сируп – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 26 May 2025 13:27:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif сируп – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Штити од рак, ги намалува притисокот и холестеролот: Вратете го овој сок во секојдневна употреба! https://artkujna.mk/shtiti-od-rak-gi-namaluva-pritisokot-i-holesterolot-vratete-go-ovoj-sok-vo-sekojdnevna-upotreba/ Mon, 26 May 2025 13:24:31 +0000 https://artkujna.mk/?p=44453 Порано не поминуваше сезона, а да не се направи сок од вишни. Не било залудно што се пиеше речиси во секоја куќа]]>

Со оглед на загрижувачкото зголемување на случаите на рак на дебелото црево кај помладите луѓе, но и воопшто поради неговите извонредни својства кои обезбедуваат големи придобивки за целокупното здравје, многумина се заинтригирани од советите на гастроентерологот д-р Џозеф Салхаб, кој на Тик-Ток откри каков пијалок пие секојдневно за да го заштити здравјето на цревата, пишува Best Life.

@thestomachdoc

I am not a fan of most fruit juices. Most juices remove the beneficial compounds that fruit normally gives. However, one exception for me is juices high in antioxidants and polyphenols (tart cherry, cranberry, blueberry) (tart cherry: PMID 35109960; cranberry: PMID 29345498; blueberry: PMID 31329250). These can still be highly beneficial for our gut when taken in moderation (PMID: 31279506). With regards to tart cherry juice, a recent study showed that it decreased inflammatory markers in patients with IBD (specifically UC) and improved quality of life (PMID: 36661508). This is probably happening because it’s loaded with anthocyanins and chlorogenic acids—two of the most potent antioxidants and polyphenols (PMID: 10956123). Your gut bacteria convert its polyphenols into powerful anti-inflammatory molecules (PMID: 30990900). Plus, its natural melatonin content helps you fall—and stay—asleep faster (PMID: 21381917). Juices can often be high in calories, so there’s no need to overdo it—make it yourself or choose one without added sugar (PMID: 22997328). #healthyeating #health #healthyfoods #digestivehealth #guthealthforlife #coloncleanse #livercleanse #internalshower

♬ original sound – Dr. Joseph Salhab

Станува збор за природен сок од вишни (не купен од продавница, полн со шеќер), за кој Салхаб вели дека е исклучително богат со антоцијанини и полифеноли, растителни соединенија кои, според истражувањата, помагаат во намалувањето на воспалението во цревната микробиота.

„Овој сок има неверојатно висока концентрација на антиоксиданти, можеби највисока од кој било друг сок. Цревните бактерии ги искористуваат за да создадат антиинфламаторни соединенија во телото“, објаснува Салхаб во видеото.

Порано не поминуваше сезона, а да не се направи сок од вишни. Според поновите истражувања, очигледно, не било залудно што порано овој сок се пиеше речиси во секоја куќа

Студија од 2019 година објавена во списанието Nutrients покажала дека сокот од вишни го намалува систолниот крвен притисок и LDL („лошиот холестерол“) кај луѓе над 65 години. Исто така, студија од 2024 година во списанието „Лајф“ открила дека консумирањето кисел сок од вишни двапати дневно го намалува воспалителниот маркер калпротектин за 40% кај луѓе со улцерозен колитис.

Можеби најинтересно: Истражување од 2023 година во „Cancer Letters“ укажува на потенцијалната улога на сокот во инхибирањето на растот на клетките на ракот на дебелото црево.

Освен што е за здравјето на цревата, сокот од вишна е познат и како природен извор на мелатонин, хормон кој помага во регулирањето на спиењето. Студија од 2018 година покажала дека постарите испитаници со несоница спиеле во просек 84 минути подолго по консумирање сок од вишни.

Не е занемарливо!

Американското друштво на хемичари наведува дека само 20 вишни дневно имаат ефект против болка. Вишните ќе придонесат во борбата против воспаление на мускулите, несоница, нарушувања на концентрацијата и меморијата, остеоартритис, холестерол во крвта, атеросклероза и метаболички синдром, гихт и заболувања на уринарниот тракт, заболувања на срцето и кардиоваскуларниот систем, разни форми на рак и тумори, анемија и дијабетес.

