Тарт со шампињони и рукола

0
280

Состојки:

За тартот:

600 г брашно

2,5 дцл ладна вода

100 мл маслиново масло

1 прашок за пециво

1 лажичка сол

За филот:

500 г шампињони

2-3 млади кромитчиња

2 лажици кисела павлака

100 г рендано сирење

Сол, црн пипер

Рукола

Приготвување:

  1. Шампињоните исечкајте ги на помали парченца и заедно со исечканиот млад кромид пропржете ги на малку маслиново масло. Зачинете и оставете ги настрана.
  2. Замесете тесто од состојките и веднаш расукајте го во форма на тепсијата во која ќе печете. (Треба да е тенко, отприлика како за пица, па ако ви излезе поголема доза тесто, слободно вишокот зачувајте го за другпат или за втората тепсија).
  3. Намрсете ја тепсијата со масло и ставете го тестото внатре. Премачкајте го со павлаката и одозгора распоредете го филот од печурки, наросете од сирењето и ставете да се пече во загреана рерна.
  4. Откако ќе се испече (потребни се од 10-20 минути што сепак зависи од дебелината на тестото), прекријте го со листови свежа рукола и послужете.