никулци – Арт кујна https://artkujna.mk Wed, 14 Aug 2024 10:40:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif никулци – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Микро-билки и како да ги произведете сами? Нема ништо полесно и побрзо за одгледување во домашни услови https://artkujna.mk/mikro-bilki-i-kako-da-gi-proizvedete-sami-nema-nishto-polesno-i-pobrzo-za-odgleduvane-vo-domashni-uslovi/ Wed, 14 Aug 2024 10:40:29 +0000 https://artkujna.mk/?p=40689 Истражувањата покажале дека микро зеленчукот има од 4 до 40 пати повеќе витамини и хранливи материи во однос на нивните „позрели колеги“.]]>

Микро-билките се семки од јадлив зеленчук и лековити билки, кои растат еден чекор повеќе од никулците.

Се берат веднаш над тлото, а се консумираат листовите и стебленцата.

Тие се супер храна, со заштитна обвивка полна со витамини и хранливи материи.

Колку се здрави и корисни во кујната зборува и фактот дека се вклучени во јадењата на многу готвачи уште од 80-тите, особено руколата.

Се добива едноставно: густо го сеете семето, добро го залевате и чекате да никне, па после 10 до 15 дена (во зависност од видот) берете и консумирајте.

Истражувањата покажале дека микро зеленчукот има од 4 до 40 пати повеќе витамини и хранливи материи во однос на нивните „позрели колеги“.

Вкусот на микросалатите може да биде сладок, лут, па и благ, во зависност од видот.

Зошто треба да ги насадиме и да ги консумираме?

Можете да засадите голем број на растенија на мал простор.

Чини малку и не трае многу време. Тоа е одлично решение за модерните семејства кои немаат време или простор за поголема градина.

Сè што ви треба е лесен и плиток сад.

Ќе имате свежо зеленило за салата, сендвичи или за супа на дофат на рака.

Содржи лесно сварливи витамини, минерали и фитонутриенти кои се многу здрави и вкусни и имаат интересна боја и форма.

Можете да ги користите како декорација.

Многу видови по бербата можат повторно да пораснат и наскоро ќе можете пак да го „зачините“ вашиот оброк со микрозеленило.

Запознајте се со најпопуларните микро-зеленчуци:

Ротквици

Ако штотуку влегувате во светот на микро-зеленчукот, најдобро е да започнете со микро-ротквици. Тие брзо ртат, им требаат помеѓу 8 и 10 дена, и во ладни и во топли услови.

Во оваа фаза, овие микро зеленчуци се крцкави и налутуваат. Можете да ги користите во салата или во јадења со риби и месо како привлечен и здрав гарнир. Постарите ротквици може да се додадат во супа.

Микро ротквиците имаат висок процент на витамини, минерали и антиоксиданти и се добри за превенција на рак, исто како и брокулата.

Ротквиците содржат и фолна киселина, витамин Б6, рибофлавин, бакар и манган.

Цвекло

На младите садници им треба малку повеќе време за да развијат јадлив микро зеленчук, но вреди да се засадат. Тие содржат инхибитор кој ги успорува хемиските реакции, па р’тењето се подобрува со претходно натопување на семето во вода и одржување на влага после садењето.

Микро цвеклото е богато со витамини Ц, А и К и железо, магнезиум и калциум.

Поради интензивната боја, тоа е одличен избор за салати и за украсување на јадењата. Има благ, нежен вкус сличен на спанаќ.

Брокула

Можеби не ви звучи примамливо, но од здравствени причини вреди да го вклучите во вашата диета. Брокулата е супер храна која е богата со железо, минерали, витамини А и Ц. Содржи и сулфофран кој е добар за превенција од карцином.

Освен во салата, можете да ја ставите во тестенини, но и во чорби и супи.

Брокулата е една од микро-зеленчуците што се најлесни за одгледување, ‘ртат на температура помеѓу 10 и 25 ° C и има густ и тежок принос. Најдобро е да ги користите нејзините млади лисја.

Рукола

Се одгледува во медитеранскиот регион и е популарна како зачин уште од римско време. Таа е еден од најпопуларните видови микро зеленчук, па готвачите прво почнаа да ја користат токму неа во подготовката на оброкот.

Дава остар, пикантен шмек кој го оживува благиот вкус на другиот зеленчук. Добро оди со домати, кромид, маслинки, лимон и најразлични сирења. Користете го како украс за пица, тестенини, омлети, морска храна и други јадења со месо.

Одлична е за есенска и зимска сеидба, ‘рти дури и на 5° C и расте побрзо во контакт со ладна вода. Деликатна е, лесно се оштетува, затоа треба внимателно да се одгледува.

