чабата – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 18 Apr 2022 07:35:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.3 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif чабата – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Домашна чабата: Вкусно и лесно, дури и за почетници https://artkujna.mk/%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b0%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%ba%d1%83%d1%81%d0%bd%d0%be-%d0%b8-%d0%bb%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%be-%d0%b4%d1%83%d1%80%d0%b8-%d0%b8-%d0%b7/ Mon, 18 Apr 2022 07:32:16 +0000 https://artkujna.mk/?p=28518 Ова е навистина едноставен рецепт, а лебот ќе им се допадне на сите, зашто нема маана. Се разбира, освен што е со бело брашно, ама сепак е поздраво отколку леб во кеса]]>

Овој леб се прави навистина лесно и ако се придржуваат до рецептот можат да го направат од прва, дури и оние кои се апсолутни почетници во правење леб.

Се подготвува релативно брзо, па дури и времето за нараснување не е премногу долго. Не се меси, туку се меша, а ако ви се допаѓа можете да правите и дупли дози, да си го замрзнувате и да имате леб за цела недела.

Ние веднаш направивме дупла доза зашто и собирот беше голем, па да има за сите.

Инаку, за дупла доза удвојте ги сите состојки освен квасецот, доволно е една коцка. Дури ако правите само една доза, би ви препорачале да пробате со пола коцка.

Ви требаат вообичаените состојки:

600 г брашно
500 мл млака вода
1 свеж квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
5 лажици маслиново масло

Приготвување:

Прво растворете го квасецот во топлата вода заедно со шеќерот и една лажичка брашно.
Откако ќе се растопи, додадете ги останатите состојки и измешајте убаво со дрвена лажица. Ќе добиете многу меко и лепливо тесто, но такво и треба да биде. Покријте го и оставете го да нарасне 1 час.

Откако ќе нарасне набрашнете ја обилно работната површина и истурете го тестото. И одозгора убаво набрашнете го тестото, а ставете и на дланките затоа што е лепливо. Поделете го тестото на 2 дела. Оформете ги во долги векни леб и обидете се да ги обликувате спирално.

Префрлете ги векните во набрашнета тепсија и оставете ги уште 30 минути.

Потоа, ставете ги да се печат на 250 степени 10 минути, па намалете ја јачината на 190 степени и печете уште 20 минути.

Извадете го лебот и покријте го со крпа. Би било добро да отстои некое време и да се излади пред да почнете да го консумирате.

Ако сакате можете да направите дупла доза во недела и да имате за цела недела. Секако, ќе треба да го замрзнете на делови и да си вадите толку колку што ви треба.

]]>