натпревар – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 10 Sep 2026 11:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif натпревар – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Не чекајте уште да зреат: Само уште 6 дена до крајниот рок за натпреварот „Зелени идеи 2026“ https://artkujna.mk/tik-taktik-tak-ne-chekajte-ushte-da-zreat-samushte-6-dena/ Thu, 10 Sep 2026 11:22:50 +0000 https://artkujna.mk/?p=46737 Трендот во светот е да се инвестира во бизниси кои можат да ги мерат промените што ги прават, но и идеи кои можат да растат апсорбирајќи и капитал од инвеститори, а не само грантови. Повикот во 2026-та е насочен на оние кои се сериозни и потенцијалната регионална победа би им донела ветер во грбот – истакнуваат од АРНО.]]>

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште шест дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат постоечки импакт-бизниси или тимови со идеи кои прават добро за животната средина и локалните заедници. Аплицирањето е преку официјалниот линк, најдоцна до 16 септември. Во 2026 година, националниот натпревар се одвива целосно онлајн и на англиски јазик.

– Критериумите се исти со мали промени кои се објаснети детално во самиот повик, но годинава нагласуваме фокус на мерливите импакт-индикатори. Имплементирајќи го проектот „Инвестираме во промени“, АРНО апелира пријавите да содржат не само податоци за активностите, туку и индикатори за нивниот импакт. Трендот во светот е да се инвестира во бизниси кои можат да ги мерат промените што ги прават, но и идеи кои можат да растат апсорбирајќи и капитал од инвеститори, а не само грантови. Повикот во 2026-та е насочен на оние кои се сериозни и потенцијалната регионална победа би им донела ветер во грбот – истакнуваат од организацијата.

„Зелени идеи од Балканот“ (Balkan Green Ideas) претставува традиционален годишен натпревар кој 15 години ги поддржува зелените иницијативи во Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, овозможувајќи им на најдобрите тројца претставници од секоја земја да се натпреваруваат во две категории за грантови од 5.000 или 10.000 долари. Вкупниот фонд за регионални награди во 2026 година изнесува 20.000 американски долари.

Како организатор на натпреварот од 2015 година, АРНО со гордост потсетува дека македонските учесници досега имаат освоено 12 регионални признанија за иновативните импакт-бизниси. Меѓу нив се пионерската кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“, стартапот за редизајн на стар мебел „СПИН“, креативните еко-илузии на Кристијан Шопов, платформата за продажба на непродадени оброци „Храна за сите“, одржливото производство на ориз на задругата „Оризова братимка“, мобилната апликација за пешачење „Challenger“, иновативниот прехранбен адитив од комиње „Вајс адитив“, ароматизерите и есенцијалните масла од портокалови кори „О-круг“, пионерската „Инсект пилот соба“ за протеинска храна за миленици добиена од ларви од муви, уникатни модни шапки од текстилни остатоци на Мирјана Јосифоска, преносливиот шпорет за готвење во природа „MobiStove“, како и минатогодишниот победнички тим со природната крема за пилинг од искористено кафе „LoaNaturals“.

Со овие успеси, вкупната инвестиција за развојот на македонските импакт-бизниси преку натпреварот достигнува 110.000 долари.

]]>
Време е за скопски ѓеврек! Влегувајте во кујна и приклучете се на најинтересниот гастро-предизвик за скопјани https://artkujna.mk/vreme-e-za-skopski-gevrek-vleguvajte-vo-kujna-i-prikluchete-se-na-najinteresniot-gastro-predizvik-za-skopjani/ https://artkujna.mk/vreme-e-za-skopski-gevrek-vleguvajte-vo-kujna-i-prikluchete-se-na-najinteresniot-gastro-predizvik-za-skopjani/#comments Fri, 17 Nov 2023 10:14:38 +0000 https://artkujna.mk/?p=36341 Да, да, сите ги сакаме охридските варени ѓевречиња, кавадаречките пишии, штипските и велешките пастрмајлии, ама сега е време за едно вкусно скопско печиво, редизајниран ѓеврек направен само со наши, локални состојки... А можете да лапнете и награда]]>

Пред неколку дена беше објавена иницијативата на АРНО и средното угостителско училиште „Лазар Танев“ – натпревар за рецепти за ѓеврек, омиленото печиво, во ново руво. Тие ги
поканија сите скопјани на возраст од 18 + години да учествуваат и да ги покажат своите кулинарски
вештини.

