Тестенините не се мијат со вода, пресолениот ручек не се спасува со шеќер…

Повеќето од нас учат да готват од мајките и бабите кои сигурно имаат свои правила кога станува збор за готвењето. Но, еве неколку кулинарски митови во кои не треба да верувате дури и ако сте ги слушнале од нив

0
931

Како и во останатите сегменти од животот и во готвењето постојат многу навики, митови и бесмислени совети кои слепо ги следиме затоа што така не научиле нашите мајки и баби. Иако поголемиот дел од животот се состои од робување на навики, сепак, обидете се да се ослободите барем од оние во кулинарството. Прочитајте кои се најчестите кулинарски митови во кои веруваат домаќинките ширум светот.

Испирање на тестенините со ладна вода.

Многумина советуваат тестенините да се испираат со вода затоа што веруваат дека така се испира вишокот на скроб. Она што е лошо во овој совет е фактот дека водата ги прави тестенините лизгави и потешко ќе се поврзат со сосот. За подобар вкус, никако не ја испирајте тестенината, темпирајте го времето на готвење такашто веднаш од водата во која се готвеле да ги ставите во приготвениот сос.

Додавање масло во тестенините за време на готвењето. Овој трик нема апсолутно никаков смисол, затоа што маслото што го ставате во вода испливува на површината и речиси и нема никаков допир со тестенините. Од друга страна маслото ги прави тестенините мрсни и мазни, а тоа прави да не можат да се поврзат со сосот на најдобар начин.

Ако додадете шеќер во премногу солено јадење, ќе го поправите вкусот.

Тоа е апсолутна заблуда, вкусот на солта исто ќе се чувствува, само покрај тоа ќе добиете и слатка нота. Ако супата, чорбата или сосот се премногу солени само додадете еден компир кој ќе го впие вишокот на сол. Тој компир никако не е добар за консумирање.

Печење месо на тава за да останат сите сокови внатре. Ова е трик со кој се служат и најславните светски готвачи, но за сочноста е многу поважно да го оставите месото после печењето да одмори 10-15 минути завиткано во фолија пред да го пресечете.

Семката од авокадо спречува оксидација.

Ако сте направиле пире од авокадо, семката која сте ја ставиле во пирето нема да ви помогне да не потемни. Посветол ќе остане само оној дел кој ја допира самата семка, а тоа не ви значи ништо. За да не потемни авокадото додадете сок од лимон или лимета и завиткајте сѐ во проѕирна фолија за да не доаѓа во допир со воздух.

Фото: Pixabey