За активните спортисти и рекреативните спортисти, вишните ќе овозможат побрзо закрепнување и ќе го намалат оштетувањето на мускулите што се јавува поради користењето на мускулите до максимум.

Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд ја потврдил ефикасноста на природниот сок од вишни во борбата против нападите на гихт.

Сок од вишни
Секој може да направи сок од вишни, рецептот е многу едноставен и не бара прекумерна вештина во кујната.

За да уживате во придобивките од овој сок, препорачливо е да имате соковник кој овозможува ладно цедење. Исчистете ги вишните од семките и ставете ги во соковник. Свежо исцедениот сок најдобро е да се консумира веднаш. Можете да го засладите по желба со мед, стевиа, агавин сируп или кокосов шеќер.

Ако немате соковник, можете да користите блендер. Ставете ги вишните без семки во блендер додека не се претворат во иситнета смеса. Потоа процедете ја содржината низ фина цедалка или газа и добро исцедете ја. Преостанатата пулпа можете да ја користите за подготовка на десерти.

Сируп од вишни
Бидејќи самите вишни се доста кисели, засладувањето е потребно, но користете поздрави алтернативи.

Потребни состојки:

3 кг свежи вишни

3 кесички лимонска киселина

2 кесички ванилин шеќер

1,5 литри вода

засладувач по избор (стевиа, агавен сируп или кокосов шеќер). Дозирајте по желба, колку помалку има, толку поздрав е сокот.

Подготовка:

Прво, темелно исплакнете ги вишните и отстранете ги дршките и семките.

Ставете ги исчистените вишни во голем сад и додадете лимонска киселина и најмногу литар и половина вода во првата тура.

Вишните треба добро да се изгмечат со раце во тенџере. Откако ќе го направите сето ова, покријте го садот со крпа и оставете го да отстои преку ноќ.

Следниот ден, треба да ги процедите низ соодветна цедалка или низ крпа слична на газа.

Најдобриот сооднос на засладувачи во сокот е 1:1, но дозата одредете ја самите. Повторно добро измешајте го процедениот сок и истурете го во соодветни стаклени шишиња.

Чувајте го на ладно и темно место и употребете го во рок од три месеци.

]]>
Сок од рози: Миризлив, освежителен, но и лековит напиток https://artkujna.mk/sok-od-rozi-mirizliv-osvezhitelen-no-i-lekovit-napitok/ Fri, 10 May 2024 13:11:56 +0000 https://artkujna.mk/?p=39133 Ружите процветаа насекаде, искористете ја можноста и направете си сок или сируп од рози, бидејќи лековитоста кои ни ја носат розите се познати уште од многу одамна.]]>

Во козметиката се употребува етеричното масло од рози и се додава во препаратите за нега на тело. Во кулинарството се повеќе се застапени, па се подготвуваат сокови, сирупи, ликери, ракија, слатко, џем, локум и други деликатеси. Во медицината се неправедно запоставени, а најмногу се користат за чаеви и правење лекови кои помагаат при разни тегоби.

Сирупот од роза се препорачува за зајакнување на срцето и нервите, против умор, несоница, за чистење на црниот дроб, жолчката, бубрезите и белодробните заболувања. Ова е еден од наједноставните рецепти, а еве како и вие да направите сок и сируп од рози.

Сок од рози без варење

Рецептот е многу едноставен и економичен, но доколку ви треба сокот за одредена прилика, ќе мора да почнете да го правите порано. Полесна и поздрава опција е да ги натопите измиените ливчиња во вода, да ставите една кесичка лимонтус, да го затворите садот и да ги оставите преку ноќ на темно и ладно место. Наутро, процедете ја содржината и префрлете ја во шишиња. Вака направениот сок не може да стои долго бидејќи не содржи шеќер. Ќе треба да го засладите при сервирање и да го испиете во рок од неколку дена.