Критериуми и фази

Овој натпревар си има свои критериуми и ќе се одвива во неколку фази. Во првата фаза на натпреварот жирито ќе ги оценува пријавите според следните принципи:

Креативност: Степенот на иновативност и креативност во иновирањето на традиционалниот ѓеврек
со нови елементи и вкусови.

Употреба на локални состојки: нагласена употреба на локални состојки, како што се локално брашно, локални семиња, локални намази и други иновативни локални намирници и нивни споеви.

Јасност и оригиналност: Јасност и оригиналност на рецептот, вклучувајќи добро структурирани
упатства и уникатни карактеристики што прават да се разликува.

Време за подготовка и процедура: Ефикасност и јасност на процедурата за подготовка на рецептот, вклучувајќи го проценетото време потребно за подготовка и потребните услови или техники.

Важни датуми

Граѓаните можат да ги праќаат своите пријави почнувајќи од денот кога беше објавен повикот (13.ноември) до 05.декември.

До 13-ти декември жири комисија ги разгледува пријавите, а на 14. декември се информираат финалистите за готвењето во живо. Имено, на 26. декември, финалистите ќе бидат повикани на подготовка на рецептите во живо, жири-комисијата ќе изврши бодување и на крајот ќе следи прогласување на победник.

Но тоа не е сѐ!

Во јануари/февруари победникот има обврска да одржи 2 обуки за учениците од „Лазар Танев“ на кои ќе им го пренесе знаењето и вештините за подготовка на победничкиот рецепт.

Намирниците за финалето и обуките за учениците ќе бидат обезбедени од страна на организаторите.

За ѓеврекот…

Ѓеврекот е популарно и вкусно печиво со кружен облик. Ова локално, кулинарско богатство претставува уникатен спој на вкусови и текстури. Ѓеврекот најчесто се јаде како закуска, за појадок или во доцните ноќни часови (популарно меѓу младите). Ѓеврекот е наш бејгл. Кружна форма со која можеме да поиграме. Можеме да го исечеме на половина, да играме со разни вкусови, свежи намирници, намази, разни семки, безглутенско тесто, а можеме да го оставиме во истиот облик и да поиграме со намирници во самото тесто, може да го направиме покрцкав, помек…. Важно е да остане во круг и да биде направен исклучиво од локални состојки.

Новиот проект на АРНО се фокусира кон подобрување на вештините и знаењата на учениците од СУГС „Лазар Танев“ преку презентирање на концептот на социјално претприемништво, подигање на свеста за социјално претприемништво, неформално образование, мотивирање на учениците за кариерен развој, промовирање успешни приказни од кулинарски социјални бизниси и сето ова со ГОЛЕМ акцент на еко-практики во овие области.

Кој може да учествува?
Овој натпревар е повеќе од обично кулинарско натпреварување; ова е можност да бидете дел од
проект кој има за цел да промовира социјално претприемништво преку локална гастрономија, да ја
зајакне заедницата и да го промовира стручното образование за готвачи и пекари. Победникот од
финалето ќе има задолжение да ги научи младите ученици (готвачи и пекари) од СУГС „Лазар Танев“ како се подготвува рецептот. Освен благородната задача, предвидена е награда во вредност од 200 евра за пишаниот победнички рецепт, и надомест во вредност од 200 евра за одржаните обуки (2) за учениците. Наградите се во бруто износ и ќе се склучуваат по основ договор на дело.
Размислете кои локални намирници и состојки би сакале да ги вкусите со следниот залак на ѓеврек.
Бидете креативни и инспирирајте се од локалните вкусови. Погледнете ги правилата, и смислете го
кругот.

Пријавата можете да ја пополните (Ворд документ) и заедно со фотографии од ѓеврекот да ја испратите на [email protected], најдоцна до 5-ти декември.

