торта – Арт кујна https://artkujna.mk Wed, 16 Jul 2025 08:40:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif торта – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Најлесната и највкусната торта: Одлично се снаоѓа и како роденденска https://artkujna.mk/najlesnata-i-najvkusnata-torta-odlichno-se-snaoga-i-kako-rodendenska/ Wed, 16 Jul 2025 08:02:20 +0000 https://artkujna.mk/?p=44955 Овој едноставен рецепт е еден од оние кои брзо се прават, а потоа, во зависност од тоа колку сте креативни со украсувањето, може да е и супер претставителна роденденска торта.]]>

Ова е една од оние торти кои изгледаат фантастично, па си мислите дека е прекомплицирана за правење, а всушност е најлесната и највкусната торта што некогаш ќе ја направите!

Одлична е дури и ако сакате да ја правите заедно со децата, но и ако сакате да изненадите некој од семејството за роденден. Во тој случај, и ако сте креативни како младата уметница Јана Русевска, тортата ќе изгледа едноставно кралски!

Таа ни го испрати рецептот од оваа вкусна торта која ја направила за роденденот на својот татко.

Предупредува дека украсувањето е по сопствен избор, а доколку си ја правите без повод, не мора ни да го правите.

Во случајов, вели, „е малку поблага отколку што обично јадеме ние дома, ама па, еднаш е роденден, нели?“

Еве го и рецептот:

Состојки:

1 шолја шеќер (можете слободно да ставите и пола, особено ако ја украсувате)

½ шолја несолен путер

2 големи јајца

2 лажички екстракт од ванила

1 ½ шолји брашно

1 ¾ лажички прашок за пециво

½ шолја млеко

Праски или некое друго овошје по желба

Приготвување:

Подгответе ги сите состојки. Загрејте ја рерната на 175 степени. Исечете хартија за печење во форма на тркалезна тава за торта (22 цм).

Изматете ги шеќерот и путерот заедно во сад за мешање со електричен миксер додека не добиете воздушеста смеса со посветла боја. Додадете јајца, едно по едно, матејќи кратко по секое додавање. Измешајте ја ванилата.

Во посебен сад измешајте го брашното и прашокот за пециво. Додавајте ја смесата од брашно во влажните состојки во серии, наизменично со млекото, матејќи ја смесата кратко по секое додавање.

Наредете ги праските исечени на поголеми парчиња во тавата со хартија за печење, истурете ја смесата одозгора и печете во загреаната рерна додека чепкалката за заби забодена во средината не излезе чиста, околу 30 до 40 минути.

Извадете ја од рерна и целосно изладете ја. Превртете ја во чинија така за праските да дојдат одозгора, по желба, прелијте ја со глазура и уживајте!

Ако сакате од преливот како тој на фотографиите, станува збор за путер крем?

Што е путер крем?

Путер кремот е слатка и мека глазура направена со матење путер и шеќер. Други вообичаени состојки вклучуваат млеко (за да се создаде совршена текстура) и ванила (за едноставен, пријатен вкус).

Состојки:
½ шолја несолен путер, на собна температура

2 шолји шеќер во прав, просеан

1 ½ лажички чист екстракт од ванила

2 лажици млеко

Приготвување:

Матете го путерот во сад со пошироките маталки додека не стане мазен и мек.
Постепено додавајте го шеќерот и матете додека целосно не се соединат.

Додадете го екстрактот од ванила и млекото и матете уште 3 до 4 минути.

Ставете го во шприц за украсување и украсете по ваша желба.

]]>
Колачите на мајка ми, рецептот на мајка ми, најдобрата торта од мајка ми… https://artkujna.mk/kolachite-na-majka-mi-reczeptot-na-majka-mi-najdobrata-torta-od-majka-mi/ Wed, 12 Jun 2024 12:34:15 +0000 https://artkujna.mk/?p=39624 Ако имате сѐ уште мајки кои ги помнат своите рецепти, наговорете ги барем еднаш неделно да правите заедно по некое од нивните најдобри јадења. Запишете ги, ќе видите, еден ден ќе ви недостасуваат токму тие вкусови]]>

Толку често ги слушаме оние реченици од типот на: мајка ми правеше најдобра торта со вишни, најдобра баклава, руска салата, кифли, пици, мици,….

Мајка ми, мајка ми, мајка ми, евентуално, баба ми, баба ми…

Што е работава? Навистина ли токму вашата мајка или баба правеле најдобро нешто што инаку го прават речиси сите?

Па, ако не друго, сигурно е дека вам ви било најдобро.

Мајка ми го имаше оној вечен страв, дека некој ќе остане гладен, па секогаш готвеше големи количини.

„Подобро да остане, отколку да нема“.