Грашок

Изданоците на грашокот се слатки, крцкави, освежувачки, вкусни, исто како и младиот грашок. Дури и птиците ги сакаат. Тие даваат егзотичен вкус на салатата, варен оброк и месо. Содржат протеини, јаглени хидрати, витамин Ц, Б1, железо, цинк и магнезиум.

Р’тењето се забрзува веќе по 24 часа. Користете стаклено ѕвоно за да ги заштитите овие микро зеленчуци, ако ги одгледувате во стан.

Босилек

Микро босилекот е многу атрактивен и има суптилен вкус и арома, но не е многу интересен микро-зеленчук за мешани салати. Добро оди со домати, лук и кромид.

Од овој микро-зачин ќе добиете богатство на витамини А, К и Ц, калциум, фолат, железо, но и омега-3 масни киселини.

Брзо р’ти, но бара повисока температура од другите микро-зеленчуци.

Кељ

Кељот има благ, сладок вкус, сличен зелката, и е добар избор за салати и други прилози со разни видови на месо.

Богат со витамини Ц, А и К, калциум, манган и фолна киселина – микро-кељот е одлична превенција за карцином.

Келераба

Келераба се издвојува од другите микро-зеленчуци по својот интересен изглед – има пурпурни стебленца со зелени лисја и ѝ дава на чинијата автентичен изглед. Покрај тоа, се додава во јадењата поради нежниот вкус и текстура.

Калциумот, фосфорот, калиумот, цинкот, железото, магнезиумот, каротинот, хлорофилот и аминокиселините во овие микро зеленчуци ќе ви дадат сила и ќе го зајакнат вашиот организам.

Црвена зелка

И овој микро-зеленчук има многу интересен изглед.

Сладок вкус и интересни бои, оди одлично со скара и печен зеленчук.

Студиите покажаа дека микро-црвената зелка може да го намали холестеролот, како и ризикот од кардиоваскуларни заболувања и препорачливо е да ја јадете кога сте на диета.

Микро црвената зелка се истакнува по тоа што има најголема концентрација на витамин Ц и е богата со витамини Е и К.

]]>
Дали е здраво да се јаде никнат лук? https://artkujna.mk/%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b8-%d0%b5-%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d1%98%d0%b0%d0%b4%d0%b5-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%bd%d0%b0%d1%82-%d0%bb%d1%83%d0%ba/ Wed, 06 Jul 2022 09:40:55 +0000 https://artkujna.mk/?p=29440 Една студија покажува дека никнатиот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданти. 'Рти поради старост, но исто како и кромидот и поради неправилно чување и голема количина на влага. ]]>

Лукот се смета за природен антибиотик и заштитник на имунитетот, а има и цела низа благотворни ефекти врз организмот. Но, што да се прави со него ако никне, дали треба да се фрли или е безбеден за јадење?

Додека никнатиот компир укажува на поголемо количество на соланин, штетно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и кое е присутно во зголемена концентрација во зелениот или никнат компир, лукот сепак се разликува.

Токсичните никулци во компирот можат да предизвикаат дигестивни проблеми или главоболки, па не се препорачува да се јаде, но со лукот нема страв. Една студија дури покажува дека никнатиот лук е поздрав од обичниот бидејќи содржи повеќе антиоксиданти. ‘Рти поради старост, но исто како и кромидот, поради неправилно чување и голема количина на влага. Доколку забележите дека станал мек и има силен остар мирис, сепак подобро би било да го фрлите, бидејќи веќе почнал да скапува.

Главиците што ги купуваме во продавниците често поминуваат многу време во магацините или на полиците пред да ги однесеме дома. Добрата вест е дека овие никулци се безбедни за јадење, но можат да имаат горчлив вкус. Горчливата арома нема да биде толку изразена во варени или печени јадења, но ако ги јадете сирови, може да биде непријатна.

Ако навистина не сакате да ги јадете, никулците можете и да ги засадите за да добиете нови свежи главици. За да не никне, чувајте го лукот на темно и ладно место со добра циркулација на воздухот.

]]>
‘Ртете никулци за здравје и енергија https://artkujna.mk/%d1%80%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%86%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b5-%d0%b8-%d0%b5%d0%bd%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/ Mon, 30 May 2022 12:44:36 +0000 https://artkujna.mk/?p=29091 Здрава и евтина храна без многу труд и време? Можеби ова звучи како научна фантастика, но навистина е можно. Тајната се крие во р`тењето на никулците ]]>

Кога се зборува за здрава храна денес често се користи изразот супер-храна, а никулците се токму тоа. Со нив ќе добиете изобилие од витамини и минерали, а за тоа не ви требаат ниту многу пари, ниту многу труд.

