаш неделно.

– Главниот наод беше дека поголемото консумирање зачинета храна е поврзано со помал ризик од смртност, особено од рак, срцеви и респираторни заболувања – вели истражувачот Лу Чи, професор по нутриционизам на Универзитетот Харвард.

Ефектот се акумулира со текот на времето, но ризикот од проблеми со помнењето е речиси двојно поголем

Сепак, важно е да се напомене дека кинеското истражување ги следело учесниците во просек седум години. Дури и ако лутите пиперки имаат заштитно дејство, најверојатно станува збор за ефект што се акумулира во подолг период, а не за неколку недели или месеци.

Истражувањата покажале и дека капсаицинот може да го зголеми количеството енергија што го трошиме и да го намали апетитот. Но, не сите наоди се позитивни.

Зумин Ши, вонредна професорка на Универзитетот во Катар, ги истражувала ефектите на лутите пиперки врз когнитивните функции и открила дека луѓето кои јадат повеќе лути пиперки имаат послаби когнитивни способности.

Овој ефект бил најизразен кога станува збор за помнењето: внесувањето повеќе од 50 грама лути пиперки дневно било поврзано со речиси двојно поголем ризик од проблеми со помнењето, според самопријавените податоци на испитаниците.

А што е со куркумата?

Друг популарен зачин за кој се смета дека е корисен за здравјето е куркумата. Нејзините наводни придобивки во голема мера му се припишуваат на куркуминот – молекула што се користи како алтернативно средство за третирање воспаленија, стрес и многу други состојби.

Сепак, нема убедливи докази дека куркумата е добра за здравјето.

Бројни истражувања покажале дека куркуминот има антиканцерогени ефекти во лабораториски услови. Но, лабораторијата е многу поинаква средина од човечкото тело. Истражувачите велат дека биорасположливоста на куркуминот е премногу ниска за вообичаените количини што ги консумираме да имаат какви било здравствени придобивки.

Кертин Нелсон, поранешна истражувачка во Институтот за терапевтика и развој при Универзитетот во Минесота, го проучувала куркуминот и заклучила дека тој е „ужасна“ лековита молекула бидејќи не е биолошки достапен. Тоа значи дека организмот не може да го искористи откако ќе го свари.

– Тенкото црево не го апсорбира лесно, а неговата структура може да се промени кога ќе се поврзе со протеините во тенкото и дебелото црево. Како последица на тоа, нема некоја конкретна корист – објаснува Нелсон.

Клучот е во медитеранската исхрана

Лутите пиперки и куркумата се опширно истражувани, но во најголем дел од студиите само се споредувале податоците за нивното консумирање со различни здравствени резултати. На тој начин не може да се утврди што е причина, а што последица.

Тешко е да се разграничи поврзаноста од причинско-последичната врска. На пример, споменатото италијанско истражување од 2019 година, кое открило помал ризик од смрт кај луѓето што јадат лути пиперки, било набљудувачко. Затоа е невозможно да се знае дали тие живееле подолго токму поради лутите пиперки, дали луѓето кои и онака биле поздрави имале навика да јадат повеќе луто или, пак, станувало збор за нешто сосема друго.

Еден од можните одговори лежи во фактот дека лутите пиперки се вообичаен дел од исхраната во медитеранските земји, вели авторката на истражувањето, Маријалаура Боначио.

– Лутата пиперка е вообичаена во медитеранските земји. Најчесто се јаде со тестенини, мешунки или зеленчук – објаснува таа.

Тоа е само еден пример за тоа како зачините можат индиректно да бидат корисни – се консумираат заедно со мешунки и зеленчук. Многу истражувачи веруваат дека здравствените придобивки што им се припишуваат на зачините всушност потекнуваат од храната со која ги јадеме.

