Тестенини со прокељ и сланина

0
388

Состојки:

300 г прокељ

3 чешниња лук

100 мл бело вино

300 мл павлака за готвење

40 г пармезан

50 г сланина

30 г путер

300 г тестенини

Сол, бибер

Магдонос

Маслиново масло

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени
  2. Прокељите исечете ги на половинки, па наредете ги врз хартија за печење, попрскајте ги со маслиново масло, сол и со бибер. Протресете ги и ставете ги во рерна на 15 минути.
  3. Во меѓувреме сварете ги тестенините во солена вода.
  4. Во тава стопете коцка путер па додадете ја сланината, почекајте да фати коричка и додадете го ситно сечканиот лук, а по минута-две и белото вино.
  5. Варете додека количината на вино не се намали за половина, додадете ја павлаката и добро измешајте.
  6. Варете на тивок оган, зачинете и додадете го пармезанот па тргнете од оган. Додадете го ситно сечканиот магдонос и прокељот кој во меѓувреме треба да е спремен.
  7. Прелијте врз сварените тестенини.