Семето е полно со притаени ензими кои се самата суштина на животот. Кога ќе се создадат погодна температура и влажност, почнува чудесниот момент на р’тење кога се ослободува голема количина на енергија. Во текот на процесот на р’тење ензимите ги разградуваат сложените хранливи материи на поедноставни кои полесно се варат. Јаглените хидрати се разградуваат на прости шеќери, мастите се претвараат во масни киселини, а протеините во аминокиселини.

Содржината на витамините наеднаш се зголемува до количина која далеку ја надминува онаа која ќе постои во пораснатата билка.

Пред се, никулците се извор на витамин Ц, витамини од групата Б и витамин Е. Од минералите, треба да се истакне железото со кое се особено богати никулците на мешунките. Најдобро е да се јадат повеќе видови на изртено семе, затоа што секој вид содржи различни количини од овие важни состојки.

Редовното консумирање на никулци го стимулира метаболизмот и создавањето на нова и свежа крв, го зајакнува имунолошкиот систем, го компензира недостатокот на некои витамини и минерали, ја нормализира киселинско-базната рамнотежа на организмот. Никулците помагаат за прочистување на организмот од разни токсини, ја зголемуваат силата, го забавуваат процесот на стареење. Зарем сето ова не е доволна причина да се обидеме да дознаеме барем малку повеќе за никулците?

Меѓутоа, воведувањето на никулците во исхраната треба да биде постепено затоа што преку никулците организмот се снабдува со моќна енергија, а за тоа треба и да се подготви. Најдобро е да се консумираат наутро, кога организмот се снабдува со енергијата која му е потребна за целиот ден.

Главно што треба да се знае за никулците е дека се консумираат живи, односно, термички необработени. Тоа значи дека може да се додаваат во салати, во ладни предјадења, како и во сендвичи. Може да се консумираат со кисело млеко или јогурт, со мед и слично.

Позитивна работа кај никулците е тоа што се богати со хлорофил, а тоа значи енергија. Така на пример, како додаток кон исхраната може да се употребуваат никулци од пченица добиени во два стадиуми. Во првиот стадиум, после 2 – 3 дена, никулецот достигнува големина 1 до 2 мм, и тие тогаш ја достигнуваат својата максимална вредност. Вториот стадиум е кога никулците израснуваат до таа големина кога се јавуваат зелените ливчиња. Ваквите релативно големи израстоци се богати со витамините Е и Д, содржат 20 аминокиселини и 13 витамини, а настанатиот хлорофил ги чисти и црниот дроб и крвта, и го стимулира создавањето на хемоглобинот.

Се разбира, секој вид на растение е индивидуално по својот хемиски состав, но постојат просечни податоци. Значи, воопшто зрната содржат: 6-20% растителни протеини (сличен по состав со протеините во месото), 1-9% масти, 60-88% јаглехидрати (шеќери и скроб), 1-4% растителни влакна (целулоза), 1-3% органски минерални соли, и оптимална содржина на микроелементи. Во текот на тие неколку дена додека семето `рти, се зголемува содржината на витамините В и PP кои се вклучени во составот на голем број препарати кои се користат во борбата против заболувања на срцето и срцеви удари. Во никулците се зголемува содржината на витаминот Е (токоферол), кој го забавува процесот на стареење и го нормализира нервниот систем. Во никулците се создава витаминот С, кој е инаку отсутен во сувото зрно. Никулците содржат железо кој заедно со витаминот С не спасува од слабокрвноста. Тие содржат калиум, но и ретките микроелементи како хромот и литиумот, кои му се потребни на нашиот организам како профилактика од дијабетес.

Никулците поседуваат некои специфичните терапевтски лековити својства. Еве неколку зборови за тоа.

  • Никулците од пченица, ‘рж, овес, сончоглед и лен се корисни особено за личности кои имаат проблеми со системот за варење.
  • Овесните никулци ја регенерираат крвта, а ја активираат и тироидната жлезда;
  • Никулците од ‘рж го прочистуваат организмот од токсини и радионуклиди;
  • Никулците од ориз ги чистат бубрезите.
  • Никулците од леќа го зајакнуваат имунитетот.
  • Никулците од тиква се користат при третман на простата и црева.
  • Никулците од леќа и сусам се добри за кардиоваскуларниот систем.
  • Никулците од пченка имаат ефект на подмладување.
  • Никулците од грав имаат анти воспалителен ефект.
  • Никулците од грашок го намалуваат шеќерот во крвта.
  • Никулците од соја придонесуваат за регенерација на клетките и го инхибираат  (кочат) растот на туморот.
]]>
Никулци од брокула и други природни лекови против хеликобактер пилори https://artkujna.mk/%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%86%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%ba%d1%83%d0%bb%d0%b0-%d0%b8-%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%b8-%d0%bb%d0%b5/ Fri, 29 Apr 2022 07:57:03 +0000 https://artkujna.mk/?p=28687 Од 9 лица кои земале никулци од брокула два пати на ден, во текот на седум дена, дури седумина добиле негативен резултат – немало антиген на хеликобактер пилори во нивната столица. Шест лица добиле негативен резултат и по 35 дена.]]>

Хеликобактер пилори (H. pylori) е бактерија што живее на ѕидовите на желудникот кај дури 70% од светската популација. Оваа бактерија можете да ја имате дури и без да знаете дека е таму бидејќи во многу случаи не создава никакви проблеми.

