Франција – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 07 Sep 2026 11:13:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif Франција – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Путер, путер и уште малку путер https://artkujna.mk/puter-puter-i-ushte-malku-puter/ Mon, 07 Sep 2026 09:55:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=29711 Некои луѓе имаат навика додека чекаат на јадењето, ако се многу гладни, да се залажат така што ќе си намачкаат путер на кришка леб. Други пак, на овој начин се дојадуваат. Оттука, многу логично звучи онаа француска изрека која вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер.]]>

Честопати, кога се многу гладни, а јадењето на кое чекаат уште не е готово, некои луѓе знаат да си намачкаат путер на леб. Во многу ресторани се практикува истото. На гостите им се нудат леб и путер за да можат потрпеливо да ја дочекаат нарачката. Некои луѓе пак се чувствуваат како да не се дојале ако после јадењето не намачкаат малку путер на леб.

Речиси и нема подобра комбинација од онаа кога на тукушто испечен леб ќе намачкате путер. Или кога ќе ја почувствувате аромата на путерот кој чрчори во тавата.

Оттука, многу логично звучи онаа француска изрека која вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер.

Еве што треба да знаете за путерот.

При пржење на путер треба да се внимава температурата да не премине 150 степени. На повисоки температури немрсните материи од путерот почнуваат да горат, а тоа најлесно може да се спречи со додавање на зејтин или користете го путерот за динстање и печење

Путерот по својот состав е концентрирана млечна маст, со присуство на помала количина на вода и други состојки, т.н. немасни крути материи (белковини, лактоза, минерални материи и витамини А, Д и Е). Богат е со масни киселини со краток и средно долг синџир.

Тој е симбол на француското кулинарство и слаткарство и неизбежна намирница во професионалните кујни во подготвувањето на намази, сосови, слатки и основа на многу јадења. Француската изрека вели дека се потребни три работи за добро јадење: путер, путер и уште малку путер. Гастрономски гледано, богатиот вкус на храната која се подготвува со путер го надминува оној на храната подготвена со други маснотии.

Ghee

Ghee, познат и како прочистен путер или масло, е обработен путер без протеински и воден дел. Путерот полека се топи, се отстранува пената од површината и се процедува, со што се издвојуваат протеините и водата и на тој начин се остварува поинтензивен вкус и арома, но и повисока точка на чадење од 180 степени, поради што може да се користи  и за пржење.

Beurre noisette

Кафеавиот путер е вистинско мало готварско чудо, употребливо на безброј начини, едноставно за подготвување. Путерот на ниска температура се топи и потоа полека запенува. Во тој процес испарува водата, а путерот станува златнокафен.. Таа боја е знак дека е готов. Уште поважен е сигналот на мирисот. Кујната замирисува убаво по јаткасти плодови. Мирисот најмногу потсетува на лешник, оттука и францускиот назив, beurre noisette, „лешников путер“ во буквален превод.

Путер или маргарин?

За разлика од путерот, маргаринот е индустриски добиена намирница при што се користи постапка на делумна хидрогенизација на растителни масла, во кои можат да настанат и непожелни трансмасни киселини. Маргаринот содржи и заситени и незаситени масни киселини, а често е збогатен со и со витамини (особено А и Е). Со поиновативни процеси путерот денеска се произведува такашто содржи минимален дел трансмасни киселини (помалку од 1%), но и натаму е подобар прехранбен избор.

]]>
Вишокот храна за гладните, а не во контејнери https://artkujna.mk/vishokot-hrana-za-gladnite-a-ne-vo-kontejneri/ Thu, 16 Jul 2026 08:29:07 +0000 https://artkujna.mk/?p=46525 Уште од 2016 година, големите француски супермаркети се законски обврзани непродадената, но безбедна храна да ја донираат на хуманитарни организации. Законот не само што помогна да се обезбедат милиони оброци за најранливите, туку стана пример што го следат и други земји.]]>

Додека во многу земји тони храна секојдневно завршуваат во контејнери, Франција уште во 2016 година стана првата држава во светот што законски ги обврза големите супермаркети да ја донираат непродадената, но сѐ уште безбедна храна на хуманитарни организации и банки за храна.

Законот, познат како „Гаро закон“ (според пратеникот Гијом Гаро кој го иницираше), беше усвоен на 11 февруари 2016 година и се смета за пресвртница во борбата против фрлањето храна. Според француското Министерство за земјоделство, Франција е првата земја во светот што вовела ваква обврска за супермаркетите.

Мерката се однесува на сите продавници со површина поголема од 400 квадратни метри. Наместо да ја фрлаат храната што е пред истекување на рокот или која не може да се продаде, тие мора да склучат договори со хуманитарни организации и да ја донираат. Доколку храната веќе не е соодветна за човечка исхрана, таа треба да се пренамени за добиточна храна, компостирање или производство на енергија.

Особено внимание привлече забраната супермаркетите намерно да ја уништуваат храната. Пред донесувањето на законот, во Франција биле регистрирани случаи во кои непродадени производи биле полевани со белило или на друг начин правени неупотребливи за луѓето што пребарувале по контејнерите. Со новите правила таквите практики станаа незаконски.

Законот произлезе од растечкото незадоволство на јавноста поради фактот што милиони тони храна завршувале како отпад, додека многу луѓе зависеле од помош од банки за храна. Голема улога во иницијативата имаше и францускиот политичар Араш Дерамбарш, кој покрена петиција и кампања против уништувањето на непродадената храна.

