чварки – Арт кујна https://artkujna.mk Mon, 20 Oct 2025 10:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif чварки – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Сланина и чварки за појадок? Дали вашето тело знае како го потроши ова „гориво“? https://artkujna.mk/slanina-i-chvarki-za-pojadok-dali-vasheto-telo-znae-kako-go-potroshi-ova-gorivo/ Mon, 20 Oct 2025 10:47:25 +0000 https://artkujna.mk/?p=45518 Ако се прашувате дали е во ред да го започнете денот со сланина и чварки – одговорот е: може, но не во секоја ситуација. Многу е важно што ќе правите после појадокот]]>

На овие простори многу луѓе ги започнуваат своите утра на овој начин, со мирис на пржена сланина и домашни крцкави чварки, често комбинирани со свеж леб и кромид. Овој вид појадок има долга традиција, се поврзува со времето кога денот започнувал со тешка физичка работа, па затоа било важно да се внесе доволно енергија. Меѓутоа, денес, кога повеќето луѓе го поминуваат утрото на компјутер, а не на поле или нива, овој вид оброк може да биде премногу тежок.

Значи, нема ништо лошо во повременото уживање, но за секојдневниот почеток на денот можеби е подобро да се избере нешто полесно и поизбалансирано.

Според д-р Снежана Башиќ овој вид храна не е забранет, но бара повеќе промисленост отколку што обично се мисли. Не е важно дали е масно, туку дали вашето тело знае како да се справи со таквото „гориво“.

Наутро, кога вашето тело е најподготвено да троши енергија, сланината и чварките можат да бидат добар почеток на денот, но само ако планирате да бидете активни, да работите или да се движите. Ако денот ви започнува со седење, гледање во екрани и пиење кафе, овој вид појадок би можел да ве забави, да ве замори и да има спротивен ефект. Значи, проблемот не е во храната, туку во контекстот.

Докторката нагласува дека ваквите оброци имаат смисла само ако се дел од поголемата слика, ако знаете дека ќе бидете физички активни, ако ги комбинирате со зеленчук и ако не претерувате. Сланината и чварките не се за секој ден, но не се ни нешто што треба целосно да се елиминира.

Интересно е што многу луѓе мислат дека ваквите појадоци се „забранети“ или „нездрави“, а всушност клучот е во рамнотежата. Ако знаете што ви одговара, ако го слушате вашето тело и не јадете од досада, тогаш помасен појадок може да биде дел од балансирана исхрана. Не е сè црно-бело, ниту пак постојат совети што важат за сите.

Она што се издвојува во пристапот на д-р Башиќ е тоа што таа не користи заплашување. Таа не вели „не можеш“, туку „размисли за тоа“. Токму ова често недостасува во советите за исхрана, некој да нè потсети дека имаме избор, но и одговорност. Сланината и чварките не се непријатели, но не се ниту автоматски сојузници. Сè зависи од тоа како ги вклопувате во вашиот ден.

Ако сте здрави, активни и знаете што ви одговара, слободно уживајте во нив. Ако сметате дека овој вид храна ве уморува, можеби е подобро да ја оставите за викендот или деновите кога сте повеќе во движење. Нема потреба од каење или забрани – само малку повеќе свест и умереност.

Често поставувани прашања
Дали децата можат да јадат сланина и чварки?
Во мали количини, со зеленчук и интегрален леб – да.

Дали чварките се подобри од сланината?
Зависи од подготовката – домашните чварки без адитиви често се подобар избор.

Колку пати неделно може да ги јадаме?
Еднаш до двапати неделно, ако сте здрави и физички активни.

Дали се подобри за појадок или за вечера?
За појадок – тогаш телото најдобро ги користи мастите како извор на енергија,

]]>
Рецепт на денот: Како да направите домашни чварки, поевтини и подобри од купечките https://artkujna.mk/reczept-na-denot-kako-da-napravite-domashni-chvarki-poevtini-i-podobri-od-kupechkite/ Tue, 07 Nov 2023 13:24:53 +0000 https://artkujna.mk/?p=36160 Купечките чварки се често скапи, па за да можете да уживате во овие вкусни крцкави залачиња, најдобро е да се научите да ги правите сами.]]>

Додека цената на чварките купени во продавница е често висока, нашите домашни чварки чинат значително помалку, а квалитетот и вкусот се неспорни.

Со овој лесен и едноставен рецепт можете да направите фантастични чварки дома и патем, да заштедите пари.

И ако се плашите дека немате доволно време за ова, имајте предвид дека времето на подготовка е само 30 минути.

Состојки:
2,5 кг свежа свинска сланина од грбот
50 мл млеко
една лажица сол

Приготвување:

  1. Измијте ја сланината и внимателно исушете ја.
  2. Со остар нож извадете ја кората од сланината.
  3. Преостанатата сланина исечете ја на коцки со саканата големина.
  4. Коцките сланина се ставаат во длабоко тенџере и се пржат на умерена температура, повремено мешајќи со дрвена мешалка.
  5. Сланината пропржете ја убаво да порумени и да стане крцкава.
  6. Додадете млеко и продолжете со пржење додека коцките не станат потемни и уште покрцкави.
  7. По пржењето, чварките добро исцедете ги од вишокот маснотии.
  8. Посолете по вкус, внимателно измешајте и уживајте во овој традиционален домашен специјалитет.
]]>
Ете, дочекавме и тоа: чоколадо со чварки од „Краш“ https://artkujna.mk/%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%be%d1%87%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d0%b2%d0%bc%d0%b5-%d0%b8-%d1%82%d0%be%d0%b0-%d1%87%d0%be%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%be-%d1%81%d0%be-%d1%87%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8/ Wed, 27 Apr 2022 12:52:16 +0000 https://artkujna.mk/?p=28668 Компанијата „Краш“ денеска преку својот Фејсбук профил објави дека навистина направила Дорина со чварки, иако се почнало како првоаприлска шега.]]>

Комбинацијата за чоколадо со чварки првпат била спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, што тие навистина решиле да направат чоколадо со чварки.

Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.

„Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на адреса“, велат од „Краш“. Доколку сте меѓу таквите, се што треба да направите е да им се обратите во инбокс.

]]>
Направете ги најдобрите домашни чварки https://artkujna.mk/%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%b3%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b4%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%be%d0%bc%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%b8-%d1%87%d0%b2%d0%b0%d1%80/ Thu, 27 Jan 2022 13:11:21 +0000 https://artkujna.mk/?p=27355 Сега можете лесно и брзо да направите крцкави чварки дома.]]>

Искусните домаќинки ќе ви кажат дека е важен начинот на кој го сечете свинското сало, бидејќи на тој начин ќе успеете да ги направите најдобрите чварки.

„Трикот“ е да ги исечете на вистинската големина, која е околу 3 цм. Парчињата не смеат да бидат премногу големи, но ниту премногу мали, бидејќи тогаш чварките ќе бидат жилави и тврди.

Исто така, она што е важно при сечењето на салото е температурата на просторијата. Таа мора да е ниска, па најдобро е салото да го сечете надвор. Не претерувајте со млекото, бидејќи чварките ќе имаат потемна боја. Многу домаќини тврдат дека исцедените чварки не треба да ги посолувате, бидејќи така ја губат крцкавоста, но можете ако сакате.

Состојки:

5 кг свинска маст

200 мл млеко

Приготвување:

Измијте го свинското сало, па исечете го. Варете го на умерена температура со постојано мешање околу половина час. Ставете го млекото, па топете го салото додека не престане да пени и чварките не добијат убава боја. Исцедете ги и посолете ги.

]]>