настан – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 06 Jun 2024 09:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif настан – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Две третини од почвите во Европа се нездрави: Како да го подобриме здравјето на земјата? https://artkujna.mk/dve-tretini-od-pochvite-vo-evropa-se-nezdravi-kako-da-go-podobrime-zdravjeto-na-zemjata/ Thu, 06 Jun 2024 09:21:36 +0000 https://artkujna.mk/?p=39557 На 13ти јуни во просториите на Europe House Skopje ќе се одржи настан кој има за цел да ја информира јавноста и сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на мисијата. Настанот е наменет за земјоделци и сопственици на парче земја, но и за сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на темата почва ]]>

Деградацијата на почвата, главно поради прекумерните и несоодветни човекови активности и
индустриските процеси, влијаат на нејзиното здравје и квалитет преку физичко оштетување и
внесувањето на загадувачи.

Истражувањата предводени од Европската Унија покажале дека две третини од почвите во Европа се „нездрави“, што значи дека нивниот капацитет да обезбедат низа екосистемски услуги (храна, чиста вода, живеалиште за организмите кои живеат во неа) е нарушен, и тоа предизвикува низа сериозни економски, еколошки и општествени последици.

На 13ти јуни во просториите на Europe House Skopje со почеток од 9:30ч ќе се одржи настанот
„Проект NATI00NS – Европска мисија за спроведување на договорот за унапредување на
здравјето на почвата и можности за финансирање“ кој има за цел да ја информира јавноста и
сите засегнати страни за состојбите на почвата и потребата за нејзина заштита, при што ќе бидат
презентирани и можности за финансирање на проекти кои се стремат кон остварување на
мисијата.

За оние кои не можат да присуствуваат физички, ќе биде обезбеден онлајн пренос од
настанот преку апликацијата ЗУМ.

Европската Унија во 2021 год. ја започна амбициозната мисија „Договор за почвата за Европа“ која
цели до 2030 год. да создаде 100 регионални т.н. Живи лаборатории и светилници (Living labs
and Lighthouses), кои ќе служат како центри за ширење на знаење и иновации, заеднички креирајќи
и тестирајќи практики и решенија за подобрување на здравјето на почвата.

За спроведувањето на гореспоменатата мисија воспоставен е проектот NATI00NS преку кој се пренесуваат клучни пораки за подигнување на свеста, како и подготвување на регионалните и националните чинители од сите европски земји да аплицираат и ги имплементираат своите идеи за подобрување на здравјето на почвата.

Настанот е во организација на BioSense Институтот од Србија и Здружението за еколошка
едукација и одржливо живеење ЈЕС ФОР ЛЕС, кои стапија во партнерство со Земјоделскиот
Институт – Скопје која е водечка истражувачка институција со богато знаење и експертиза на тема
почви и одржливи земјоделски практики, за да направат заеднички напори да ја информираат и
едуцираат јавноста за овие теми.


За кого е наменет настанот?

Истражувачи и експерти, земјоделци и сопственици на парче земја, претставници од граѓански
здруженија и бизнис секторот, како и поединци кои имаат зелени бизнис идеи, потоа локални
заедници, студенти, владини претставници и сите оние поединци кои сакаат да се едуцираат на
тема почва и да се информираат за мисијата „Договор за почвата за Европа“ и проектот NATI00NS,
како и можностите за финансирање.

Што точно ќе се случува на настанот?

Настанот има едукативен и информативен карактер. Гостите-експерти од Институтот BioSense
подетално ќе ја објаснат мисијата и проектот, а ќе дадат и насоки за концептот и критериумите за
аплицирање за Живите лаборатории и светилници.

Претставник од здружението за социјални иновации АРНО ќе информира за дополнителни можности за финансирање од областа на зелени идеи вклучувајќи и такви кои целат да ја заштитат почвата.

Како дел од настанот ќе се одржи и панел дискусија на тема „Oдржливи наспрема конвенционални земјоделски практики кај нас: можности, препреки и како тие влијаат на здравјето на почвата“ на која својата експертиза и гледишта ќе ги споделат двајца професори од Земјоделскиот Институт, како и успешни производители кои се занимаваат со органско и пермакултурно производство од нашата земја.