Повеќе од четири години по стапувањето во сила на законот, француските власти соопштија дека бројот на оброци дистрибуирани од хуманитарните организации значително се зголемил. Илјадници здруженија, банки за храна и специјализирани компании се вклучиле во собирањето и распределбата на вишокот храна.

Успехот на францускиот модел поттикна и други држави да размислуваат за слични решенија. Италија донесе закон за донирање вишоци храна само неколку месеци подоцна, а темата стана важен дел од европските политики за намалување на отпадот од храна.

Во меѓувреме, Франција ги прошири мерките и надвор од супермаркетите. Новите правила постепено ги опфатија колективните кујни, училиштата, болниците и дел од прехранбената индустрија, со што земјата дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од предводниците во борбата против фрлањето храна.

]]>
Храна и наследство: Француските багети ставени на листата на УНЕСКО https://artkujna.mk/%d1%85%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d1%84%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%86%d1%83%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b1%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d1%82/ Thu, 01 Dec 2022 09:14:13 +0000 https://artkujna.mk/?p=31448 Ставањето на листата на францускиот багет „го слави францускиот начин на живот“, велат од УНЕСКО. Инаку, раната историја на багетите е прилично нејасна. Своето постојно име го добиле дури во 1920 година, кога со закон се дефинирала минималната тежина и максималната должина. До 1986 имал дури и фиксна цена.]]>

Францускиот багет „250 грама магија и совршенство”, според зборовите на претседателот Емануел Макрон, еден од нераскинливите симболи на нацијата, доби статус на наследство на УНЕСКО.

„Ова е признание за заедницата на занаетчии пекари и слаткари. Багетот е брашно, вода, сол и квасец – и мајсторство околу лебот“, вели во изјавата Доминик Анрак, претседател на Федерацијата на производители на леб.

Багетите со крцкава надворешност и мека средина останаа препознатлива француска закуска, заедно со, на пр. – баретките и низите од лук. Затоа, Агенцијата на ОН го даде „Статутот на нематеријалното културно наследство” на традицијата за печење багети и начинот на живот што ја опкружува.

Од 1970 г. Франција губи околу 400 занаетчиски пекари годишно – од 55.000 (еден на 790 жители) до 35.000 денес (еден на 2.000). Падот се должи на ширењето на индустриските пекари, супермаркети и киосци за брза храна, во градовите и во руралните средини. Сепак, тој останува клучен за францускиот идентитет, а според претседателот Емануел Макрон, поради багетот, на Франција ѝ завидува целиот свет.

„Првично, багетот се сметаше за луксузен производ бидејќи работничката класа јадела селски леб. Потоа, неговата употреба беше широко распространета во 60-тите и 70-тите години од минатиот век кога багетите доминираа во селата“, изјавил Лоик Бјенасис од Европскиот институт за историја на храна и култура, кој помогна да се подготви досието во УНЕСКО.

Раната историја на багетите е прилично нејасна. Своето постојно име го добиле дури во 1920 година, кога со закон се дефинирала минималната тежина (80 грама) и максимална должина (40 сантиметри). До 1986 имал дури и фиксна цена.

Според една од легендите, Наполеон наредил лебот да се направи во тенки стапчиња, коишто војниците полесно ќе ги носат.

Друга приказна ги поврзува багетите со изградбата на париското метро на крајот на 19 век и тоа дека полесно се сечат и споделуваат меѓу градежниците.

Франција го поднесе своето барање до УНЕСКО на почетокот на 2021 година.

]]>
Французите сакаат да знаат од каде доаѓа месото што го јадат https://artkujna.mk/%d1%84%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%86%d1%83%d0%b7%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%b0%d0%b4%d0%b5-%d0%b4%d0%be%d0%b0/ Mon, 31 Jan 2022 10:14:37 +0000 https://artkujna.mk/?p=27394 Според новиот закон кој стапува на сила на 1 март, рестораните и училишните мензи кои служат месо во Франција мора да наведат од која земја доаѓа и каде е заклано животното.]]>

Новиот закон кој стапува на сила од 1 март се однесува на пилешкото, свинското, јагнешкото и овчото месо.

Според новиот закон кој стапува на сила на 1 март, рестораните и училишните мензи кои служат месо во Франција мора да наведат од која земја доаѓа и каде е заклано животното.

Тоа доаѓа како дел од поширокиот француски ангажман да ја преземе контролата врз суверенитетот на храната и да ги заштити земјоделците од она што француските политичари го гледаат како нелојална конкуренција од производителите кои не се членки на ЕУ, кои можат поинтензивно да одгледуваат добиток. Половина од месото што го јадат на училиште француските деца е увезено.

Законот ќе важи за секој облик на јадење надвор од домот, а се однесува на пилешко, свинско, јагнешко и овчо месо. Франција бара означување на потеклото на говедското месо во рестораните од 2002 година, главно како одговор на кризата со кравјото лудило.

„Работевме долго време на ова за да можеме конечно да им дозволиме на родителите да знаат дали пилешкото во училишните мензи на нивните деца доаѓа од Франција или од Украина или Бразил, а истото важи и за рестораните“, изјавил францускиот министер за земјоделство Жулиен Денорманди овој месец.

Франција прави поширок обид во Брисел да ја направи трговијата поправедна за европските фармери, вклучително и со засилување на политичкиот притисок за влезната забрана за хормоните за раст на животните, која ќе важи и за фармерите кои не се членки на ЕУ, а кои сакаат да продаваат месо во Европа.

]]>