Сируп од рози

Ако сакате да направите сируп од рози, процедете го добиениот сок и измерете колку течност сте добиле. Колку литри течност додавате толку кг шеќер додавате во течноста. Сè убаво измешајте и оставете го на ладно место додека шеќерот целосно не се растопи. Ќе ви требаат околу 24 часа за да се стопи шеќерот или евентуално наутро да го процедите и да ставите шеќер, а навечер да го префрлите во шишиња. Она што го добивте е сируп за сок од рози. По желба разредете го со вода и послужете со неколку кришки лимон и неколку коцки мраз. Вака приготвениот сок може да се чува на ладно и темно место, односно во фрижидер неколку месеци, најмалку три, а можеби и подолго…

Лековити својства на розите
Лековитите својства на розата се познати уште од многу одамна, за што сведочат старите записи пронајдени во Египет, Индија и Кина, каде што може да се најде повеќе за примените на лековитите својства на розата. Денес е познато дека розата содржи состојки од есенцијални масла, танини, винска, јаболкова, лимонска киселина…

Вода за масажа
Водата во која десет дена биле натопени ливчиња од роза се користи за масажа при ревматизам и гихт, против првут во косата или за отстранување на акни.
Рози во маслиново масло
Маслиновото масло во кое се натопени ливчиња од роза се користи за мачкање на рани кои тешко се лекуваат, смрзнатини, изгореници и испукана кожа.
Чај од роза
Две лажици суви, исечкани ливчиња од роза прелијте ги со 3 дл зовриена вода и оставете ги покриени 5-10 минути. Ако чајот се користи за респираторни проблеми, може да се заслади со мед за смирување и за подобар сон. Се пие и за прочистување на крвта, при заболувања на црниот дроб, жолчното кесе и органите за варење. Делува како благо средство за прочистување на цревата.

Децилитар чај пред оброк му помага на секој што ја уништил цревната флора со прекумерна употреба на антибиотици. Чајот се гаргара при воспаление на грлото и гласните жици или се користи за плакнење на усната шуплина при габични инфекции.

]]>
Бананата како лек за кашлица: Еве со кои намирници да ја комбинирате за подобар ефект https://artkujna.mk/bananata-kako-lek-za-kashlicza-eve-so-koi-namirniczi-da-ja-kombinirate-za-podobar-efekt/ https://artkujna.mk/bananata-kako-lek-za-kashlicza-eve-so-koi-namirniczi-da-ja-kombinirate-za-podobar-efekt/#comments Wed, 22 Nov 2023 11:36:41 +0000 https://artkujna.mk/?p=36416 Бананата содржи клучни материи кои ја чистат слузницата на белите дробови. Во Ајурведата, традиционалната индиска медицина, бананата се користи уште од дамнина како лек за кашлица и природен лек за болки во грлото.]]>

Поради високата содржина на влакна кои ја стимулираат и чистат слузокожата на белите дробови, бананите делуваат како природен потиснувач на кашлицата. Затоа ова слатко тропско овошје е идеален избор како поздрава алтернатива на лековите без рецепт.
Кашлицата е природен одбранбен механизам на телото кој помага да се исчисти респираторниот систем од слуз, надразнувачи и инфекции. Се појавува како чест симптом на инфекции на респираторниот тракт, како што се настинки, грип, бронхитис и пневмонија.

Акутната кашлица трае помалку од три недели, додека хроничната кашлица трае повеќе од осум недели. Сепак, постојаната кашлица која предизвикува отежнато дишење може да биде непријатна и да ги наруши секојдневните активности, но и да укажува на можен посериозен здравствен проблем.
Видовите на кашлица обично се делат на сува и влажна кашлица. Сувата кашлица не произведува слуз и често е предизвикана од обична настинка, грип и надразнувачи. Влажната или продуктивна кашлица го поттикнува исфрлањето на слузта од респираторниот систем и е предизвикана од акутни или хронични инфекции, како што се бронхитис, пневмонија или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Лекувањето на кашлица е важно бидејќи ни помага да ја намалиме непријатноста, да ги спречиме можните компликации и да го подобриме квалитетот на нашиот секојдневен живот. Одредени намирници се сметаат за корисни за лекување кашлица бидејќи содржат есенцијални хранливи материи кои можат да го зајакнат имунитетот и да го смират грлото, а една таква намирница се бананите.
Користете го овој древен, но сè уште популарен лек за кашлица од банана – поради неговите одлични хранливи и повеќекратни лековити својства.

