слатко – Арт кујна https://artkujna.mk Fri, 21 Oct 2022 09:24:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif слатко – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Слатко од млади ореви, од тиква со модар патлиџан, ореви и грозје и уште куп необични комбинации https://artkujna.mk/%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be-%d0%be%d0%b4-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%b2%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%bc%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%80/ Wed, 19 Oct 2022 12:54:48 +0000 https://artkujna.mk/?p=30827 Ако никогаш не сте пробале слатко од млади оревчиња, од дудинка, од тиква, модар патлиџан, ореви и грозје без семка, од зелени и црвени домати, од ајварки со чили и уште едно чудо необични комбинации, но домашни и произведени на традиционален начин и без никакви додатоци, ќе ги најдете кај нашата соговорничка од Валандово чија цел е да ја врати традицијата, а оние што ќе ги вкусат - да ги врати во детството]]>

Лелја Рајкова од Валандово ја запознавме на настанот на кој неа и на уште 24 жени, им беа доделени сертификати за завршена Меѓународна академија за жени – претприемнички од рурални средини.

Оваа валандовчанка беше дојдена со сопругот Виктор и деветгодишната ќерка Драгана, нејзиното мало семејство со кое таа, заедно со свекрвата пред 2 години почнала семеен бизнис за производство на домашни слатка, мармалади и сирупи.

Сѐ почнало во екот на пандемијата со корона, кога таа и сопругот кои претходно извесен период живееле и работеле во Скопје, во Германија и во Грција, се вратиле во Валандово. Инаку, Лелја е родена дојранчанка мажена во Валандово, од каде што пак била нејзината баба која на времето се омажила во Дојран. Така што, Лелја всушност само направила „трансфер“ назад, во родното место на баба си.

„Јас сум дипломиран правник, ама Валандово е мало место и единствен начин да се вработиш како правник е да чекаш некој да замине во пензија или да умре“, се смее Лелја почнувајќи да ни раскажува за себе.

Немајќи веќе никаков постојан извор на егзистенција, таа и нејзиниот сопруг Виктор седнале на маса и на идеја на сопругот, а благодарение на искуството на нејзината свекрва која цел живот правела различни слатка за дома, а по некое, како на пример слатко од смокви и за продажба на локалното пазарче, решиле да направат поголема количина слатко и да го продаваат. За оваа цел направиле и Фејсбук страница и ја огласиле продажбата на слатко од цреши и од дудинка, првите што ги направиле во поголеми количини.

„Ние и двајцата потекнуваме од земјоделски фамилии. Во Валандово имаме околу 30 декари обработлива земја, претежно овоштарници, грозје, калинка, јапонска јаболка, смокви, цреши, кајсии, круши… Најмногу имаме цреши, околу 2 декари, па затоа кога решивме да се пробаме со производство и продажба на домашни слатка, почнавме токму со слатко од цреша. Во тој период беше и сезона за црница, па направивме од слатко од црница, по рецептите на свекрвата. Значи, иако идејата беше на сопругот, сѐ почна од рацете на баба. Токму затоа и подоцна, кога веќе фативме чекор и ја проширивме палетата на производи, нашите традиционални домашни слатка ги брендиравме со логото „Од рацете на баба“.

Сега имаме над 30 различни видови домашни слатка, некои традиционални, а како што ги правеле нашите баби, само шеќер и овошје без никакви додатоци, а некои пак сосема нови и оригинални, речиси експеримент, нештоп што многу сакам да го правам. Секако, за ваквите комбинации кои првпат ги правиме, најприн правам само мала количина, колку да гои испробаме ние, па ако нам ни се допадне, правиме и за продажба“, раскажува инвентивната валандовчанка.

Нивната палета на слатка пак, е толку богата и необична што ако имате можност да испробате нешто, ве чека многу тешка одлука: дали да пробам слатко од цреша со рум, слатко од млади оревчиња, од дудинки, од зелен домат, од црвен домат, од ајварки со чили, или евентуално, слатко од цели лупени сливи со бадем, од рендани јаболка со сусам или од тиква, модар патлиџан, ореви и грозје без семки, или пак… Веројатно ќе сакате да ги пробате сите, иако некои комбинации звучат навистина егзотично, па ако не сте од тој крај, сигурнои нема да ви се верува дека добар дел од овие комбинации се правеле тука и многу одамна.

