Тарт со јагоди и мајчина душица

0
354

Состојки:

За тестото:

300 г брашно

200 г путер

80 г шеќер

Ладна вода по потреба

За филот:

500 г јагоди

2 лажици кора од лимон

2 гранчиња свежа мајчина душица

2 лажици мед

½ шолја мелени бадеми или лешници

Млеко

Приготвување:

  1. Јагодите исечкајте ги и зачинете ги со лимон, мајчина душица и мед и оставете ги да отстојат десетина минути.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  3. На хартија за печење ставете го тестото и наполнете ја средината со јагодите и зачините.
  4. Со краевите од тестото затворете ја средината за да не истече филот, а потоа премачкајте го со млеко.
  5. Печете околу половина час, а последните десет минути поросете ја питата си мелени бадеми или лешници и вратете ја во рерна.