чичоки – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 26 Mar 2026 14:07:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif чичоки – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Заборавен, а одличен борец против рак, шеќер, притисок… Најевтината здрава намирница која може да се најде на пазарите https://artkujna.mk/zaboraven-a-odlichen-borecz-protiv-rak-sheker-pritisok-najevtinata-zdrava-namirnicza-koja-mozhe-da-se-najde-na-pazarite/ Thu, 26 Mar 2026 10:03:00 +0000 https://artkujna.mk/?p=26987 Чичоки, трупки, рокчиња, или како што уште се викаат-диви компири или ерусалемски артичоки, се нешто што ние како деца многу го јадевме. На пример, наместо јаболко. Денешните деца веројатно и не знаат што е тоа]]>

Чичоката (Helianthus tuberosus L.) е високо рангирана на листата на здрава храна. Препознатлива е по големите жолти цветови и високото стебло, кое може да порасне и до три метри.

Содржи инулин

Посебно е по тоа што, за разлика од компирот, не содржи скроб туку инулин, заради што е особено препорачлив за дијабетичари. Инулинот има гликемиски индекс нула и е пробиотик кој го стимулира развојот на корисни бактерии во цревата.

Но, чичоката не е добра само за дијабетичари, се препорачува за сите кои се изложени на ризик од кардиоваскуларни заболувања. Во неугледниот корен на ова растение се крие вистинско богатство. Покрај тоа што помага при болести на крвта и крвните садови, алергии, артритис, ревматски заболувања …, има и силно антибактериско и антиоксидативно дејство.

Потекнува од Северна Америка и се одгледува низ целиот свет. Првично се одгледувало како градинарско растение. Има многу ниска калорична вредност (79 kcal на 100 g), содржи претежно јаглехидрати, малку протеини и незначителна количина на маснотии. Ги има речиси сите витамини од групата Б и малку витамин Ц. Исто така, содржи минерали како железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и есенцијални амино киселини неопходни за телото.

Чичоките се најевтината здрава намирница која сѐ уште може да се најде по пазарите. Познати се и како диви компири или ерусалемски артичоки и заради јадливиот корен денеска се култивираат ширум светот.

Замена за компири

Чичоките не содржат скроб па се предвидува дека заради сѐ поголемиот број на луѓе со зголемена телесна тежина и дијабетичари, во иднина ќе станат замена за компирите.

Помагаат кај висок крвен притисок, покачено ниво на маснотии во крвта, кардиоваскуларни заболувања, анемија, остеопороза, посебно дијабетес и дебелина, а придонесуваат и за нивна превенција.

Кога се консумираат сирови, се одлични за чистење на организмот од токсини. Тие се познати и како афродизијак, го јакнат либидото, потенцијата и плодноста. Корисни се и во превенцијата и лекувањето на алергиите.

Ја намалува концентрацијата на канцерогени ензими па нивната улога е посебно значајна во превенција и лекување на малигните болести на цревата.

Она што е важно за дијабетичарите е дека со нивното разградување не доаѓа до пораст на нивото на шеќер во крвта (гликемиски индекс: 0).

Имаат висока содржина витамини (B-група, C, D, провитамин A – бета каротен) и минерали (калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо).

Исто така, чичоките се извор на есенцијални аминокиселини.

Може и сирово

Обично се сади во рана пролет, корените личат на ѓумбир, бојата варира од бледо кафеава, розова до бела. Може да се јаде сирова, а ако се обработува термички, може да се динста, вари, пече или пржи. Варена, печена или динстана, таа е замена за компирот, но се вари побрзо и е послатка од компирот.

]]>
Корени што помагаат кај болести на крвните жили, алергии, артритис, одлични и за дијабетичари https://artkujna.mk/koreni-shto-pomagaat-kaj-bolesti-na-krvnite-zhili-alergii-artritis-odlichni-i-za-dijabetichari/ Tue, 10 Jun 2025 13:12:56 +0000 https://artkujna.mk/?p=44588 Овие корени не содржат скроб, туку инулин - сложен јаглехидрат со нула гликемиски индекс]]>

Овие корени кои се кај нас познати како чичока или рокчиња, за разлика од нивниот роднина компир, не содржат скроб, туку инулин – сложен јаглехидрат со нула гликемиски индекс и пребиотски ефект. Оваа карактеристика ги прави погодни за луѓе со дијабетес и сè почест избор во диетите насочени кон регулирање на гликозата и поддршка на здравјето на цревата.

Сепак, чичоките не се само добри за дијабетичари, туку се препорачуваат за секој што е изложен на ризик од кардиоваскуларни заболувања и кријат во себе вистинско богатство. Освен што помагаат при крвни и васкуларни заболувања, алергии, артритис, ревматски заболувања итн., имаат и силни антибактериски и антиоксидантни ефекти.

Потекнуваат од Северна Америка, а денес се одгледуваат низ целиот свет. Имаат многу ниска калорична вредност (79 kcal на 100 g), содржат претежно јаглехидрати, малку протеини и занемарлива количина масти. Ги имаат скоро сите витамини од групата Б и малку витамин Ц. Исто така, содржат минерали како железо, калиум, калциум, фосфор и магнезиум, како и есенцијални аминокиселини неопходни за организмот.

Може да се јаде сирови, а можете да ги користите и со додавање во салати.

Овие корени личат на ѓумбир, а бојата им варира од бледо кафеава, розова до бела. Може да се јадат и сирови, а ако се термички обработени, може да се динстаат, да се варат, печат или пржат.

Салата од сирови чичоки:

Состојки:

200 г свежи коренчиња
1 мало јаболко (по можност кисело)
Сок од половина лимон
2 лажици маслиново масло
Сол и бибер по вкус
Свеж магдонос или копар (ситно исечкан)
Малку рендан ѓумбир (по желба)
Подготовка:

Добро измијте ги рокчињата и доколку е потребно, лесно излупете ја (ако кората е подебела). Изрендајте ги на тенки ленти или парчиња.

Изрендајте го и јаболкото или исечете го на тенки стапчиња.

Веднаш прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат и нежно измешајте.

Додадете маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба.

Можете да додадете лажица јогурт за поблаг, покремаст вкус или малку рендан ѓумбир за пикантност.

    Сервирајте ја салатата свежа, како предјадење или лесен прилог. Сировата чичока ја задржува својата крцкава текстура и малку јаткаст вкус, додека лимонот и јаболкото ѝ даваат освежителен шарм.

    ]]>