  • Замена за сол: Зачините често се користат наместо сол, со што се намалува внесувањето натриум. А тоа само по себе е здравствена придобивка.
  • Конзервирање: Зачините се користат и за конзервирање месо, со што храната може да стане помалку штетна, но не поради нивното директно благотворно дејство врз организмот.

Иако златното лате нема да ни наштети, можеби е подобро да додадеме малку зачини во зеленчукот. Но, секако, не треба да се потпираме на зачините како начин за избегнување или лекување каква било болест, пишува Би-би-си.

]]>
Оваа намирница би можела да му помогне на замастениот црн дроб https://artkujna.mk/ovaa-namirnicza-bi-mozhela-da-mu-pomogne-na-zamasteniot-czrn-drob/ Thu, 13 Aug 2026 11:15:11 +0000 https://artkujna.mk/?p=46636 Мала студија со 79 возрасни лица покажа дека секојдневното консумирање свежи домати и доматен сос било поврзано со поголемо намалување на маснотиите во црниот дроб]]>

Масниот црн дроб е состојба која станува сè почеста, особено во контекст на прекумерната телесна тежина, дијабетесот тип 2 и инсулинската резистенција. Ново мало истражување сега носи интересен наод – една добро позната намирница можеби има позитивен ефект врз таложењето маснотии во црниот дроб.

Станува збор за доматот, а резултатите се покажале по само шест недели консумација.

Што покажала студијата?

Истражувањето, објавено во научното списание Nutrients, опфатило 79 возрасни лица со метаболички условена масна болест на црниот дроб (MASLD).

Учесниците биле поделени во две групи. Едната група продолжила да се храни без домати, додека другата секојдневно консумирала 200 грама свеж домат и 50 грама доматен сос.

Таквиот режим траел шест недели, без значителни промени во останатите животни навики на учесниците.

Истражувачите следеле повеќе показатели, меѓу кои количината на маснотии во црниот дроб, составот на телото, крутоста на црниот дроб и нивото на холестерол.

Резултатите покажале дека количината на маснотии во црниот дроб се намалила во двете групи, но намалувањето било поизразено кај луѓето кои секојдневно јаделе свеж домат и консумирале доматен сос.

Не ослабеле, а маснотиите во црниот дроб сепак се намалиле

Особено интересно е што по шест недели немало значајни промени во телесната тежина, индексот на телесна маса, мастите во крвта или ензимите на црниот дроб.

Не била забележана ниту значајна промена во крутоста на црниот дроб.

Затоа авторите сметаат дека консумирањето домати можеби е поврзано со намалување на наталожените маснотии во црниот дроб без притоа да има потреба од значително намалување на телесната тежина или масното ткиво.

Сепак, доматот не е лек за масен црн дроб

Иако резултатите се интересни, истражувачите предупредуваат дека не треба да се заклучи оти доматите го лекуваат масниот црн дроб.

Ендокринологот Ранда Абделмасих од University of Texas Medical Branch, која не учествувала во студијата, оценила дека ефектот бил релативно скромен, а групата испитаници била селективна.

И самите автори нагласуваат дека ова истражување пред сè претставува основа за идни, поголеми истражувања. Потребни се студии со повеќе учесници, подолг период на следење и поразновидна популација за да може да се донесат посигурни заклучоци.

Намирница што веќе е дел од медитеранската исхрана

Доматите се една од карактеристичните намирници на медитеранскиот начин на исхрана, кој често се поврзува со поволни ефекти врз метаболичкото и кардиоваскуларното здравје.

Токму затоа наодот од оваа студија е интересен: секојдневното внесување свеж домат и доматен сос во период од шест недели било поврзано со поголемо намалување на маснотиите во црниот дроб.

Доколку идните и поголеми истражувања го потврдат овој резултат, доматот би можел да добие уште позначајно место во начинот на исхрана што им се препорачува на луѓето со метаболички нарушувања.