Лековитата моќ на бананите
Бананите се хранливо овошје кое ефикасно ни помага да ги намалиме симптомите на кашлица и го поддржува здравјето на респираторниот систем. Тие содржат природни соединенија како танин и катехински антиоксиданти, кои имаат антиинфламаторни својства и кои ги намалуваат инфекциите во респираторниот систем.

Тие се преполни со хранливи материи како витамин Ц, витамин Б6, калиум и диетални влакна кои помагаат да се зајакне имунолошкиот систем и да се ублажат симптомите на кашлица.

Лек за кашлица од банана
Кога ова омилено овошје се користи за медицински цели, бананата и медот против кашлица се комбинираат заедно, а често се додаваат и зачини како цимет и црн пипер.
Сировиот мед е разновиден по своите лековити својства, особено за респираторни заболувања и е високо ценет лек за лекување на болки во грлото и кашлица кај децата и возрасните. Има антибактериски, антивирусни, антигабични и антиинфламаторни својства кои можат да помогнат да се намали интензитетот и времетраењето на кашлицата.

Една кафена лажичка мед пред спиење ја потиснува кашлицата кај малите деца. Медот го премачкува грлото и ја смирува иритираната мукозна мембрана, ја смирува кашлицата и ги ублажува симптомите поврзани со неа. За возрасни, медот може да се додаде во чаша топол билен чај или топла вода со сок од лимон.

Цимет и мед – стар персиски лек
Дали знаевте дека циметот и медот се вековен лек против настинка и грип? Со генерации, циметот и медот се мешаат заедно за да се направи домашен лек за настинки, грип, болки во грлото, алергии и други помали заболувања.

Циметот има антиинфламаторни, антивирусни и антибактериски својства кои помагаат во борбата против настинките. Основниот рецепт што се користи во традиционалната персиска медицина, кој се користи и во ајурведската медицина, е многу едноставен.

Потребно е само мешање на цимет со мед во сооднос 1:4. За да имате готов лек, измешајте две лажици цимет со осум лажици мед, кои можете да ги чувате во тегла и да ги земате по потреба. Се препорачува да се зема по една кафена лажичка три пати на ден, 3-4 дена.

Комбинацијата на мед, банана и цимет против кашлица природно ги чисти блокираните дишни патишта. Подолу ви откриваме едноставни начини на кои можете да направите домашен лек за кашлица од банана.

Сируп за кашлица од банана
Благодарение на моќните својства вклучени во рецептот, овој сируп против кашлица од банана може да го користат и децата и возрасните за да уживаат во неговиот вкус.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. С

Сируп за кашлица од банана
Благодарение на моќните својства вклучени во рецептот, овој сируп против кашлица од банана може да го користат и децата и возрасните за да уживаат во неговиот вкус.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. С

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Се што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Се што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Од болки во грлото, до силна кашлица и бронхитис, па дури и до дигестивни или стомачни проблеми – сето тоа може да се лекува со овој сируп. Сè што ви треба за овој фин лек се две зрели банани, две лажици мед и врела вода.

Овој заборавен природен лек содржи некои од најстарите и најмоќните состојки кои го смируваат грлото, бронхиите и белите дробови и многу брзо ја смирува и ja лечи кашлицата.

Состојки:
400 мл врела вода
2 средно зрели банани (кора со точки)
2 супени лажици домашен мед (од липа, хељда, жалфија, багрем, костен, лаванда)

Приготвување:
Излупете ги бананите и изгмечете ги со дрвена вилушка или лажица.
Пирето измешајте го со зовриена вода и оставете го да отстои 30 минути.
Процедете ја смесата откако ќе се излади, доколку сакате сирупот да биде бистар.
Додадете мед на крајот за да не ги уништите корисните својства на медот и мешајте додека не се растопи. Ако сакате погуст сируп, додадете повеќе мед.
Пијте 100 мл од сирупот неколку пати на ден. Ќе почувствувате олеснување во рок од пет дена.

Ајурведски лек за сува кашлица
Сирупот за кашлица од банана и мед е еден од омилените ајурведски домашни лекови за упорна сува кашлица. Лесен е за правење, безбеден за мали деца и многу вкусен.

Црниот пипер со векови се користи во традиционалната медицина за лекување на разни болести како настинка, кашлица и болки во грлото. Овој зачин содржи одредени соединенија кои делуваат како природен антибиотик. Црниот пипер и медот имаат антимикробни и антиинфламаторни својства, поради што помагаат во ублажување на симптомите на кашлица и го смируваат иритираното грло.

