празен стомак – Арт кујна https://artkujna.mk Wed, 15 Jul 2026 13:33:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif празен стомак – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 5 работи кои не треба да ги правите на празен стомак https://artkujna.mk/5-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-na-prazen-stomak/ Wed, 15 Jul 2026 10:01:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=34507 Некои работи не е добро да ги правите на празен стомак, па затоа најбезбедна опција е денот да го започнете со здрав појадок.]]>

Како ќе го започнете утрото ќе влијае на нивото на енергија во текот на денот. Меѓутоа, понекогаш се развиваат навики кои можат да доведат до несакани физички и емоционални ефекти. Steptohealth, наведува кои е подобро да се избегнуваат, особено на празен стомак.

Земање антиинфламаторни лекови

Лековите како аспирин, парацетамол и други антиинфламаторни лекови не треба да се земаат на празен стомак бидејќи може да доведат до сериозни дигестивни компликации. Соединенијата што ги содржат овие лекови може да предизвикаат нерамнотежа во слузокожата на желудникот и во сериозни случаи да доведат до стомачно крварење. За да се намали негативното дејство на антиинфламаторните лекови врз дигестивниот систем, добро е да се пијат со малку млеко или со многу вода.

Пиење кафе

Ако сакате да пиете кафе наутро за да се разбудите, треба да бидете свесни за негативниот ефект од ова. Иако кафето е енергетски пијалак, пиењето кафе на празен стомак може да биде штетна навика. Дури и ако кафето е без кофеин, тоа го зголемува производството на киселина во желудникот и може да предизвика пецкање и рефлукс во желудникот. Доколку сакате да го избегнете ова, посегнете по чај или смути, кои можат да ви дадат енергија и се поздрави од кафето.

Пиење алкохолни пијалаци

Конзумирањето алкохолни пијалаци на празен стомак може да биде штетно за црниот дроб, срцето и бубрезите. Телото двапати побрзо го апсорбира алкохолот на празен стомак, пишува DailyMail. Покрај тоа, елиминацијата на неговите токсини е побавно, што предизвикува повисоко ниво на труење со алкохол и посилен мамурлак. Ако поради некоја причина пиете алкохолни пијалаци на празен стомак, задолжително изедете нешто веднаш потоа. Исто така, избегнувајте комбинирање на алкохол со кафе бидејќи и двете придонесуваат за дехидрација.

Интензивно вежбање

Постојат многу митови за вежбање веднаш штом ќе се разбудите. Некои веруваат дека вежбањето на празен стомак помага да согорите повеќе калории. Сепак, празен стомак веројатно нема да влијае на бројот на калории што ги согорувате. Напротив, интензивното вежбање во овој случај би можело да ја намали мускулната маса. На телото му се потребни хранливи материи, а поради интензивното вежбање пред појадокот, телото ќе ги користи енергетските резерви за одржување на силата. Заменете ги интензивните вежби со оние кои не го стресуваат телото премногу, како јога или пилатес. Исто така, обидете се да изедете барем парче овошје пред да вежбате.

Пиење сок од лимон

Сокот од лимон содржи многу витамини, минерали и други есенцијални хранливи материи кои се важни за организмот. И покрај овие придобивки, пиењето сок од лимон на празен стомак може да ја иритира слузницата на желудникот, особено во случаи на гастритис или дигестивни компликации. Доколку сакате да пиете сок од лимон, измешајте го 1:1 со вода за да го спречите неговото штетно дејство врз желудникот. За време на појадокот најдобро е да се пие сок од лимон или друго цитрусно овошје.

Кавгата може да биде полоша

Истражувачите од САД откриле дека чувството на глад предизвикува раздразливост, така што луѓето се повеќе склони кон кавги. На мозокот му е потребна енергија за нормално да функционира, па затоа не е добро ако не јадете долго време. Ако сакате да ги избегнете расправиите наутро кога вашиот стомак сѐ уште е празен, напијте се чај со партнерот или член на семејството за мирно да го започнете денот. Обидете се да појадувате во првиот час по будењето, бидејќи тоа може да го подобри вашето расположение.

]]>
Појадувајте, ама избегнувајте ги овие намирници https://artkujna.mk/%d0%bf%d0%be%d1%98%d0%b0%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%b5-%d0%b0%d0%bc%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%b5%d0%b3%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%b5/ Fri, 09 Dec 2022 00:58:20 +0000 https://artkujna.mk/?p=31577 Ако понекогаш или често имате проблеми со желудникот и со варењето, обидете се да ги избегнувате овие 4 намирници на празен стомак!]]>

Се смета дека појадувањето придонесува за подобра регулација на телесната тежина, намален ризик од појава на дијабет тип 2 и срцеви заболувања.

Сепак, времето за појадок е индивидуална навика и желба. Некои луѓе јадат неколку часа по будењето, додека други јадат веднаш. Во овој поглед, нема погрешен или точен пристап. Целта на појадокот е да ни даде енергија и да го придвижи нашиот метаболизам. Затоа, времето кога ќе појадуваме е личен избор на секој од нас. Но ако понекогаш или често имате проблеми со желудникот и со варењето, обидете се да ги избегнувате овие 4 намирници на празен стомак!

Сиров зеленчук

Сировиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали. Сепак, не се препорачува за појадок бидејќи е вистински предизвик за вашиот систем за варење, особено кога го консумирате на празен стомак.

Јогурт

Ако имате чувствителен стомак, појадок кој вклучува јогурт може тешко да ви „падне“. Имено, јогуртот содржи здрави млечни киселини, кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празен желудник ги убива со својата киселина. Што помага? Доволно е да консумирате малку јаткасти плодови, парче авокадо или лажица овесни снегулки, колку да не ви биде празен желудникот.

Банана

Банана на празен стомак одеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но исто така и тоа ниво паѓа многу брзо. Ова може да резултира со ненадејни напади на глад во текот на денот.

Цитруси

Чаша свежо исцеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен желудник може да предизвика киселини. Единствен исклучок е вода измешана со лимон, бидејќи сокот од лимон е доста разреден.

]]>