После завршување на официјалниот дел предвиден е коктел со можност за неформално
вмрежување.
Повеќе информации: https://www.nati00ns.eu/mecedonia-nee-2024
Задолжителна регистрација на линкот: https://www.nati00ns.eu/form/macedonia-form-2024

]]>
Охриѓани во Скопје, скопјани во Охрид, прилепчани, битолчани, македонски и странски туристи, гурмани и мераклии за домашна храна…Вкусете го Охрид! https://artkujna.mk/ohrigani-vo-skopje-skopjani-vo-ohrid-prilepchani-bitolchani-makedonski-i-stranski-turisti-gurmani-i-meraklii-za-domashna-hrana-vkusete-go-ohrid/ Fri, 28 Jul 2023 12:29:07 +0000 https://artkujna.mk/?p=34892 Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нивниот и секако, нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична. Токму тоа ве очекува утре (29.јули), од 19 часот на плоштадот кај Долна Порта во Охрид]]>

Откако во јуни се одржа третиот по ред Фестивал на биодиверзитет во Паркот на франкофонијата во Скопје, нашите локални производители од Слоу фуд Македонија не ги фати летната летаргија. Напротив, организираат уште настани и дружби. Утре (29 јули) во организација на Слоу фуд Охрид по вторпат се организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“. Од 19 часот на плоштадот кај Долна Порта посетителите ќе можат да вкусат охридски специјалитети приготвени на традиционален начин. И секако, освен производителите од Охрид, тука ќе бидат и сите нивни пријатели – „слоуфудовци“ од цела Македонија.
Инаку, Слоу Фуд-Охрид е дел од слоу Фуд Македонија и преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.
Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. Нивниот и секако, нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.
ДОБРА: квалитетна, вкусна и здрава храна.
ЧИСТА: производство што не штети на животната средина.
ФЕР: достапни цени за потрошувачите и правични услови и плаќање за производителите.
Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“ .
Знаеме дека ќе биде убаво и токму како што најавуваат домаќините: вистинска гастрономска авантура, настан на кој ќе имате можност и да вкусите и да купите, но и да научите нешто ново за широкиот спектар на извонредни производи.

„Подгответе се да тргнете на ароматично патување како ниедно друго! Започнете го денот со шолја инзвонредно топло кафе, стручно сварено до совршенство. Можете да ги вкусите најдобрите домашни органски зеленчуци директно од мала градина, пасти од зеленчук, тегли со разновидни вкусови, домашни џемови и да ја ослободите вашата кулинарска креативност.

Нурнете во светот на охридските традиционални специјалитети, ѓомлезе и кошмишпите, традиционални јадења кои го отелотворуваат богатото кулинарско наследство на овој волшебен регион. Вкусете го рустичниот леб од кисело тесто, вистинско ремек-дело во светот на лебот и доказ за страста на пекарите. Уживајте во саканите класици! Скромниот хамбургер, пица и сендвич трансформирани во занаетчиско ремек дело. За авантуристите, ги очекуваат микробилките и јадливите цвеќиња, кои не само што ќе ја подигнат хранливата вредност, туку и ќе ги вкрстат традиционалното со елеганцијата, ќе им дадат нова нота на старите специјалитети.

Дозволете занаетчиските чоколади да бидат вашето уживање. Прифатете ја посветеноста и стручноста на производството на масло од лешник, течното злато и деликатниот вкус што ги надополнува и слатките и солените креации. Истражете ги најдобрите вина и пива од локалните пивари и винарии и уживајте во сложеноста на вкусовите во секоја голтка“, порачуваат домаќините.

]]>
За здравјето на почвата: Настан посветен на формулата за здрава почва и зелени бизниси како инвестиции во нашата иднина https://artkujna.mk/potenczijalite-na-makedonskata-pochva-zdrava-pochva-i-zeleni-biznisi-ednakvo-na-investiczii-vo-nashata-idnina/ Thu, 11 May 2023 09:17:27 +0000 https://artkujna.mk/?p=33651 За носители на зелени социјални бизнис идеи, истражувачи, земјоделци, претставници на професионални здруженија, локални заедници, студенти, граѓани, граѓански организации, владини претставници и други заинтересирани страни.]]>

На 15-ти мај (понеделник) во 09 и 30, во Europe House (Скопје), се организира настанот „Здрава почва + зелени бизниси = инвестиции во нашата иднина“ кој го става и Скопје на европската мапа на градови кои се приклучени во проектот NATI00NS.

АРНО, во соработка со Земјоделскиот институт – Скопје подготви интересна програма и ги повикува сите заинтересирани да се регистрираат за учество на настанот (пополнете формулар) наjдоцна денес (11 ти мај).  Поради потенцијалниот голем интерес и важноста на ова случување, настанот ќе биде во хибриден формат и ќе постои можност да се проследи онлајн, за што, исто така, е потребна регистрација. 

NATI00NS е европски проект финансиран во рамките на програмата HORIZON, координиран од Универзитетот Архус од Данска. Главната цел на NATI00NS е да допре и да ги подготви регионалните и националните чинители од Европа да аплицираат и да имплементираат т.н Живи лаборатории (Living Labs), придонесувајќи за мисијата на ЕУ „Договор за почвата за Европа“.

Овие настани се справуваат со предизвиците за здравјето на почвата и стратегиите за отпорност во 43 целни земји и се проследени со активности за поддршка. Учесниците, исто така, се вклучени во сесиите за предизвиците на здравјето на почвата и техничките дијалози за развој на предлог-проект за LL во согласност со критериумите на мисијата.