За да го направите овој лек, измешајте една лажичка црн пипер во прав со две лажици мед. Оваа едноставна мешавина од само две состојки можете да ја консумирате 3-4 пати на ден за да ја намалите кашлицата.

Се разбира, во традиционалниот ајурведски рецепт бананата е главната ѕвезда, особено кога лекот се подготвува за најмалите.

Состојки:
1 зрела банана
1 лажичка органски мед
2 прстофати црн пипер.

Приготвување:
Изгмечете ја бананата, додадете мед и пипер и сè убаво измешајте.
Јадете од оваа смеса 2-3 пати на ден. Одличен е и хранлив и за деца и за возрасни. Заедно со овој лек, Ајурведата советува често пиење зовриена топла вода, која помага да се одржи влажноста на ткивото на устата и грлото.

Чај од банана против кашлица

Доколку одлучите да пробате чај од банана против кашлица, овој овошен напиток можете дополнително да го збогатите со природни антиоксиданти со користење на билни чаеви по ваш избор, наместо вода.

Приготвување:
Излупете една банана и испасирајте ја во пире или исечете ја на тркалца.
Измешајте го пирето со зовриена вода или прелијте ги тркалцата од банана со топол чај кој може да биде од нане, камилица, жалфија,цимет, куркума или ѓумбир.
Покријте и оставете го да отстои 30 минути.
Процедете го чајот и секогаш послужете го топол.
По желба додадете сок од лимон и малку мед.
Пијте 2-3 шолји чај од банана додека симптомите не исчезнат.


]]>
https://artkujna.mk/bananata-kako-lek-za-kashlicza-eve-so-koi-namirniczi-da-ja-kombinirate-za-podobar-efekt/feed/ 1
Домашен сируп против кашлица и бронхитис https://artkujna.mk/%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b8%d1%80%d1%83%d0%bf-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%ba%d0%b0%d1%88%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b8-%d0%b1%d1%80%d0%be%d0%bd%d1%85%d0%b8/ Tue, 22 Nov 2022 08:14:28 +0000 https://artkujna.mk/?p=31323 Може да земате сируп за кашлица од ловор и жалфија неколку пати на ден, по една кафена лажичка, додека не се смират проблемите со кашлицата. Можат да го земаат и деца, а им помага и на пушачите]]>

Сите знаеме дека жалфијата е високо ценето лековито растение чие латинско име „salvia” („спасител“) го потврдува тоа. Има една стара поговорка која вели „Зошто да се умре кога спасител (жалфија) расте во градината?“. Жалфијата е широко користена како природен лек за разни здравствени проблеми кои ги зафаќаат усната шуплина, грлото и белите дробови.

Тој е ефикасен за сузбивање на кашлица, а со своите антибактериски, антивирусни, антисептични и антиинфламаторни својства помага во борбата против болките во грлото.

Содржи високо ниво на калциум и други минерали за градење на коските и исклучително дарежливи количини на антиоксидантни витамини кои го штитат и зајакнуваат имунолошкиот систем, но и целиот организам. Истражувањата потврдија дека топлиот чај од жалфија дава моментално ослободување од симптомите на настинка како течење на носот, кашлица, болки во грлото и кивање.

Од друга страна, ловорот има многу пријатен мирис, а сите го имаме во кујната бидејќи збогатува многу од нашите јадења. Сепак, скромниот ловоров лист е многу лековит и има многу здравствени придобивки.

Со минимален внес на калории, ловоровиот лист ја зголемува количината на влакна, витамини, минерали и антиоксиданти во јадењето. Тој е одличен извор на витамин А, витамин Б6 и витамин Ц, калциум, железо, магнезиум и калиум. Познато е дека овие витамини поддржуваат здрав имунолошки систем. Ловоровиот лист има и антибактериски, антигабични, антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Домашен сируп против бронхитис и кашлица
Природниот мед во неколку студии е докажано дека ја потиснува кашлицата и болките во грлото. Истражувањата потврдија дека е исто толку ефикасен како и вообичаената состојка за сузбивање на кашлицата, декстрометорфан, во лековите за кашлица без рецепт. Истовремено, делува како лек за болки во грлото, ја премачкува слузокожата и спречува иритација.