]]>
На медитеранска диета со конзерви: Најдобрите конзервирани намирници кои се составен дел од најздравиот начин на исхрана https://artkujna.mk/na-mediteranska-dieta-so-konzervi-najdobrite-konzervirani-namirniczi-koi-se-sostaven-del-od-najzdraviot-nachin-na-ishrana/ Wed, 11 Feb 2026 11:21:32 +0000 https://artkujna.mk/?p=45943 Овие конзервирани производи го олеснуваат следењето на медитеранската исхрана и го прават едноставно и евтино. Дознајте со кои од нив треба да се снабдите и како да ги користите во секојдневните оброци.]]>

Медитеранската исхрана се фокусира на целосна, минимално преработена храна и нуди бројни здравствени придобивки.
Набавката на конзервирана храна е едноставен и достапен начин да се следи медитеранската диета.
Кога купувате конзервирана храна, барајте ги оние што имаат малку натриум и минимални состојки.
Медитеранската диета се смета за еден од најздравите начини на исхрана во светот. Оваа диета, инспирирана од традиционалните кујни на земјите што граничат со Средоземното Море, ја нагласува целосната, минимално преработена храна, вклучувајќи овошје, зеленчук, интегрални житарки, немасни протеини, мешунки и здрави масти. Студиите постојано ја поврзуваат медитеранската диета со бројни здравствени придобивки, вклучувајќи намален ризик од срцеви заболувања, дијабетес тип 2, одредени видови на рак и когнитивен пад.

Еден од најлесните и најприфатливите начини да се следи медитерански начин на исхрана е со вклучување на конзервирана храна. Конзервираната храна нуди практичност, подолг рок на траење и достапност преку целата година, што ги прави идеални за оние кои се зафатени, но и за домаќинствата со ограничен буџет. Многу конзервирани прехранбени производи се исто толку хранливи како и нивните свежи или замрзнати еквиваленти.

Конзервираната храна, особено овошјето и зеленчукот, обично се берат кога се во најголема зрелост и хранлив квалитет.

Процесот на конзервирање, кој вклучува загревање и запечатување, помага да се заклучат тие хранливи материи и да се зачува квалитетот со текот на времето.

Еве шест конзервирани прехранбени производи погодни за медитеранска исхрана што можете да ги чувате во вашата остава, плус лесни начини да ги додадете во вашите секојдневни оброци.

Конзервиран наут
Наутот е основна мешункаста храна во медитеранската исхрана и клучна состојка во рецепти како хумус, варива и оброци со житарки. Една чаша конзервиран наут обезбедува околу 11 грама протеини и 10 грама влакна, поддржувајќи го здравјето на дигестивниот систем, ситоста и рамнотежата на шеќерот во крвта.

Овие мешунки можат да го поддржат и здравјето на срцето. Една студија покажалаа дека неделното внесување мешунки е поврзано со подобрени метаболички маркери и намален кардиоваскуларен ризик. Додадете порција наут во салати, супи или во вашето омилено јадење со тестенини. Можете исто така да ги изблендирате за брз, вкусен намаз.

Конзервирани домати
Доматите се основа на медитеранската кујна и нудат богат извор на витамин Ц, калиум и ликопен. Ликопенот е моќен антиоксидант кој станува подостапен кога се готви. Докажано е дека помага во намалувањето на оксидативниот стрес и воспалението, придонесувајќи за здравјето на срцето. Конзервираните домати може да се користат на различни начини. Обидете се да ги користите во домашни сосови за тестенини, супи и чорби, шакшука или рататуј.

Конзервирани сардини
Сардините се одличен извор на омега-3 масни киселини здрави за срцето, обезбедувајќи повеќе од 700 милиграми EPA и DHA по конзерва од 140 грама.

Овие есенцијални масти играат клучна улога во намалувањето на воспалението, намалувањето на нивоата на триглицериди во крвта и поддршката на здравјето на мозокот и кардиоваскуларниот систем. Сардините се исто така една од ретките намирници природно богати и со витамин Д и со калциум, што ги прави корисни за здравјето на коските. Американското здружение за срце препорачува консумирање масна риба како сардини најмалку двапати неделно за да се намали ризикот од срцеви заболувања.