Лелја пак, сака да зборува со повозрасните и токму низ разговор со нив, открива многу заборавени комбинации кои има желба повторно да ги врати на трпезите.

„Голема мотивација ми се реакциите на нашите купувачи кои често се идентични. На пример, досега нема кој не ни ја кажал онаа реченица која најмногу не радува, дека вкусот ги вратил во детството и ги потсетил на вкусот на она што го правеле нивните баби. Такви беа реакциите и кога почнавме да ги правиме домашните сирупи од бозел со лимон, од вишни, од аронија. Лани почнавме да правиме и маџун и за него имаме неверојатни реакции од луѓе кои велат дека за разлика од други што ги пробале и им правеле проблеми со желудникот, со нашиот го немаат овој проблем. Веројатно тајната за ова е тоа што и него го правиме онака како што се правел порано, наместо со сода, со варовник од пештера.“, вели Лелја.

Бидејќи имаат свое грозје тие, освен маџун, прават и одлична домашна ракија и мастика.

Ако ја прашате кое слатко ѝ е омилено, вели дека за неа најубаво и најраскошно е слаткото од цела лупена слива со бадем или лешник, а најинтересно на изглед и на вкус ѝ е слаткото од тиква, гризје без семка, ореви и модар патлиџан. На ќерката ѝ е омилено слаткото од аронија, а на нејзиниот сопруг она од рендани дуњи.

„Мојата свекрва е таква домаќинка што од што и да направи слатко, нема да згреши, таа е жена со искуство, домаќинка која цел живот правела слатка.

Јас многу научив од неа, но сега веќе можам да правам и самата, многу истражувам и постојано експериментира. Од слатката што ги имаме ние во нашата палета, најмногу ни се троши слаткото, а најтешко за правење, иако секое си има своја тежина, е слаткото од млади ореви кое се вари во седум води.

Слаткото од тиква во комбинација со модар патлиџан, грозје без семка и ореви е традиционално и кај нас се вика ‘рчели, тоа е слатко кое нашите баби го правеле традиционално, секоја година. Исто така поранбо се правеле и слатката од зелени и од црвени домати.

Со тиквата имаме правено и други комбинации, со печен бел бадем, со лешник, само со модар патлиџан. Токму сега е сезоната на тикви па работиме турбо, без престан, а и самите гледате по рацеве дека не е баш лесно да се излупат и да се спремат тиквите за варење слатко“, вели Лелја покажувајќи ни ги рацете на кои  трагите се и повеќе од видливи.

Освен преку Фејсбук, тие сега ги продаваат своите производи и на локалниот пазар и веќе имаат постојани муштерии чиј број постојано расте, но нивните коиличини се огранбичени бидејќи сепак станува збор за домашно производство.

„И да сакаме не можеме повеќе, сите помагаат, па дури и ќерката која е главен дегустатор, а има и уште една работа, да лепи етикети на теглите, но сѐ правиме рачно, а со раце толку се може. Но затоа и е толку добро и вкусно, а јас знам точно што има во секоја тегла зашто со мои раце сум ставила.

Најважно ми е тоа што мојата идеја има ефект и ја враќаме традицијата во домовите. Секако, имаме и поегџзотично и нови производи кои ги смислувам во од, како на пример, слатко со киви и моркови, слатко со моркови, со портокал и многу други. Сега сакаме да се пробаме и во една друга насока, а тоа е да развиеме некој вид на агротуризам, да организираме работилници за изработка на слатка, а да отвориме и една куќа на слатката во која посетителите ќе можат и да ги дегустираат слатката и да си купат од нив. Секако, продолжуваме со изработка и на она најпрепознатливото слатко за овие краишта, а тоа се слатката со смокви, како и сокот од калинка. Се знае каде има најубави смокви, калинки и јапонски јаболка, во Валандово и на ниту едно друго место“, се смее лелја и патем не информира дека годинава имаат и две нови сорти јапонски јаболка, чоколадни и сплескани кои се јадат и тврди и не ја збираат устата како обичните. Ништо чудно овие чоколадниве да завршат и во слатко.