И многу сакаше да објаснува како ги направила оние вкусни крофнички со белки, оние кои многу ги сакав. Исто како и овошниот ролат, питата со праз и со ориз, кифличките, цецините колачи и секако, тортата со вишни.

Кога бев мала, бидејќи ме фалеа дека ракописот ми е вистински краснопис (што патем, одамна веќе се претвори во ногопис), многу сакав да ги препишувам рецептите во нови тетратки.

Ме нервираше тоа што никогаш не ги знаеше точните мерки и кај неа сѐ беше „отприлика“ или, „дојди да гледаш како ги правам па ќе знаеш“.

Арно ама, немав трпение за гледање. Преферирав дегустација на крајот.

Потоа ќе изедев толку многу што веќе не ми беше гајле за рецептот, не планирав да ги јадам до крајот на животот.

Ама кога мајка ми ќе почнеше да опишува колку биле вкусни крофничките со белки, крцкави однадвор, а меки внатре, или пак колку биле убави палачинките филувани со лук и со ореви, или пак оној нејзин вкусен милиброд со мак и питата со дебели витки, веднаш добивав апетит.

Повторно не сакав да гледам како ги прави бидејќи ми се чинеше дека сето тоа предолго трае.

Искрено, не бев баш многу по готвењето, тоа ми дојде малку подоцна, кога почнав наместо за политика, да пишувам за кујна.

Ама мајка ми сѐ уште готвеше, а јас мислев дека вечно ќе биде тука.

Сега, тетратките затурени наваму-натаму, сите освен една-две во кои, како за белја, ги нема нејзините најдобри рецепти.

Тие си ги имаше во малиот прст, а ги запишувала само туѓите, па до секој рецепт пишува и од кого е.

На пример, ванилици од Ана, плетенка од Хилда, полнети модри патлиџани од Живка,… итн.

А кога почна да заборава, престана да готви.

Е дури тогаш ми текна дека требало со време да си ги запишам рецептите.

Значи, грлово ми се стегна кога деновиве, за мојот роденден, пак ја утнав тортата со вишни.
Нашата јунска торта со вишни, која беше омилена кај нас дома, а мајка ми ја правеше традиционално, за секој мој роденден.

И не беше секогаш баш со вишни. Некогаш беше со јагоди, некогаш со рибизли, но секогаш со свежи плодови.

И беше превкусна.

Кога почна да заборава и престана да готви, немаше веќе ни торта со вишни.

Не е баш тешка за правење. Другарка ми Бети која цел живот живее во куќата отспротива, за разлика од мене, успеала да го запише рецептот кој, за жал, не е баш толку прецизен, па така и неколкуте мои обиди да ја направам сама, имаа за резултат торта која беше или полоша на изглед или полоша на вкус.

Годинава, беше полоша и на изглед и на вкус.

Сепак, ја изедовме бидејќи сега веќе не е најважното тоа што е тоа тортата направена за мојот роденден, туку тоа што сите не потсетува на мајка ми.

А мајка ми, она можеше да ја направи и со затворени очи.

Дури последниве години разбрав колку е убаво кога имате некој кому можете да му кажете: Уф, ми се јаде торта со вишни, одамна не сме јаделе’, а тој, односно, таа, веднаш тргнува во акција.

Последните години, откако се разболе од Алцхајмер, мајка ми не ја правеше ниту тортата со вишни, ниту пак нешто друго, едноставно заборави сѐ.

Освен еднаш, кога во терапевтски цели, ѝ дадовме материјал за пита. Малку ја потсетувавме што би требало да додаде уште малку, ама сепак ја направи.

Беше тоа вистинскиот вкус, баш оној на нејзината пита.

Иако многу се измори, се чувствуваше добро, како царица во кујната, речиси како порано.

Ништо по неа, го нема истиот вкус.

Ако имате сѐ уште мајки кои ги помнат своите рецепти, наговорете ги барем еднаш неделно да правите заедно по некое од нивните најдобри јадења.

Запишете ги, ќе видите, еден ден ќе сакате да повторите некое од нив и да се потсетите на вкусот.

Еве го рецептот за тортата со вишни на мама Кита (на фотографијата е онаа не баш успешна од пред 2-3 години во која наместо вишни има јагоди и воопшто не изгледа како нејзината и тоа не поради јагодите).

Состојки:

За пандишпан:

8 јајца

8 рамни лажици шеќер

8 лажици брашно

1/2 лажичка прашок за пециво

За кремот:

750 мл млеко + 50 мл за разматување на брашното и густинот

2 рамни лажици брашно

2 лажици густин

200 г шеќер

250 г омекнат путер

1 ванилин шеќер

За украсување:

1 кг вишни (јагоди, малини, рибизли…)

Приготвување:

Изматете ги белките во цврст снег. А потоа полека додавајте го брашното помешано со прашокот за пециво.