За да ги вклучите сардините во вашите оброци, обидете се да ги комбинирате со тост од цело зрно или да ги додадете во салати или во јадења со тестенини.

Конзервирани артичоки
Артичоките се богати со антиоксиданти, особено полифеноли и флавоноиди, кои помагаат во заштитата на телото од оксидативен стрес и оштетување од слободни радикали – и двете се поврзани со хронични состојби како срцеви заболувања, рак и когнитивен пад.

Овие соединенија ги поддржуваат природните одбранбени системи на телото со намалување на воспалението и промовирање на клеточното здравје.

Артичоките се исто така извор на фолна киселина и магнезиум, кои се клучни хранливи материи во поддршката на здравјето на срцето. Обидете се да додадете порција во тестенини или пици или како додаток во салати.

Конзервирани маслинки
Маслинките се основна намирница во медитеранската исхрана и се полни со мононезаситени масти како олеинска киселина, плус витамин Е и полифеноли. Тие се исто така изненадувачки извор на растителни влакна. Овие хранливи материи придонесуваат за здравјето на срцето и помагаат во намалувањето на воспалението.

Конзервираните маслинки се практични и стабилни на полица, што го олеснува вклучувањето на оваа медитеранска основна намирница во вашата исхрана. Само имајте предвид дека бидејќи се богати со натриум, ќе треба да внимавате на големината на порциите и да ги исплакнете под вода пред да уживате во нив. За позасилен вкус кој е здрав за срцето, додадете маслинки во јадења со тестенини, салати и намази или јадете ги како ужина со сирење.

Конзервиран бел грав
Конзервираниот бел грав е уште еден неопходен медитерански производ во оставата. Порција од ½ чаша обезбедува околу 9 грама протеини и 6 грама влакна, заедно со железо, калиум и магнезиум. Белиот грав е исто така добар извор на отпорен скроб, кој може да го поддржи здравјето на цревата и може да ја подобри чувствителноста на инсулин. Овие гравчиња со благ вкус се исклучително разновидни и може да се додадат во супи или да се изгмечат во намаз со лимон и лук.

Совети за избор на конзервирана храна во медитеранската исхрана
Ако барате начини да го направите следењето на медитерански инспирирана диета полесно, имајте ги предвид овие совети следниот пат кога ќе бидете во продавница.

Побарајте опции со низок натриум
Многу конзервирани производи содржат додаден натриум како конзерванс. Изберете верзии со „низок натриум“ или „без додадена сол“ за подобро да се усогласите со принципите на медитеранската диета за здраво срце. Плакнењето на конзервираниот грав и зеленчук под ладна вода, исто така, може да ја намали содржината на натриум.

Прочитајте го списокот на состојки
Одлучете се за производи со минимални состојки. Обидете се да избегнувате конзервирана храна со додадени шеќери и непотребни конзерванси или полнила за да останете во согласност со медитеранскиот акцент на цела, минимално преработена храна.

Изберете производи на база на маслиново масло
Ако купувате конзервирана туна или сардини, барајте ги оние спакувани во маслиново масло, а не во соино или растително масло. Маслиновото масло е камен-темелник на медитеранската исхрана и придонесува за здрави масти за срцето.

Купувајте на големо за евтини оброци
Конзервираната храна често е на распродажба и може да се чува подолг период. Снабдувањето за време на промоциите ви овозможува да изградите остава полна со хранливи опции кои поддржуваат избалансирани оброци без да го пречекорите буџетот.

Заклучок
Конзервираната храна може да биде хранлив, достапен и практичен начин за поддршка на медитеранскиот начин на исхрана. Од наут до сардини, овие производи го олеснуваат подготвувањето здрави оброци со минимална подготовка. Со следење на советите за паметно купување и одржување на вашата остава добро снабдена, можете да уживате во сите здравствени придобивки од медитеранската исхрана, а воедно да заштедите пари и време во кујната.