]]>
Наместо да ја фрлите, направете од кората од лубеница разни вкусни нешта: Супа, слатко, салата… https://artkujna.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%98%d0%b0-%d1%84%d1%80%d0%bb%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b0/ Thu, 11 Aug 2022 10:43:45 +0000 https://artkujna.mk/?p=29866 Иако сме навикнати да ја јадеме само сочната црвена внатрешност на лубеницата, не е за фрлање ниту кората која најчесто завршува во кантата за отпад. Еве што сѐ можеме да направиме со неа]]>

Повеќето од нас сме навикнати да ја фрламе кората од лубеница и да ја јадеме само сочната црвена внатрешност. Но кората од лубеница не само што е јадлива, туку е и богата со корисни хранливи материи.  Практично, тука има најмногу витамини, на пример, во неа се наоѓаат витамините Б и Ц и цитрулин кој се претвора во аргинин, кој е многу важен за здравјето на срцето и за циркулацијата.

Станува збор за белиот дел од лубеницата кој се наоѓа помеѓу слаткиот црвен плод и зелената кора. Иако црвената внатрешност е неспорно највкусна, и белиот дел може да биде вкусен, но на поинаков начин.

Затоа, време е да престанеме со фрлање на кората од лубеница и да ѝ дадеме шанса. Од кората може да се направат повеќе работи, на пример, слатко од лубеница, кисела туршија, може да се сомеле и да се додаде во смути, а може да се направи и кандирана закуска. Пред неколку години ние ја откривме и ладната супа од кора од лубеница и беше навистина вкусна и освежителна.

Подолу ќе ги најдете рецептите за супата, за слаткото, за салата и за кандирана кора од лубеница.

Супа од кора од лубеница

Состојки:

Кора од една кришка лубеница

1 помала краставица

1 лажица сок од лимон

1 лажица маслиново масло

200 мл јогурт

сол, црн пипер, копар

Приготвување:

Откако ќе ја исечете лубеницата и ќе го одвоите црвениот дел, излупете ја со нож за лупење зеленчук зелената кора (надворешниот дел) и белиот дел исечете го на коцки. Ставете ги во блендер заедно со краставицата, исечени на коцки, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица сок од лимон, 200 мл јогурт, сол, црн пипер, копар и едно чешне лук.

Изблендирајте и ставете ја смесата убаво да се излади.

Оваа одлична супа е многу освежителна, вкусна и најважно, се прави дури побрзо и од таратур.

Белиот дел од кората може да се направи и за зимница такашто истите ќе ја подготвите на сличен начин како и киселите краставички.

Слатко од лубеница

За домашно слатко од кора од лубеница потребни ви се само3 состојки и помалку од еден час.

Состојки:

600 гр кора од лубеница
200 гр шеќер
сок од 1 лимета + кора

Приготвување:

Земете ја кората и извадете го зелениот дел со помош на лупач. Остатокот исечкајте го на ситни коцки и ставете го во поголемо тенџере. Поросете со шеќер, додадете сок и кора од лимета и оставете да се вари на тивок оган 45 минути. Потоа, истурете во чисти тегли и оставете да се излади.

Кандирана кора

Состојки:

500 гр кора од лубеница
250 гр шеќер

Приготвување:

Исечете ја кората на мали коцки. Ставете во тенџере, додадете шеќер и покријте со вода. Ставете го на средна температура и почекајте водата целосно да испари. Ќе потрае околу 2 часа. Потоа наредете ги парчињата кора од лубеница во плех на хартија за печење, а потоа сушете ги во рерна на 100 °C 1 час.

Еве еден рецепт и за салата со белиот дел од кората.

Состојки:

1 кисела павлака

3 чешниња лук

белиот дел од лубеницата

1/2 краставица

1 пиперка

2-3 ротквици

1 лажица маслиново масло

вински оцет или балсамико

Приготвување:

Подгответе ја кората од лубеницата на ист начин како за супата и изрендајте ја. Истото направете го со краставицата, ротквиците и пиперката, а лукот смачкајте го со преса.

Ставете ги сите состојки во сад за салата и зачинете.

На Блискиот Исток и во Кина се консумираат и семките од лубеница. Најчесто се сушат и се печат и се консумираат како закуска.

]]>