Натпреварот е отворен само за граѓани од Скопје и скопскиот плански регион/

Зошто токму ѓеврек?
Во 2012. година економистката Кејт Раворт го развива економскиот модел на крофна или т.н „Крофна економија“. Името доаѓа од обликот на дијаграмот, односно диск со дупка во средината. Централната дупка на моделот го покажува процентот на луѓе кои немаат пристап до основните животни потреби (здравствена заштита, образование, еднаквост и сл.), додека кората (горната кружница) го претставува еколошкиот плафон/планетарните граници од кои зависи животот и кој не смее да се надмине. „Крофна економијата“ е економски начин на размислување кој промовира регенеративна и дистрибутивна економија, економија на 21-от век. Овој модел повикува на промена во начинот на кој размислуваме за економијата, нагласувајќи ја важноста на одржливоста, социјалната еднаквост и локалната благосостојба.
Повикувајќи се на вредностите и начелата на оваа нова економија, користејќи локални намирници,
еко-практики, локална култура и локални заедници, АРНО ја именуваше оваа нова економија како „Ѓеврек економија“. Такашто, ако сега зборувавме за социјално претприемништво, циркуларна економија, зелени бизниси, ова е гриз подлабоко во новите економски модели. Планот е да се донесе ново знаење, инспирација и пракси во нашата земја, залак по залак и со вклучување на сите кои се гладни за промени.

]]>
https://artkujna.mk/vreme-e-za-skopski-gevrek-vleguvajte-vo-kujna-i-prikluchete-se-na-najinteresniot-gastro-predizvik-za-skopjani/feed/ 1
Пекарски Олимписки игри во Римини https://artkujna.mk/%d0%bf%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%bb%d0%b8%d0%bc%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b8%d0%bd%d0%b8/ Fri, 20 Jan 2023 12:43:05 +0000 https://artkujna.mk/?p=32197 Викендов во италијанскиот град Римини ќе се одвива престижниот пекарски натпревар кој ќе го собере кремот на светската сцена, поточно на прехранбената индустрија за пекарски производи, десерти и кафе. Функционира врз принципот на покани, а Македонија, за жал, нема свои претставници]]>

Пекарството одамна прерасна од обична подготовка на леб во љубов за целиот процес и начин на живот. За тоа сведочи зголемениот број на луѓе, поединци и пекари кои приготвуваат домашни лебови со кисело тесто.

Викендов (21 и 22 јануари) во италијанскиот град Римини ќе се одвива престижниот пекарски натпревар кој ќе го собере кремот на светската сцена, поточно на прехранбената индустрија за пекарски производи, десерти и кафе. Натпреварот функционира по принципот на покани, а годинава за првпат доби покана и Хрватска, поточно тимот од загрепската пекара Bread Club, мала пекарница која започна од загрепска Трешњевка, а за многу краток период се етаблираа како најважен фактор на sourdough сцената и отворија четири продажни места и поголем производствен капацитет.

Натпреварот ќе се одвива во два дена, од кои првиот ден натпреварувачите ќе имаат само еден час да го подготват тестото, додека вториот ден ќе имаат осум часа да подготват производи во пет категории.

За жал, Македонија нема да има свои претставници, но не значи дека тоа нема да се случи некоја наредна година.

]]>
Државно првенство на бармени, победникот заминува на Светско во Куба https://artkujna.mk/%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8/ Tue, 19 Apr 2022 11:36:41 +0000 https://artkujna.mk/?p=28576 Филип Арнаудов, претседател на Здружението на бармени информира дека пријавените учесници се натпреваруваат во различни дисциплини.]]>

Дваесет бармени и барменки денеска учествуваат на 13. Државно првенство на бармени во организација на Здружението на бармени на Македонија, а најдобриот од нив ќе оди на Светското првенство во Куба.

Филип Арнаудов, претседател на Здружението на бармени информира дека пријавените учесници се натпреваруваат во различни дисциплини.

„Квалификациите се од отворен карактер, потоа има полуфинале и на крај финалето е со „after diner“ коктели. Победникот на тоа финале ќе оди на Светското првенство на бармени во Куба“, вели тој.

Дополнува дека на ова првенство може да се пријави секој и здружението е отворено за сите.

„Сите што ја сакаат професијата, што работат зад бар. Единствен услов е да имаат над 18 години бидејќи се работи со алкохол. Секој може да се пријави со своја оригинална рецептура и да се натпреварува со тој коктел, каде што имаме техничко жири и жири за тестирање, кое го оценува коктелот и потоа поените се собираат за да се добие крајниот резултат, појасни тој.

Натпреварот се одвива во ресторанот „Фор“. Квалификациите започнаа во 11:30 часот, а финалето е предвидено за во 16:30 часот.

Извор: МИА

]]>