]]>
Тековни препораки за исхрана на американската и европската асоцијација за кардиологија: Каков тип на диета е најдобар после срцев удар? https://artkujna.mk/tekovni-preporaki-za-ishrana-na-amerikanskata-i-evropskata-asoczijaczija-za-kardiologija-kakov-tip-na-dieta-e-najdobar-posle-srczev-udar/ Fri, 05 Jan 2024 11:38:48 +0000 https://artkujna.mk/?p=37117 Истражувањата покажале дека исхраната со хранливи намирници може да помогне да се намали ризикот од развој на коронарна артериска болест (CAD).]]>

Оние кои веќе имаат коронарна артериска болест (CAD) можеби се прашуваат кој тип на исхрана е најдобар за нивното здравје на срцето. Која храна треба да ја изберете (или избегнувате) ако сте имале миокарден инфаркт (срцев удар), мозочен удар, акутен коронарен синдром или ангина?

Тековни препораки за исхрана за луѓе со CAD
Тековните препораки за исхрана на American Heart Association (AHA) и European Society of Cardiology (ESC) за луѓе со CAD се следните:

Јадете многу свежо овошје и зеленчук
Избегнувајте заситени масти, транс масти и млечни производи со висока содржина на масти
Јадете мрсна риба најмалку два пати неделно

Популарна исхрана која ги вклучува сите овие препораки е медитеранската исхрана.

Што е медитеранска исхрана?
Не постои официјална дефиниција за медитеранската исхрана. Името е избрано затоа што планот за исхрана содржи многу навики на луѓето кои живеат во медитеранските региони во светот. Овој начин на исхрана главно се базира врз растенија, па ако го следиме:

Ќе јадеме многу овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и цели зрна
Ќе имаме умерени порции сирење, јајца и јогурт
Можеме да вклучиме неколку порции риба, друга морска храна и живина во нашите оброци секоја недела
Можеме да уживаме во маслиново масло и црвено вино во умерени количини

Можни придобивки за здравјето на срцето
Медитеранската исхрана има неколку клучни елементи кои можат да бидат особено корисни за кардиоваскуларниот систем:

Вклучува многу намирници кои имаат помала содржина на заситени масти, транс масти, холестерол, натриум и додаден шеќер; сепак, ако се консумираат прекумерно, овие хранливи материи може да имаат негативно влијание врз факторите на здравјето на срцето како што се тежината, крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта
Некои од намирниците кои најмногу се истакнуваат во оваа диета, како маслиновото масло, се главни извори на мононезаситени масни киселини здрави за срцето.
Некои хранливи материи во исхраната, како што се омега-3 масните киселини, можат да помогнат во намалувањето на холестеролот и триглицеридите.

Истражување за медитеранската исхрана
Неодамнешните студии дадоа докази дека медитеранската исхрана може да помогне во спречување на CAD (коронарна артериска болест), како и подобрување на резултатите за луѓето кои веќе ја имаат оваа состојба.

Еден пример е испитувањето PREDIMED од 2018 година. Таа студија споредила две верзии на медитеранска исхрана со едноставна диета со малку маснотии (тип на диета препорачана за луѓе со CAD во последните 25 години).

ПРЕДИМЕД прв дел

Првиот дел од студијата опфатил повеќе од 7.000 луѓе кои биле изложени на висок ризик од CAD (коронарна артериска болест). Истражувачите ја следеле оваа група околу 5 години. Инциденцата на срцев удар, мозочен удар или смрт од срцеви проблеми била помала во двете групи на кои по случаен избор им била доделена медитеранската исхрана.