Во друг сад изматете ги жолчките со шеќерот во густа смеса. На крајот, соединете ги полека смесите и ставете да се пече во подмачкан и набрашнет калап за торта. Можете да ставите и хартија за печење, а и не мора.

Печете го пандишпанот околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени.

За кремот, ставете ги млекото и шеќерот во тенџере на тивок оган и почекајте да зоврие, а потоа полека, додавајте ги брашното и густинот кои претходно ќе ги разматите во малку ладно млеко. Постојано мешајте со рачна мешалка.

Кога кремот ќе се згусне, тргнете го тенџерето од ринглата и оставете го да се олади.

Кога е кремот изладен, не треба да е сосема изладен, доволно е да не е жежок, додадете го изматениот путер со ванилин шеќер. Измешајте убаво со миксер за да нема грутчиња.

Пандишпанот, откако ќе се олади исечете го полека на два дела, како и за секоја друга торта.

Намачкајте ја едната половина со крем, наредете густо од овошјето, па ставете го вториот дел од тестото и премачкајте го со останатиот дел од кремот. Наредете ги одозгора останатите вишни или што и да имате од шумски плодови и ставете ја тортата во фрижидер.

Најдобро е да се прави навечер и да се јаде следниот ден.

]]>
Филот за торта ви излезе редок? Еве како да го згуснете без да го промените вкусот https://artkujna.mk/filot-za-torta-vi-izleze-redok-eve-kako-da-go-zgusnete-bez-da-go-promenite-vkusot/ Mon, 04 Sep 2023 07:26:57 +0000 https://artkujna.mk/?p=35238 Да, да, не е убаво кога ќе видите дека филот за тортата (или колачите) не ви е доволно густ, но без нервози, има решение]]>

Дури и на искусните домаќинки може да им се случи филот за торта и колачи да им излезе поредок отколку што треба, но и за тоа има едноставно решение.

Сѐ што ви треба е густин кој лесно ќе го згусне филот без да му го промени вкусот.

Може да додадете и брашно ако немате густин, но треба да додадете повеќе брашно, па тоа може да го промени вкусот на филот. Измешајте еднакви количини густин и ладна вода и мешајте додека не исчезнат грутчињата.

Загрејте го филот за колачиња на средно-висока температура, а потоа постепено додавајте ја смесата од густин и вода. Додадете го филот во смесата со постојано мешање додека не ја добиете саканата густина.

Внимавајте филот да не се превари, бидејќи густинот или брашното по подолго или загревање на висока температура може да има спротивен ефект и наместо да го згусне ќе го разреди филот.

]]>
Брза пролетна торта без печење https://artkujna.mk/brza-proletna-torta-bez-pechene/ Mon, 22 May 2023 11:31:38 +0000 https://artkujna.mk/?p=33837 За сите кои не сакаат да вклучуваат рерна и преферираат брзи торти, имаме уште еден одличен рецепт кој е најдобро да се подготви навечер, а да се јаде следниот ден]]>

Ако го сакате вкусот на плазма, јагоди и освежителен бел крем од павлака, тогаш ова е одлична идеја за торта која нема да ви одземе премногу време, а секој ќе ви побара парче повеќе.

Состојки:

300 г мелени кекси (Плазма) + 470 г цели кекси (Плазма)

500 г путер (несолен)

700 г јагоди

400 г слатка павлака

400 г кисела павлака

150 г шеќер во прав

150 г чоколадо по ваш избор

млеко

1-2 лажици гриз

Приготвување:

Најпрвин плазма кексите се потопуваат во млеко и се редат во круг во подмачкан калап (26 цм). Потоа се растопуваат 400 грама путер, па кога ќе се стопи го мешате со мелените кекси и смесата ја ставате на дното од плехчето и убаво го втиснувате за да добиете мазна површина и го ставете во фрижидер.

Потоа ја матите слатката павлака заедно со шеќерот во прав и кога ќе добиете цврта смеса ја додавате киселата павлака, промешувате со лажица и додавате еден ред кршени плазма кекси и повторно промешувате. Јаготките ги сечете на поситни парчиња и ги мешате со гризот за да не пуштат вода. Во калапчето најпрвин ги редите јагодите, го додавате белиот крем и повторно ја враќате тортата во фрижидер.

За глазурата растопувате 100 грама путер со 150 грама чоколадо со лешници. По ваш избор може било кое чоколадо. Десертот е готов. Но сепак не го јадете веднаш туку дозволете да се стврдне преку ноќ, па следниот ден, навалете.

