љубовна приказна – Арт кујна https://artkujna.mk Thu, 12 May 2022 09:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1 https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2021/11/cropped-LOGO-ART-KUJNA-32x32.gif љубовна приказна – Арт кујна https://artkujna.mk 32 32 Секоја љубовна приказна е инспирација за уникатна свадбена торта – „Канела“ од Струмица ги исполнува вашите соништа https://artkujna.mk/%d1%81%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%99%d1%83%d0%b1%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b0-%d0%b5-%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98/ Thu, 12 May 2022 09:40:33 +0000 https://artkujna.mk/?p=28841 Секој детал од вашата венчавка треба да отсликува автентичност, стил и уникатност. Вештите мајстори можат да ја исполнат секоја ваша слатка желба и да ги надминат сите слаткарски очекувања. ]]>

Денот на вашата венчавка е посебен ден кој означува почеток на ново поглавје во животите. Ден за кој сте мечтаеле уште од најраното детство и во кој сакаме сѐ да е совршено, затоа што спомените траат вечно.

Слаткарница „Канела“ од Струмица веќе 25 години е дел од секоја љубовна приказна во регионот со своите торти ремек дела.

Тимот на слаткарницата „Канела“ постави нови стандарди во слаткарството на нашите простори, со дизајн и креација на свадбени торти кои ќе го одбележат вашиот посебен ден.

Секој детал од вашата венчавка треба да отсликува автентичност, стил и уникатност. Вештите мајстори можат да ја исполнат секоја ваша слатка желба и да ги надминат сите слаткарски очекувања. Секако како врвни професионалци може да ви предложат торта или останати слатки задоволства кои најдобро прилегаат со секој ваш детал.

– Секоја љубовна приказна е наша инспирација… Ги исполнуваме и најлудите желби и правиме од невозможното возможно. Вашата торта може да биде баш таква како што сте ја замислиле па дури и повеќе од тоа. Сите задоволни клиенти насекаде од државата нѐ мотивираат секојдневно кон поместување на границите и постојан технолошки и креативен напредок – изјави сопственикот на „Канела“ Струмица, Никола Ристов, кој 10 години професионално се занимава со дизајн на торти.

Погледнете ја галеријата уникатни свадбени торти која е дел од трендовите пролет-лето 2022.

]]>