Преку 9 годишната имплементација на натпреварот „Зелени идеи“ АРНО стана чинител кој е препознаен по промоцијата на зелена социјална економија. Низ годините, македонските граѓани аплицираат со зелени бизнис идеи за одржливи земјоделски практики, производство на храна, кои во голема мера се потпираат на здрави почви и искористување на други видови земјишта. 

Партнерството помеѓу АРНО и Земјоделскиот институт-Скопје се заснова на заеднички заложби за промовирање одржливи зелени бизниси, заложби за важноста на здрави почви и заложби за едуцирање на граѓаните, особено младите.

Земјоделскиот институт-Скопје е водечка истражувачка институција (една од најстарите научно-истражувачки организации од областа на земјоделството во нашата земја) со богато значење и експертиза за здравјето на почвата и одржливите земјоделски практики. Партнерството со Земјоделски институт e важно за пораката на настанот, која е градење на екосистеми, од долу нагоре. 

За кого е наменет настанот? 

За носители на зелени социјални бизнис идеи, истражувачи, земјоделци, претставници на професионални здруженија, локални заедници, студенти, граѓани, граѓански организации, владини претставници и други заинтересирани страни.

Која е содржината на настанот? 

Во првиот дел од настанот планирани се поздравни обраќања со заложби на темата и акцент на европската димензија на ова прашање од страна на Трајан Димковски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Марија Ѓошевa Ковачевиќ од Земјоделскиот институт и Ирина Јаневска, од Здружението за социјални иновации „АРНО“. Понатаму, гостите-експерти од BioSense (Србија) преку структурирани презентации ќе дадат објаснувања за проектот и насоки за концептот и критериумите за „живите лаборатории и светилници“.
Дополнително, настанот ќе биде збогатен со панел дискусија во која ќе учествуваат еминентни професори, носители на зелени бизнис идеи и експерти за одржливи бизниси, кои пред присутните ќе разговараат за  проблемите, но и за потенцијалите на македонската почва. Во завршниот дел предвиден е коктел со можност за неформално вмрежување.

]]>
Еднодневен настан во Прилеп: Во главната ролја – македонското автентично биено сирење https://artkujna.mk/%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d0%bf-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%b0/ Thu, 01 Sep 2022 07:37:11 +0000 https://artkujna.mk/?p=30184 Годинешното, четврто издание на биеналниот настан посветен на млекото, има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на македонското сточарство и млекарство.]]>

„МЛЕКО 2022“ е еднодневен настан кој оваа година ќе се одржи на 03 септември 2022 година во Прилеп под мотото „Како да се „бие“ млекото?“, а во организација на „Слоу Фуд Прилеп“ со поддршка од националната организација „Слоу Фуд Македонија“.

Станува збор за биенален настан, посветен на автохтоните млекодајни раси на домашни животни и млечни производи произведувани на семејните фарми, бачила, мандри и мали производства, чии претходни изданија се однесуваа на заборавените автохтони млечни производи (во Скопје, во 2014.година), пасиштата и регулативите (во Битола, во 2016) и на расите на млекодајни животни и козарството (во Скопје, во 2018).

Овогодинешното четврто издание има за цел преку примерот на автентичното биено сирење кое ја отсликува нашата традиција и историја, да отвори дебата за важните прашања околу иднината на нашето сточарство и млекарство.

На манифестацијата ќе присуствуваат сточари, млекари, мандраџии, експерти, претставници на институции, студенти и активисти од здруженија и сите оние што сакаат да им се слушне гласот, да презентираат и да уживаат во веселата дружба  и во различноста на вкусовите. Програмата на „МЛЕКО 2022“ ќе понуди изложба и пазар на сирења и други производи од преку 25 производители, панел дискусии, изложби, детско едукативно катче, културно-уметничка програма.

Настанот е можност да им се даде видливост на младите млекари, малите семејни сточарски фарми и нивните сѐ повеќе уникатни сирења и млечни производи.

Придонесот на Слоу Фуд во повторното „откривање“ на секторот  преку проширување на видиците за можностите кои постојат, варијантите на сирења кои може да се направат, трендовите на пазарот и побарувачката од потрошувачите, е од големо значење во промоцијата на различните региони, зачувувањето на традиционалните, но и надоградување на техниките за производство и зачувување на животната средина. 

„Ајде заедно да размислиме и да одговориме на прашањето како да се „бие“ млекото денес, со сите предизвици кои нѐ пресретнаа. Како да се произведе вистинско сирење со препознатлив вкус, а тоа да биде исплатливо и достапно за секого?“, велат организаторите.

Во сабота на 3 септември, паркот околу градскиот часовник во Прилеп ќе нуди повеќе од сенка и клупи за одмор.

