Тава со ориз и киноа

0
441

Рецептот што ни го испрати нашата читателка Алики Јовчевска и ја донесе наградата од dm маркети кои во рамките на наградната игра на Арт Кујна, доделуваат пакет органски производи dmBio. Наградата може да се подигне од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 во централата на dm на улица Даме Груев бр. 7, Скопје – Центар.

Состојки:

180 до 200 г ориз

40 г  киноа

1 голем морков

(по желба 200 г грашак од конзерва, измиен и исцеден)

1 лажица хималајски зеленчуков зачин

1 лажица црвен пипер

Малку мелен црн пипер

3 лажици масло од репка (или сончоглед)

3 чаши зовриена вода

Приготвување:

  1. Рерната се загрева на 200° С.
  2. Оризот и киноата се мијат во цедилка под силен млаз вода.
  3. Во тавче со големина 35 Х 20 см. се ренда еден голем морков (по желба се става и грашак од мала конзерва), се додаваат оризот и киноата, зачинот, црвениот пипер, мелениот црн пипер, маслото и сето тоа се прелива со зовриена вода. Тавчето внимателно се протресува или се меша со лажица. Водата треба да биде речиси еден прст над оризот.
  4. Се пече 25 минути.