Слободно користете го овој сируп од ловор и жалфија за деца над шест години. За помалите деца, консултирајте се со вашиот лекар пред употреба.

Состојки:
1 чаша вода
1 чаша чист органски мед
15-20 суви ловорови лисја
половина чаша свеж сок од лимон
2 лажици свежо сечкана жалфија.

Приготвување:

Во тенџере ставете ги водата, ловоровиот лист и жалфијата, оставете да зовријат, па варете пет минути.
Се тргаат од оган, се покриваат и се оставаат 10-15 минути.
Процедете го топлиот чај, додадете сок од лимон и мед и сè добро измешајте.
Вашиот домашен ловоров сируп од жалфија сега е подготвен за употреба. Истурете го во сад кој може херметички да се затвори и чувајте го во фрижидер.
Сирупот земајте го секој ден, по 2-3 пати на ден. За возрасни се препорачува една лажичка, а за деца половина лажичка. По неколку часа кашлицата ќе почне да се намалува, а за неколку дена состојбата значително ќе се подобри. Ако се работи за хронична кашлица, овој лек веројатно нема да ја излечи, но ќе помогне да се смират грлото и белите дробови.

Природниот сируп за кашлица од ловор и жалфија делува добро и е одлична алтернатива за купечките производи за настинка и кашлица без рецепт. По неколку дена користење на домашниот сируп ќе почне да се ослободува многу слуз. Ловоровиот лист и жалфијата го чистат телото, па не грижете се ако тоа ви се случи.

Искуствата на луѓето на форумите потврдуваат дека сирупот против кашлица направен од ловор и жалфија се покажал како многу ефикасен за целото семејство. За само неколку дена нападите на кашлање станале поретки, а дишењето значително се подобрило. Болката и гребењето во градите исто така се ублажиле, а секретите се ослободувале многу полесно.

Пациентите можеле повеќе да се одмораат поради намаленото кашлање, што автоматски го подобрило сонот. Исто така, овој сируп им помогнал и на хроничните пушачи.

]]>
Направете сируп од две состојки: Ослободете се од слузта и зајакнете го имунитетот https://artkujna.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b8%d1%80%d1%83%d0%bf-%d0%be%d0%b4-%d0%b4%d0%b2%d0%b5-%d1%81%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%98%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be%d0%b1/ Thu, 30 Dec 2021 09:35:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=27050 Ако кашлате со денови овој рецепт би можел да ви помогне да се ослободите од слузта од белите дробови и да го зајакнете имунитетот. Лекот е едноставен, а состојки се евтини и достапни.]]>

Кашлицата е автоматски природен рефлекс кој помага за исфрлање на секрет, разни надразнувачи, туѓи честички и микроорганизми од дишните патишта. Кашлањето се состои од три фази: вдишување, издишување и автоматско ослободување на воздух (со или без секрет) од белите дробови, обично придружено со препознатлив звук.

Има многу причини за кашлица и таа може да биде предизвикана од многу состојби како што се акутни и хронични заболувања, вируси, задушување, пушење, загаден воздух и алергиски реакции.

Ако кашлате со денови и слушате благо „чкрипење“ во белите дробови, овој рецепт би можел да ви помогне да се ослободите од слузта од белите дробови и да го зајакнете имунитетот. Посебно е корисен за сузбивање на детската кашлица и враќање на имунитетот.

Состојки:

200 гр овесни снегулки

200 гр шеќер

200 мл вода

Приготвување:

Овесот измијте го и ставете го во тенџере со водата и шеќерот. Оставете ја смесата да се готви неколку минути. Најдобро е да го направите ова навечер за да ја оставите смесата да отстои преку ноќ. Наутро процедете го овесот. Ќе добиете сируп за четири до пет дена.

Земајте една мала чаша од овој сок секое утро на празен стомак. Терапијата може да потрае до 40 дена, само не ги прескокнувајте деновите.

Ако земате лекови, продолжете да ги пиете. Овие инструкции не се лек, туку помош што може да ги ублажи проблемите на некои луѓе, додека кај други можеби и нема да биде успешно.

]]>