„Бидете таму, на „зборното“ место. Заедно ќе „направиме“ МЛЕКО за паметење!“, порачуваат оттаму.

Настанот се реализира со поддршка на  Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Прилеп, како и со придонес на спонзорите и поддржувачи: „Концепт продукција“, „Евро стил“, “Горска вода“ и пекара „Маја“.

Повеќе за настанот „МЛЕКО 2022“ и за програмата, побарајте ТУКА.

]]>
Вкусете го Охрид! https://artkujna.mk/%d0%b2%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%be-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4/ Fri, 29 Jul 2022 12:26:22 +0000 https://artkujna.mk/?p=29758 Првиот настан во организација на охридскиот конвивиум Слоу фуд Охрид почнува утре (30.јули) во 19 часот на плоштадот „Долна порта“, Охрид, а на него ќе може да се дегустира и да се купи домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи и рачно изработени уникатни сувенири.]]>

Откако годинава во мрежата на „Слоу Фуд Македонија“ која е дел од светската мрежа на Слоу Фуд, чие делување е распространето во 160 земји во светот се формираше конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“, за утре (сабота, 30 јули) е најавен и првиот настан во организација на охриѓани – „Вкусете го Охрид! …локално“. Настанот почнува во 19 часот на плоштадот „Долна порта“, Охрид, а на него ќе може да се дегустира и да се купи домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи и рачно изработени уникатни сувенири.

Станува збор за производи кои ќе бидат понудени директно од производителите, а се со најдобар квалитет и по правични цени.

Помеѓу членовите на охридскиот конвивиум се истакнати професори, активисти, производители и угостители и нивна заедничка цел е промовирање на локалните традиции, културните вредности и животната средина.

„Слоу Фуд Охрид“ е единаесетиот конвивиум во мрежата на „Слоу Фуд Македонија“ и е дел од светската мрежа на Слоу Фуд, чие делување е насочено кон спречување на се поголемата глобална хомогенизација на вкусовите, со особен нагласок на зачувување на традиционалната храна и локалниот биодиверзитет пред напливот на унифицирани производи и едноличноста во понудата.

„Заедно да ги откриеме локалните вкусови од охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична храна, како и младите производители на иновативни производи кои ги произведуваат на одржлив начин“, велат во најавата за настанот.

Овој настан се одржува во текот на туристичката сезона, со цел да се претстави како организација пред пошироката јавност и да ги презентира локалните производители и занаетчии.

Дел од Слоу фуд Охрид се и нашите стари пријатели Papa’s Ohrid, поточно охриѓанецот Димитар Јовчески кој сите во градот, како што вели, уште од дете го знаат како Мики и неговата сопруга Наташа. Тие, од своето макало од лук по рецептот на старите трпејчанки (од село Трпејца), направија вистински бренд на кои му се придружија и други производи, како на пример, јуфките или по охридски, губите и тараната кои се исто така нешто традиционално што се правело порано во Охрид, а во Трпејца и денес речиси и да нема куќа во која не се прават.

И тие ги прават по традиционален рецепт, со домашни јајца и млеко, а прават и превкусно слатко од зелени смокви.

Тука е и нашата стара пријателка Наташа Неданоска која сега заедно со своето семејство и нивната ПИРУСТИЈА, како што е името на нивното селско домаќинство сместено на три километри од Охрид, во селото Рамне, направи вистински бум промовирајќи еден поинаков вид на туризам чиј концепт се состои во тоа гостите да доживеат еден исполнет ден на село. Притоа, тие не се пасивни порачувачи и консументи на храна, туку се активни посетители кои  можат да се вклучат во целиот процес. Ги пречекуваат со домашно слатко од нивните овошни насади и изворска чиста испитана ладна вода, а потоа учествуваат во подготовка на традиционалните охридски специјалитети заедно со нивните домаќини.

Дек од оваа интересна дружина е и Весна Миленкоска која по професија е готвачка, ама готви само за своето семејство и од пред речиси 2 години, од хумани причини, за други семејства кои имаат потреба од тоа. Домашните лебови со маја ѝ се љубов, а хуманоста – карактерна особина.

Почнала да прави леб со кисело тесто, прво само за домашните, а потоа, сосема спонтано, почнала да го прави и по нарачка.

Секако, тука се и другите членови чии приказни допрва ќе се најдат на нашиот портал затоа што навистина го заслужуваат тоа. Марко Трајкоски – пица мајстор и сопственик на PROVA Pizzeria, Акин Сезер, кој произведува 100% органски локални свежи производи на Sezer’s Organic Farm во Охрид до самото езеро, Bro’s Burger-супер успешна охридска бургер приказна кои на Slow Food настанот во Охрид ќе го прикажат уникатниот македонски бургер и други.



]]>