Тера Мадре: Забава и дегустации, но и мегдан за сериозни теми и дискусии (галерија)

Најважната меѓународна манифестација посветена на кујната, не е само забава и дегустации, туку и место кадешто се отвораат можеби најважните теми на човештвото денес.

0
152

Дел од овој голем настан годинава се и мигрантите, младите и домородните народи, а #foodforchange е мотото што се појавува во сите говори на вчерашното отворање на настанот.

Се започна со политичарите и јавните личности од највисоките институции кои имаат задача да ги дефинираат и насочуваат трендовите во производството на храна на сите нивоа.

Сите тие ги истакнаа многуте предизвици со кои се соочува светот на глобално ниво. Недостатокот на храна во некои области на планетата, ефектите од климатските промени, потрошувачката на месо, односот меѓу традицијата и иновативноста: ова се прашања со кои мора да се соочиме сите.

Намерата на Слоу фуд, кој е и организатор на настанот е да се поттикнат размислувањата за храната што ја јадеме за да се поттикне промена на прехранбените навики кај што поголем број луѓе.

Арената Тера Мадре е место на средби и дијалози во рамките на саемот Лингото, особено посветено на три големи заедници во рамките на мрежата Слоу Фуд и Тера Мадре: Автохтоните, мигрантите и младите. Со нив, по првпат заедно се размислува за големи теми кои секогаш биле во центарот на програмата Тера Мадре, решавачките прашања за иднината на планетата заземаат единствена димензија – голема инспирација дури и за оние кои не се дел од оваа заедница.

Карло Петрини, оснивачот на Слоу фуд зазеде став со силна порака во актуелната глобална политичка клима: „Храната не е униформа; Напротив, нејзината разновидност е многу силна. И предизвиците со кои се соочуваме се однесуваат на климата и на животната средина. Глобалните емисии на стакленички гасови се смета дека се 34% последица од земјоделството и добитокот, додека транспортот придонесува за 17%. Нашите навики во исхраната имаат влијание и ќе играат улога во намалувањето на овој ефект. Во однос на месото, Слоу Фуд почнува кампања низ цела Европа и САД за намалување на потрошувачката на месо за најмалку 50%, не само поради емисиите на стакленички гасови, туку и поради нашето здравје. Во минатото, Италија консумираше 22 килограми месо по глава на жител годишно. Денеска се консумираат преку 90 килограми. Во САД, 120 килограми. Предизвиците поврзани со храната повеќе не можат да се редуцираат на национални предизвици: тие се глобални предизвици, кои нѐ тераат да размислуваме. Но, без сомнение, знаеме дека можеме да победиме”.

Веќе денес без одржани голем број форуми и конференции но, за жал, истите се постојано преполни и тешко достапни за сите заинтересирани.