ПРЕДИМЕД втор дел

Вториот дел од студијата опфатил 30.000 луѓе на возраст од 55 или повеќе години. Секој субјект имал CAD или дијабетес со кардиоваскуларни компликации. Учесниците биле групирани според навиките во исхраната. Истражувачите ја следеле секоја група во просек по 56 месеци.

Луѓето кои следеле медитеранска исхрана имале значително помала инциденца на срцев удар, срцева слабост, мозочен удар или кардиоваскуларна смрт од оние кои следеле други шеми на исхрана.

Анализа на студии

Во 2019 година, група експерти дадоа увид во состојбата на истражувањето за медитеранската исхрана и ризикот од кардиоваскуларни болести. За нивниот преглед, тие анализирале нешто помалку од 50 трудови на оваа тема. Истражувачите се обиделе да дадат преглед и резиме на наодите од сите студии, како и да го истакнат она што сè уште не го знаеме. Клучните точки од нивниот преглед се следните:

Иако имало многу студии за медитеранската исхрана и срцевите заболувања, доказите се мешани.
Некои студии пронајдоа докази дека исхраната во медитерански стил може да помогне во спречување на кардиоваскуларни болести, но квалитетот на тие докази не бил секогаш силен.
Исто така, имаше многу студии кои не нашле докази дека медитеранската исхрана помогнала во спречување на кардиоваскуларни болести.
Истражувачите заклучија дека сè уште немаме доволно висококвалитетни докази за да покажеме дека постои јасна превентивна корист од медитеранската исхрана за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Доследна примена на медитеранската исхрана
Без разлика дали сте загрижени за ризикот од CAD, веќе имате CAD или само сакате да испробате нова шема на исхрана, постојат неколку клучни чекори што можете да ги преземете за да ја следите медитеранската исхрана:

избегнувајте преработена храна
направете ја растителната храна основа на вашата исхрана (овошје, зеленчук, мешунки и цели зрна)
наместо путер и маргарин користете маслиново масло или масло од канола
ограничете го црвеното месо на еднаш или двапати месечно
јадете риба и живина најмалку два пати неделно
ако веќе пиете алкохол, размислете да уживате во чаша црвено вино за време на вечерата

]]>
Медитеранската исхрана повторно е прогласена за најдобра во светот https://artkujna.mk/mediteranskata-ishrana-povtorno-e-proglasena-za-najdobra-vo-svetot/ Fri, 05 Jan 2024 08:00:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=37105 Медитеранската исхрана е одобрена од Американското здружение за срце поради нејзините кардиоваскуларни придобивки. ]]>

Веќе седма година по ред, медитеранската исхрана ја освојува титулата за најдобра исхрана во списанието U.S. News & World Report. Таа зад себе ги оставила диетата DASH и MIND, диетата на клиниката Мајо и флекситаријанската исхрана.

Медитеранската исхрана е одобрена од Американското здружение за срце поради нејзините кардиоваскуларни придобивки. Исто така, се покажало дека го намалува ризикот од неповолни исходи од бременоста, како што се прееклампсија, гестациски дијабетес и предвремено породување, според една студија.

Медитеранската исхрана ја нагласува важноста на овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, гравот, јаткастите плодови, мешунките, маслиновото масло и ароматичните билки и зачини. Риба и морски плодови се консумираат најмалку два пати неделно, а живина, јајца, сирење и јогурт во умерени количини, според U.S. News & World Report.
„Секој план со кој се исклучува цела група на намирници не е добар и затоа медитеранската исхрана е секогаш победник“, вели Гретел Шулер, главен уредник на U.S. News & World Report.