Но, кога ќе предизвика инфекција, тогаш се јавуваат симптоми како подригнување, надуеност, лош здив и дијареја.

Бидејќи го зголемува ризикот од рак на желудник за дури 6 пати, и може да доведе до чиреви во хранопроводот или тенкото црево, многу е важно да се открие и да се отстрани навреме.

H. pylori лесно се пренесува – може да се добие преку прибор и средства за хигиена што ги користи заразено лице.

Можете исто така да го добиете со консумирање на контаминирана храна и вода или преку домашни миленици.

Симптоми кои можат да укажуваат на H. pylori:

надуеност

подригнување

гадење

стомачна непријатност

повраќање

замор и киселини

дијареја

лош здив

анемија

Иако конвенционалното лекување – со употреба на два вида антибиотици и блокатори – може да го намали бројот на овие бактерии, ретко се случува H. pylori да се искорени на овој начин целосно.

Покрај нарушувањето на рамнотежата на цревната микрофлора, оваа бактерија може да развие и отпорност на нив, во тој случај станува уште поагресивна и поопасна.

За среќа, постојат подеднакво ефикасни природни лекови кои не носат никакви штетни ефекти, а некои веќе ги имате во вашата кујна.

5 природни решенија за хеликобактер пилори

1. Никулци од брокула

Никулците од брокула се одлично решение. Тие се богати со сулфорафан, кој, според истражувањата, може да помогне при повеќе од 150 видови на болести.

Ефикасноста на овие микроби кај хеликобактер пилори е потврдена со студии.

Дури 7 од 9 лица кои земале никулци од брокула два пати на ден, во текот на седум дена, добиле негативен резултат – немало антиген на хеликобактер пилори во нивната столица.

Шест лица добиле негативен резултат и по 35 дена.

2. Црн ким

Без причина не се вели дека црниот ким „лекува сè освен смртта“.

Освен за слаб имунитет и алергии, црниот ким е исто така одличен лек за проблеми предизвикани од Х. пилори.

Една студија спроведена во 2012 година покажала дека земањето 2 грама црн ким на ден во комбинација со блокатор на лачење на желудочна киселина е поефикасно во борбата против Х. пилори отколку примената тројна конвенционална терапија.

Црниот ким исто така ја намалува желудочната киселина и има заштитен ефект врз желудникот.

3. Пробиотици

Пробиотиците се многу важни затоа што помагаат во одржување на рамнотежата и здравјето на цревната микрофлора.

И додека антибиотиците, заедно со лошите бактерии, ги уништуваат добрите, пробиотиците го зголемуваат бројот на добри бактерии, кои се основа на здравјето и добриот имунитет.

Постојат одредени соеви на пробиотски бактерии кои најдобро го уништуваат Х. пилори.

Во студиите најчесто се споменуваат Lactobacillus fermentum, Lactobacillus casei и Lactobacillus brevis.

Пробиотиците се исто така важни затоа што го намалуваат растот и размножувањето на штетните габи.

4. Лук

Ако редовно консумирате лук, навистина не ви требаат антибиотици.

Покрај тоа што има силни антибактериски својства, овој зеленчук има и антиинфламаторно и антиканцерогено дејство.

Консумирајќи и варен и суров лук, можете да го елиминирате досадниот Х. пилори.

Студија од 2016 година покажала дека луѓето кои консумирале 2 чешниња лук секој ден за ручек и вечера постигнале значително намалување на Х. пилори.

5. Зелен чај

Без разлика дали го пиете топол или ладен, зелениот чај ќе го инхибира или запре растот и размножувањето на бактериите Х. пилори.

Се покажа дека зелениот чај не само што го елиминира Х. пилори, туку и го спречува.

Ова значи дека со редовно консумирање на овој чај, можете да спречите Х. пилори воопшто да се појави и да остане во стомакот.

Катехините (поточно епигалокатехин галат) од зелениот чај се особено ефикасни против желудочните бактерии.

Дополнителни совети

Збогатете го вашето мени:

пробиотски јогурт и кефир

омега-3 масни киселини (лен и чиа семе)

мед и прополис

бобинки

зеленчук со зелени лисја и карфиол, брокула …

здрави зачини со силно антибактериско дејство (ѓумбир, куркума, цимет, мајчина душица, оригано)

]]>