умами – Арт кујна https://artkujna.mk Tue, 15 Mar 2022 09:37:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif умами – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 5 вкусни причини зошто треба почесто да готвиме со суви домати https://artkujna.mk/5-%d0%b2%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%be%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b0/ Tue, 15 Mar 2022 09:37:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=28038 Полни со умами, сувите домати се еден од кулинарските трикови кои на јадењата им даваат убав домашен вкус...]]>

Сувите домати се идеален зачин во секоја остава, бидејќи им даваат многу вкус на јадењата, а рокот на траење е практично неограничен. Италијанците ги обожаваат и од дамнина ги сушат во текот на летото, за во зима, додека не изгубат речиси деведесет проценти од својата тежина со испарување на водата, оставајќи зад себе концентриран вкус и хранливи материи. Процесот на сушење обично трае една до две недели, во зависност од временските услови. Сончевата медитеранска клима е идеална за сушење на воздух, но може да се сушат и во рерна или дехидратор.

Мирисни, во исто време слатки и освежителни, им даваат домашен вкус на сосовите, супите, тестенините или оризот, месото и зеленчукот. Сувите домати доаѓаат во тегли со масло или без ништо, во вреќички и двете варијанти се добри.

Тие треба да се рехидрираат пред да се зготват. Прво исплакнете ги под млаз вода за да се ослободите од вишокот сол, а потоа ставете ги во тенџере со вода колку да ги покрие. Варете ги на силен оган додека не зовријат, а потоа исклучете го огнот. Оставете да отстои додека не се излади и исцедете ги и исушете ги. Доматите во маслиново масло најдобро се сервираат директно од теглата. Ако се чувани во добро масло, користете го како прелив за салата.

Вкусни салати
Моцарелата и сушените домати се фантастична комбинација во вкусни салати. Комбинирајте ги со туна, пилешко, печен зеленчук… можностите се бесконечни. Ставете грст зелена салата на дното на сад или чинија и на неа ставете исечени сушени домати и моцарела исечкана на коцки и лисја од босилек. Зачинете ја салатата со маслиново масло и балсамико и сол и црн пипер по желба.

На пица или леб
Сувите домати се идеален додаток за домашен леб, колачи, кифлички, пица или погача. Можете да ги пробате во комбинација со карамелизиран кромид и солени инчуни. Добро одат и со рендано сирење и зачини како рузмарин или чили.

Може и во суши
Ако сè уште не сте имале шанса да го направите дома, домашното суши можеби ви изгледа како виша математика, но со малку пракса не е проблем да се направат ролни полни со вкус. Поради месната текстура и целосниот вкус, сувите домати се идеален додаток на оризот и морските алги. Во вегански и вегетаријански варијации, можете да ги комбинирате со тиквички, краставици, пиперки… За уште поголем вкус, можете да си играте и со пире од јаболки или со балсамико.

Неизбежни тестенини
Пестото и сувите домати служат како совршена инспирација за подготовка на брзи јадења од тестенини или ориз, а не заборавајте и на сендвичите. Како додаток можете да користите и намаз од хумус или авокадо и ќе добиете здрав и хранлив оброк кој ќе ве држи сити долго време.

Во супи
Сувите домати, исто така, готвачите ги додаваат во супите и сосовите. Додадете неколку парчиња во болоњезе сос за да му дадете убав, домашен вкус – а исто така ќе послужи како прекрасна декорација за густи, кремасти супи.

]]>