]]>
Голема студија следела 60 илјади луѓе во текот на 9 години: Оние кои го јаделе ова имале помалку рак и деменција (ВИДЕО) https://artkujna.mk/golema-studija-sledela-60-iljadi-luge-vo-tekot-na-9-godini-onie-koi-go-jadele-ova-imale-pomalku-rak-i-demenczija-video/ Thu, 20 Jul 2023 13:44:46 +0000 https://artkujna.mk/?p=34779 во Велика Британија е направено големо истражување на 60.000 луѓе кои биле следени девет години. Истражувањето открило дека консумирањето на медитеранската исхрана е поврзано со 55 отсто помал ризик од деменција и зголемување на когнитивните функции]]>

Д-р Тим Тиутан е познат американски лекар, онколог кој често советува како да живеете што подолго и здраво.

Така во најновото видео тој вели:

Ова е храна која се бори против деменција и рак. Имено, во Велика Британија е направено големо истражување на 60.000 луѓе кои биле следени девет години. Истражувањето открило дека консумирањето на медитеранската исхрана е поврзано со 55 отсто помал ризик од деменција и зголемување на когнитивните функции, вели д-р Тим и продолжува да објаснува.

Медитеранската исхрана го намалува ризикот од деменција, рак, срцеви заболувања и други хронични заболувања. Една од студиите споменати овде ја истакна важноста на јаткастите плодови (кои исто така имаат придобивки за превенција од рак) и маслиновото масло во исхраната, што доведува до когнитивни придобивки.

Оваа диета вклучува:

Зеленчук

Цели зрна

Мешунки

Јаткасти плодови и семиња

Масти здрави за срцето

Риба

Живина

Помали порции црвено месо

Избегнувајте:

Преработена храна (паштета, салама, чипс, виршли, месни појадоци…)

Шеќер

Брза храна

Премногу бел леб и колачи

Слатки

Млечни чоколади

]]>
Дали медитеранската исхрана доби сериозна конкуренција? Блоговите за храна пишуваат за новата „ин“ кујна https://artkujna.mk/dali-mediteranskata-ishrana-dobi-seriozna-konkurenczija-blogovite-za-hrana-pishuvaat-za-novata-in-kujna/ Fri, 03 Mar 2023 10:26:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=32892 Според експертите, здравата исхрана се заснова на основни научни принципи кои можат да се следат и во Хелсинки исто како и во Рим. Оптималната исхрана е сиромашна со сол и ограничена со животински протеини и масти. Шеќерот и холестеролот треба да се консумираат умерено. Треба да јадете многу зеленчук, зелена салата, влакна и омега-3 масни киселини]]>

Досега, во потрага по трендови во модата или опремувањето на домот, луѓето се свртеа кон Скандинавија, а во последните години тоа го прават и во однос на храната, пишува германската новинска агенција dpa.

Новата нордиска кујна е „ин“, велат блоговите за храна. Но, што точно е таа? И дали е еднакво корисна за здравјето и долговечноста како медитеранската исхрана, која нашироко се смета за златен стандард?

Кулинарското движење „Нова нордиска кујна“ беше лансирано во Копенхаген во 2004 година со декларација за нордиската исхрана од 10 точки, кој го развиле и го потпишале 12 нордиски готвачи.
Принципите на тој проглас може да се сумираат како регионална култура на храна заснована на чистота, сезона, етика, здравје, одржливост и квалитет:

Како нордиски готвачи, веруваме дека е дојдено време да се создаде нова нордиска кујна, која со со своите добри вкусови и посебен карактер може да се спореди со стандардите на најголемите кујни во светот.
Неколку години подоцна Нордискиот совет на министри, меѓувладина агенција на Финска, Данска, Шведска, Исланд и Норвешка, започна нова нордиска прехранбена програма како потпора за прогласот и за промовирање на локална, регионална и национална храна.

Во 2017 година, основана е нордиската лабораторија за политики за храна беше основана за да помогне во решавањето на проблемите со храната идентификувани како предизвици во целите за одржлив развој од Агендата 2030 на Обединетите нации. Каролин Грот, експерт во одделот за храна и исхрана на Советодавниот центар за потрошувачи во Хамбург, Германија, истакнува:

Фокусот е на растителна и непреработена храна која се наоѓа во северноевропските земји.