]]>
Како чиракот Сахер ја смислил најпознатата торта на светот https://artkujna.mk/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%87%d0%b8%d1%80%d0%b0%d0%ba%d0%be%d1%82-%d1%81%d0%b0%d1%85%d0%b5%d1%80-%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%bb-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%bf%d0%be%d0%b7%d0%bd/ Wed, 09 Mar 2022 11:51:50 +0000 https://artkujna.mk/?p=27940 Што е толку специфично за оваа торта? Пред сè, совршената хармонија на чоколадо што се топи во устата и џем од кајсии. Чоколаден бисквит со одлична текстура, како и кајсии кои го „смируваат“ слаткиот тон – во секоја комбинација даваат совршена хармонија. Останатото се нијанси.]]>

Една од моите омилени торти, а воедно и една од најпознатите торти во светот, е виенската кралица на слатките – тортата Сахер. Популарната „сахерица“ има свое аристократско потекло, како и цела приказна за својот настанок. Нејзиниот оригинален рецепт сè уште се чува во сефот на хотелот Сахер во Виена, а многумина уверуваат дека дошле во сопственост на „оригиналот“. Иако, секоја „копија“ во нејзиниот случај е совршена.

Што е толку специфично за оваа торта? Пред сè, совршената хармонија на чоколадо што се топи во устата и џем од кајсии. Чоколаден бисквит со одлична текстура, како и кајсии кои го „смируваат“ слаткиот тон – во секоја комбинација даваат совршена хармонија. Останатото се нијанси.

Тортата го добила името по еврејскиот пекар Франц Сахер, кој случајно се нашол на вистинското место во вистинско време. Имено, главниот слаткар, на дворот на војводата Метерних во далечната 1832 година, се разболел и задачата да го направи десертот, му била префрлена на младиот Сахер. Така младиот чирак смислил чоколадна торта, која ја премачкал со џем од кајсии и ја прелил со чоколадо. Тортата била полн погодок и ги воодушевила сите присутни, а неговиот син во 1876 година го отворил познатиот хотел Sacher во центарот на Виена. Над 300.000 Сахер торти се печат годишно во хотелот Сахер, а се продаваат во елегантни дрвени кутии и се испраќаат низ целиот свет.

И овој чоколаден деликатес ги бараше своите права на суд – поточно спорот се водел помеѓу сахер тортата во слаткарницата на хотелот „Сахер“ и сахер

тортата во слаткарницата „Демел“. Секој на свој начин доби своја верзија на тортата сахер, така што „Demel“ денес ја продава тортата, но под името „Demel’s Sachertorte“, што се разликува од „оригиналот“ по тоа што џемот од кајсии не е во средината. од колачот, туку одозгора, веднаш под чоколадната глазура. Хотелот Сахер доби право својата торта да ја нарече „Оригинална – Сахер – Торте“ и е украсена со тркалезен печат од чоколадо.

Оваа торта има и свој ден, кој се слави на 5 декември. Според таен рецепт, оригиналната глазура наводно е направена од комбинација на три специјални видови чоколада, што ја прави особено кадифена. Колачот се служи со незасладен шлаг, кој е идеална противтежа на богатата чоколадна арома. Традиционално се служи со Винер Меланж, познатото виенско кафе со млеко.

Има навистина многу рецепти и верзии, но основата во суштина е иста: се пече чоколаден бисквит, кој се сече на половина. Се премачкува со мармалад или џем од кајсии, на врвот се премачкува со уште еден слој мармалад и врз колачот се става чоколадна глазура. Едноставно и вкусно. И навистина совршено.

]]>
Сакате торта со својот лик и во природна големина? https://artkujna.mk/%d1%81%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b5-%d1%82%d0%be%d1%80%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d1%81%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%be%d1%82-%d0%bb%d0%b8%d0%ba-%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%bd/ Mon, 21 Feb 2022 13:37:54 +0000 https://artkujna.mk/?p=27721 Лара Мејсон е Британка која е вистински шампион за торти и освен што може да направи буквално сѐ што ќе си замислите, тортите ги изработува во природна големина]]>

Cake Anything with Lara Mason. Токму вака гласи името на веб-страницата на Лара Мејсон, уметник за торти која изработува торти во природна големина и во облики кој само треба да си го замислите. Дури и по желба изработува торти кои можат да бидат и ваша копија во природна големина. Оваа фантастична уметница основала и The Cake Anything Club во кој може да се зачленат заинтересираните за да ги дознаат сите нејзини тајни и совети кога станува збор за неверојатни извајани и структурирани торти и колачи.

Од шаблони за рамки за торта, видео упатства, сесии за прашања и одговори во живо и место за стапување во контакт со Лара еден на еден за да ѝ поставите какви било прашања во врска со изработката на тортите што можеби ги имате. Ако сакате да видите дел од нејзината работа погледнете го видеото подолу.

]]>