Каква храна вклучува нордиската кујна?
Типичната нордиска исхрана вклучува цели зрна, главно ‘рж, јачмен и овес. Коренестиот зеленчук како цвекло и морков исто така игра важна улога, заедно со пивото и регионалните овошја како јаболка и круши.

„Јаткастите плодови, печурките и мешунките се исто така дел од исхраната“, вели Грот.

Оваа растителна храна е дополнета со масни риби како лосос и скуша и млечни производи со малку маснотии.

Маслата во нордиската исхрана се главно од семе од репка, сончоглед и ленено семе.

Според Грот, месото ретко се наоѓа на менито – обично само еднаш неделно:

Нема голема разлика во однос на типичната медитеранска исхрана, бидејќи основата на двете исхрани е слична.
Медитеранската исхрана исто така се заснова на храна од растително потекло.

Покрај зеленчукот, се базира на овошје, јаткасти плодови, семки и мешунки, заедно со житарици, риба и маслиново масло.

Како и во нордиската исхрана, месото и млечните производи се консумираат само повремено.

Оваа храна го снабдува телото со многу витамини, минерали, диетални влакна и секундарни растителни метаболити. Покрај тоа, има изобилство на здрави масни киселини преку рибите и растителните масла.

Грот нагласува:

Во двете исхрани се јаде малку месо, што е позитивно од здравствен аспект.

Нордиската исхрана и долговечноста
Д-р Георг Вехслер, претседател на Здружението на германски лекари за нутриционистичка медицина (BDEM), сè уште не е подготвен да ја стави нордиската исхрана рамо до рамо со медитеранската исхрана:

Не можам силно да ја поддржам нордиската исхрана бидејќи недостасуваат цврсти докази. Поточно, Скандинавците не живеат подолго или значително подолго од јужноевропејците. Очекуваниот животен век во Северна и Јужна Европа е речиси идентичен – околу 85 години. Плус или минус години е сосема небитно.
Исто така, слични се и стапките на смртност низ целата европска унија.

Според Векслер, тоа повеќе зависи од квалитетот на здравствената заштита отколку од исхраната. Затоа, префрлањето на нордиска исхрана со надеж за продолжување на животот нема смисла.
Освен тоа, вели тој, не му дава на телото сè што му е потребно:

Има релативно малку витамини и диетални влакна, но богато е со масти. Норвежаните не јадат многу портокали или зелена салата – тие не растат таму.
А има и малку извори на влакна, на пример, темниот леб, вели тој.

Позитивната страна е изобилството на омега-3 масни киселини, особено од масните риби. „И содржи малку месо“, додава тој.

Ниту нордиска, ниту медитеранска, туку европски план на исхрана
Значи, каде е најздравата исхрана – на север, југ или на друго место? И која е најздравата исхрана од сите?

Ниту една научна препорака за исхрана не бара елиминација на традиционални јадења кои се дел од културата на регионот, како што е печеното свинско месо во Баварија, вели Векслер:

Само количината е важна. Секое печено свинско месо е здраво додека не јадете огромни порции секој ден.
Векслер претпочита план на исхрана кој не е конкретно нордиски или медитерански, туку европски:

Здравата исхрана се заснова на основни научни принципи кои можат да се следат и во Хелсинки исто како и во Рим. Оптималната исхрана е сиромашна со сол и ограничена со животински протеини и масти. Шеќерот и холестеролот треба да се консумираат умерено. Наместо тоа, треба да јадете многу зеленчук, зелена салата, влакна и омега-3 масни киселини, на пр. две порции риба неделно.

Многу поважна од исхраната е енергетската рамнотежа. Храната што се консумира во прекумерни количини е штетна. Прекумерната потрошувачка на сол и маснотии, на пример, го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, меѓу останатите медицински состојби.
Кога станува збор за животниот век, тој е убеден дека имаме простор за подобрување.

]]>